Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3449

Конечно, ветерот ќе почне да ни прави струја

Маја Томиќ

Во Македонија на одредени локации дуваат силни ветрови, но никако тие да се искористат за изградба на ветерници што ќе им дадат малку повеќе струја на граѓаните. Иако идејата за парк на ветерници постои одамна, најверојатно, високата вредност на инвестицијата беше главна пречка за конкретна реализација на еден ваков проект. Сепак, ако се' се одвива по планот, веќе кон крајот на идната година првиот ветерен парк треба да почне да се гради во околината на Богданци.

Дел од парите наскоро ќе се обезбедат. Пред два дена државната ЕЛЕМ, како носител на овој проект, потпиша договор со германската КФВ банка за кредит од 33 милиони евра, од вкупно потребните околу 75 милиони евра за изградба на паркот. Техничкиот дел од договорот, како што посочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, треба да биде потпишан во првата половина од 2011 година, а реализацијата да стартува кон крајот на идната година. Вкупната јачина на ветерниот парк ќе биде 45 мегавати, односно ќе се градат 30 ветерни турбини со јачина по 1,5 мегавати, а ќе произведуваат 100 ггвч. струја годишно. Економскиот век на ветерниците е проценет на 30 години, а, според експертите, инвестицијата станува исплатлива по 10-ина години.

ЕЛЕМ уште пред три години почна со подготовка на физибилити-студијата за можните локации за ветерници, прв ваков проект за што досега компанијата има вложено повеќе од еден милион евра во студии и во истражувања. Беа утврдени четири погодни локации: местата Флора на Кожуф, Равнец во Богданци, Шашаварлија во Штип, Богословец во Свети Николе, за каде што е проценето дека има природен потенцијал за изградба на централи на ветер. Засега изборот падна на Богданци. Кон крајот на март годинава беше промовиран проектот „Парк на ветерни електрани во Богданци“, кога пред меѓународните финансиски институции ЕЛЕМ ја презентира студијата. Меѓу нив беа КфВ банка, Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Светска банка – институции што покажаа заинтересираност за финансирање. Според студијата, ветерниците треба да бидат завршени до 2014 година, што значи дека во најскоро време треба да се финишира со обезбедувањето на сите неопходни одобренија и дозволи, да се обезбеди приклучување на електроенергетскиот систем и да се завршат други градежни работи и пристапни патишта.

Иако ветерниците, глобално, важат за скромна алтернатива за задоволување на потребите од струја и не се моќен извор за производство на електрична енергија, тие се значајни затоа што се чисти извори на енергија и придонесуваат да се намалува ефектот на стаклена градина, затоа што не испуштаат СО и СО2 во воздухот. Токму затоа секаде во светот државите инвестираат се' повеќе средства во вакви еколошки проекти за добивање чиста енергија.

Според експерти, на местото каде што треба да се изгради централа на ветер, тој треба да дува со јачина од шест метри во секунда и тоа постојано, од осум до девет месеци во текот на цела година. Со оглед на јачината на ветерот во земјава, проценето е дека би можело на одредени локации да се инсталираат послаби ветерници меѓу 20 и 30 мегавати. Тоа, сепак, не е за потценување, ако се има предвид дека ХЕЦ „Козјак“ е со јачина од 70 мгв.

Регулаторната комисија за енергетика веќе утврди дека киловат-час струја од ветерници ќе чини 8,9 евроценти, што е многу повеќе од домашната цена на произведен киловат-час - 2,1 евроценти. Ваквата повластена тарифа за производителот на оваа енергија важи за период од 20 години, а, според Правилникот, Регулаторна ќе прави анализи за можна корекција на цената на секои три години доколку се оцени дека има потреба за тоа.


#
Статијата е прочитана 1078 пати.

Испрати коментар

Од: Горан - М. Каменица
Датум: 01.12.2010 14:25:16
Глава ме боли од овие лаги и замајувања.Дваесет години ги слушам муабетите ама мислам дека е доста.Нека направат една па тогаш вие пишувајте.
Од: mkd
Датум: 01.12.2010 16:19:31
HEC Kozjak ima dva agrehati po 40 Mw znaci opsto 80 Mw a ne 70 kako sto ste napisale. Za sporedba naj golemata HEC vo svetot e vo Kina na reka Jandz ima vkupno 32 turbini sekoja po 700 Mw ili vkupno 22 400 Mw. Za sporedba REK Bitola e samo 675 Mw.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Катица Чангова
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Поглед
Наум Котевски
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Јошка Фишер
Интервју
Љупка Наумовска

Без зборови по концертот на „Мизар“

ЕРИН БЕРИ
Немав афера со Тони Паркер

Џенифер Лопез
Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето

 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars