Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Македонија

Голем град во Преспанското Езеро отворен за туристи

Идните посети ќе бидат организирани со туристички водичи

ОХРИД - Голем град во Преспанско Езеро, единствениот остров во Македонија, од вчера е отворен за туристички посети. Во ова подрачје што е под строга заштита со закон, односно таму е дозволен пристап исклучиво за научни истражувања, идните посети ќе бидат организирани со туристички водичи од Националниот парк „Галичица“.

Островот се наоѓа два километра по воден пат од селото Коњско. Се издига на височина од 30 метри над езерото и е со површина од 18 хектари. Островот е ненаселен, но е дом на многу ендемични растенија, ретки птици и животни.

Директорот на Националниот парк „Галичица“, Зоран Ангеловски, истакна дека посебна патека ќе води до сите тие локалитети. Целта е да се ограничи неконтролираното движење. Посетите на островот ќе бидат слободни, но мора да бидат претходно најавени и предводени од обучени и лиценцирани туристички водичи од Националниот парк.

На островот Голем град има девет вредни археолошки наоѓалишта со остатоци од објекти изградени од четвртиот до 19 век, како и две локации посочени како места со посебна природна вредност. Таму постоела населба од четвртиот век пред нашата ера што опстојувала до шестиот век од нашата ера. Има остатоци од куќи од хелинистичкиот период, како и три куќи од римската епоха кои вода за пиење обезбедувале од посебна изградена цистерна во нивна непосредна близина.

Во античка епоха населбата му припаѓала на македонското племе Орести. Од античкиот период се откриени погребувања од четврти век пред нашата ера до првиот век пред нашата ера, како и од четвртиот век до седмиот век од новата ера.

Во средновековието Голем град претставувал манастирски комплекс во чиј состав имало повеќе цркви: „Свети Петар“, „Свети Димитрија“, „Влаија“. Во комплексот биле погребувани монаси, но и жители од околните населби на копното кои биле духовно врзани со верскиот живот. (Д.Р.)


Статијата е прочитана 1224 пати.

Испрати коментар

Од: vera
Датум: 15.08.2008 08:22:26
Otvoete go za turisti i za nepolna edna godina ke go pretvorat vo deponija. Ovoj div narod ne e za vakvi luksuzi. Se uste e samo za na niva.
Од: Aтанасија
Датум: 15.08.2008 09:04:57
Подобро сега отколку никогаш.Да,ова требаше да се случи многу порано за да можеме и ние,не само туристите од странство да ја доживееме таа убавина.Треба дури Општината да овозможи на некоја туристичка организација да обезбеди бродска врска мегу Отешево и Претор-дручек во Отешево ,вечера во Претор.а до вечерата посета на Курбиново.Во Претор подолг е сончевиот ден,отколку во Отешево кое многу бргу е во сенка,а зајдисонцето од аспекот на Претор е незаборавна глетка.Така го замислувам туристицкото заживување на Преспа.Да,треба од некаде да се почне.
Од: citac
Датум: 15.08.2008 09:11:00
Dodeka ne se napravi nesto so namaluvanjeto na nivoto na Prespanskoto ezero, TURIZAM NEMA.
Од: vesna
Датум: 15.08.2008 10:19:40
krajno vreme bese da se ,,otvori,, Golem grad.30 godini prestojuvam na Prespansko ezero sum bila na ostrovot 10 -tina pati i mislam deka vredi da se vidi.Pred 20 godini do nego soobrakase i golem turisticki brod koj sega se naoga vo Ohrid.ubavo e da se poseti samo vodicite da bidat spremni
Од: V
Датум: 15.08.2008 10:41:03
Ако е е од четвртиот век пред нашата ера,да не е случајно од Олимпија мајката на Александар, и така таму врие од змии со кои Олимпија се разонодувала...а во книгата за .А.Македонски од А.Вајгел, се збори дека одела на некои остров со змии,да не е случајно овој....па после измислуваат грците некој нивни..јас мислам дека пошто била и Епирка,нормално дека се работи за ваков еден остров каде Олимпија кардашела оргии.....Позз.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Бесплатни учебници само за деца на социјално загрозени семејства
Ќе биде тешко да се најдат концесионери за автопатите
Уредените плажи летово се хит на охридската ривиера
Електронски систем за следење документи
Ќе се уредува куќата на Хаџи Константинов-Џинот во Велес
Во „Мала Богородица - Систина“ се роди 4.000-тото бебе
Горештините нема да попуштат
Охридско Езеро порибено со 380.000 пастрмки
Итната помош во Штип работеше на свеќи