Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Македонија

Уредените плажи летово се хит на охридската ривиера

Повеќето плажи се средени со вкус, имаат модерни реквизити и богата дневна забава

Симон Илиевски

ОХРИД - Уредените плажи што пред две години државата ги даде под концесија и летово се хит на охридската ривиера. Дел од концесионерите велат дека многу вложиле за нивно уредување и дека периодот на користење е премногу кус за да ја вратат инвестицијата. Сепак, судејќи според посетеноста и цените на услугите, тие не треба да се жалат, бидејќи летово ќе имаат добра туристичка жетва. Гостите се со поделени мислења. Едни велат дека треба да има уредени и евтини плажи. Други, пак, се за полуксузни плажи кои по уреденоста и понудата треба да бидат слични на оние во развиените туристички центри.

„Летна шема е да се биде на некоја од уредените плажи. Повеќето од нив се средени со вкус, имаат модерни реквизити и богата дневна забава. Тука може да се видат познати лица, но тоа е можност и да те видат - што е многу важно за младите луѓе“, вели Ени од Скопје, честа посетителка на плажата „Куба либре“. Таа објаснува дека слично како во Скопје се знае кое друштво на која плажа оди за да може да се развие муабет и да се слушне некој нов трач.

„Цените на реквизитите и пијалаците на плажите се различни и се формираат според пресметките на сопствениците. „На плажата ’Акапулко‘, што се наоѓа по хотелот ’Метропол‘, пивото чини 60 денари, исто толку се плаќаат газираните сокови, а сендвичите од 70 до 80 денари. Најмувањето лежалка и чадор за сонце се плаќа 120 денари. Плажата располага со сопствен паркинг простор“, вели Љупчо Нечковски, концесионер на плажата „Акапулко“. Според него, посетеноста е добра и доколку продолжи со ист интензитет може да се очекува годинашнава сезона да биде поуспешна сезона од минатогодишната.

Посетителите, кои пред се' се млади луѓе, велат дека покрај пристојните цени, на некои од плажите има и доста солени цени. Така, пивото на некои плажи се продава по 120 или 140 денари, а уште поскапи се увозните пијалаци. Кога се'ќе се собере, за мало, неколкучасовно задоволство на плажите може да се потрошат од 300 до 1.000 денари.

Младите охриѓани не се премногу воодушевени од убаво уредените плажи.

„Плажите се супер и таму може да се види како се забавува убав свет. Но, ние сме хендикепирани што не можеме секој ден да ги посетуваме, бидејќи е многу скапо. Тие во Охрид доаѓаат по седум до десет дена, а ние за истите пари што тие ќе ги потрошат треба да поминеме цело лето“, објаснува охриѓанецот Ѓоко Митески. То�� со другарите дневно обиколува по неколку плажи, па вели, доколку некое девојче му фрли заводлив поглед, од златните резерви ќе извади некој денар за да порача пијалак и да почне разговор.

Слично се чувствуваат и оние кои доаѓаат семејно, со мали деца. Тие се лоцираат на неуредените плажи каде што има многу отпадоци. Затоа велат не им е многу пријатно да ги гледаат соседите кои на меки лежалки на жешкото сонце се разладуваат со скапи коктели. Со иронична насмевка објаснуваат дека, сепак, добро е да има понуда за сечиј џеб, слично како што е и во другите места во светот.

Министерството за транспорт и врски минатата година под концесија издаде 12 плажи на користење за две години, со можност за продолжување на договорите за уште две години. Тоа се покажа како добар потег и битно ја освежи охридската туристичка понуда.

Во локалната самоуправа коментираат дека слично треба да се уреди целото крајбрежје од Охрид до Пештани, но концесиите, наместо државата, да ги дава општината. Сепак, локалната власт како добар домаќин ќе ги вложи парите од концесионерите во подобрување на инфраструктурата и во туристичка пропаганда со која ќе се привлечат и странски туристи од кои сите добро би заработиле.


Статијата е прочитана 1545 пати.

Испрати коментар

Од: alek
Датум: 15.08.2008 03:59:35
Pa da vo Skopje e pocisto,mnogu e 'sredeno' cenite ne se 'visoki' isti se kako vo Rim ili Pariz,demek Skopje e metropola.....sakas vaka?Naprotiv ne priznavas deka Ohrid e posreden od Skopjeto tvoe i ke crknis od maka.......metropola a, ha ha ha
Од: Varos
Датум: 15.08.2008 07:19:25
Pa redno bese i Ohrid da se vpisi na listata kako mesto za letuvajne 5+ za plazite i ne zmeruvajte na komentari i pravete ona sto e neophodno za da se prozivee... Samo se nadevam koga letovo zavrsi nemoj da zaboravite da se iscistat site mesta koi bea dostapni za kapejne;od pestani pa se do sv.Naum nareceni divi plazi. DO SLEDNATA SEZONA
Од: Mina
Датум: 15.08.2008 07:25:25
Steta kako se opustosi Ohrid,se isgrdi so tie plazi .Kako mozese da se dozvoli ova nesto?Kade se zelenite aktivisti?Kade se nevladinite organizacii i zdruzenia na gragani da se pobunat protiv ova divjacko unistuvanje na prekrasnite plazi na Ohrid?Kolku li zemal gradonacalnikot na Ohrid za izdavanje na plazite vo svoj djep?Namesto drzavata da gi uredi plazite so pesok i da se zagrizi malku za cistotata na okolinata taa gleda samo da zeme pari i da im ovozmozi na bogatite uzivanje a ostanatiot narod neka odi vo trskite i neka sebanja.Kavo preubavo i prirodno bese vo Gradiste ,kakva nedoprena priroda i ubavina pred 35 godini a sega se se unisti so nekoj odvratni i prosti daski i koj patem receno ja unistuvaat prirodata.Kako da odi Makedonija vo EU koga nemame nikakva svest za okolinata a sto e najtragicno i nasite deca sto odat po tie plazi nemaat nikakva svest.
Од: far far away
Датум: 15.08.2008 10:32:14
ne vredi da se diskutira za ova se znae sekad bilo i taka semata i niso vise koj ide za da se odmori pa toa e ponaporno od iskacanje turbo sreduenje i se...premnogu legacite u makednoija samo toa pa ne znaete so od sebe---steta a ima tolku stvari da se praat--
Од: SSSSSSSSSSS
Датум: 15.08.2008 11:43:29
Mina, vo koj svet ili film zivees ti ????
Од: јас
Датум: 15.08.2008 13:07:56
Пишувајте на кирилица бре морони!! А вие од Утрински банирајте све на латиница со образложение дека не пишуваат на кирилица! И после Бугарите не чинеле!Одете пишувајте на БГ сајт на латиница па ќе видете што ке ви напишат. И после Кирил, Методиј, Наум и Климент биле Бугари...еми ќе се ради такви ко вас!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Бесплатни учебници само за деца на социјално загрозени семејства
Ќе биде тешко да се најдат концесионери за автопатите
Електронски систем за следење документи
Ќе се уредува куќата на Хаџи Константинов-Џинот во Велес
Во „Мала Богородица - Систина“ се роди 4.000-тото бебе
Горештините нема да попуштат
Голем град во Преспанското Езеро отворен за туристички посети
Охридско Езеро порибено со 380.000 пастрмки
Итната помош во Штип работеше на свеќи