Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Владата и' го даде дизелот на „Окта“ поради големите залихи

Наскоро ќе стапи забраната за продажба на Д-4, затоа тој мора поскоро да се потроши од стоковните резерви


Стевче Јакимовски: Доколку Владата навистина сакаше да му помогне на пазарот, требаше да ја укине царината за увоз на гориво

Маја Томиќ

Вистинската причина зошто Владата и' дозволи на „Окта“ да користи дел од државните стоковни резерви на дизел-гориво не е хаваријата што настанала во рафинеријата, туку огромните количества залихи на дизелот Д-4, кои треба да се потрошат побрзо, бидејќи од наредната година за овој вид дериват би требало да има законска забрана за продажба. Иако, најверојатно, производството и продажбата на новото Еуро5 гориво на пазарот нема да стартува веднаш од 2009 година, затоа што „Окта“ не е се' уште технолошки подготвена. Таа, најверојатно, пак ќе бара пролонгирање на терминот од Регулаторна комисија за енергетика, што го направи и лани. Според Стевче Јакимовски, бивш министер за економија, Владата треба да ја убеди јавноста дека навистина имало хаварија во рафинеријата, како што тврди „Окта“, и дека тоа е причината што таа не можела 20 дена да го произведува дизелот, па затоа Владата морала да интервенира. Или, пак, се во прашање некакви игри?

„Ако е навистина така, зошто се чекаше 20 дена за да се интервенира на пазарот? Зошто веднаш не се укинаа царините за дизелот, кои се 12 проценти, и не им се овозможи на домашните дистрибутери да го увезат горивото и да го продаваат. Каков е тој неодговорен однос на Владата пред крајот на годината да ги остави во неизвесност и домаќинствата и возилата на ’Комунална хигиена‘ поради недостигот на дизел“, прашува Јакимовски. Според него, во суштина, станува збор за „дил“ меѓу Владата и „Окта“ за да се продадат големите државни резерви на дизел. „Ако не е така, тогаш зошто не се искористија, на пример, резервите на дизел на ’Макпетрол‘, кој исто така можеше да помогне“, вели Јакимовски.

Опозициската СДСМ пред два дена ја обвини Владата дека создава вештачка нафтена криза, заедно со „Окта“. Според нив, нема логика да има недостиг на дизел на пазарот кога неговата цена е за три пати пониска од пред неколку месеци. „Наводно, хаварија има во ’Окта‘, сега кога цената е 40 долари по барел. А, немаше хаварија кога светската цена изнесуваше 150 долари и кога македонските граѓани го полнеа буџетот на ’Окта‘ и на Владата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Министерот за финансии Трајко Славески во неделата изјави дека Владата ќе интервенира со дизелот од стоковните резерви, а „Окта“ ќе го врати горивото во јануари, литар за литар, но не Д-4, туку Д-5, кое е поквалитетно и треба да почне да се произведува од наредната година. „Окта“ за тоа нема да бара никаква доплата од разликата на цената. Според СДСМ, ОКТА со тоа доби на подарок нафта од државата, која ќе ја враќа во јануари идната година, кога нејзината цена ќе биде пониска од сегашната.

Министерството за финансии ги демантираше обвинувањата на СДСМ. Во испратениот допис до медиумите се вели дека и' било дозволено на „Окта“ да искористи дел од државните резерви на дизел, бидејќи во рафинеријата настанала хаварија и таа не е во состојба да го произведува дериватот. „Во текот на годинава, кога цените на нафтата достигнаа рекордно ниво, воопшто не се набавени нафтени деривати. Оттука паѓа во вода тезата на СДСМ дека, наводно, се дава нафта купена за 150 долари, во време кога нејзината цена изнесува 40 долари“, се наведува во реакцијата на Министерството.

Инаку, само во првите три месеци од годинава, по основа на ДДВ за нафтени деривати, беа собрани во Буџетот 26,5 милиони евра. Во споредба со истите месеци од 2007 година, сумата од наплата на овој данок била поголема за 32 процента. Односно, во првиот квартал во 2007 година биле инкасирани 20 милиони евра. Драстичниот пораст на ДДВ-то беше резултат на серијата поскапувања на дериватите од почетокот на годинава, со што се зголеми и процентуалниот удел на данокот што завршува во државна каса.

Македонија се вбројува во групата земји со највисоки давачки за нафтените деривати. Околу 46 проценти од вкупната цена од наплатен литар завршува кај државата, а кај дизел-горивото повеќе до 25,2 денари од еден литар се задолжителните давачки. За споредба, во Босна овие трошоци изнесуваат 33 центи, во Хрватска - 43, а во Србија 62 центи од литар бензин.


Статијата е прочитана 649 пати.

Испрати коментар

Од: losata vesterka
Датум: 10.12.2008 02:14:08
ke ima li spas nacionalen od snezana i sedumve dzudzinja. kako ke se istrpi do slednite izbori a da se zadrzi zdrav razum nagradno prasanje
Од: Trajko
Датум: 10.12.2008 11:45:15
Od ova malverzacija ,pogolema ,na vladata na gospodinot Rejting.zdravje.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Македонската берза само гаси пожари на краток рок
Македонија нема свинско месо од Ирска
Дефицитот достигна речиси 2,5 милијарди долари
„Евроинс осигурување“ ќе воведе агентска мрежа на продажба
Конфекционерите бараат намалување на придонесите за вработување