Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Поглед

Фудбалот и политиката

Наум Котевски

„Мислам дека тоа беше погрешна одлука“. Ова се зборови лично на претседателот на САД, Барак Обама. Ако некој помислува дека неговата изјава се однесува на некој нов непромислен потег на „шаховската табла“ на која долго играат двете Кореи се излажал. Таа беше директно упатена до највисоката фудбалска институција ФИФА, која реши организацијата на Светското првенство 2022 година да му ја даде на малиот Катар, а не на големата Америка.

На другата страна од реката, пак, стои победникот - премиерот на добитникот шампионатот во 2018 година Русија, Владимир Путин. Тој смета дека Зимската олимпијада во Сочи 2014 година, а потоа и Мундијалот ќе ги урнат студено-воените стереотипи за Русија што се се' уште цврсти во некои земји.

Оваа обамовско-путиновска размена на тага и очај, и среќа и гордост, а не на шпиони, не е ништо друго освен потврда дека спортот и политиката се во нераскинлива емотивна врска и се во согласност како Петраркин сонет. Приказната е речиси идентична со онаа на папагалчињата - ако едното си замине, другото ќе умре во болка.

Таквиот спортски контекст, кој е повеќе политички отколку спортски, е дополнително контаминиран со корупцијата. Англиските медиуми го соблекоа до гола кожа секогаш добро костимираниот и сеприсутниот Сеп Блатер. Два члена од неговиот Извршен одбор беа снимени како се подготвени да земат пари за да гласаат за САД, а уште тројца други се под истрага. По оваа предгласачка фарса во иднина кога Блатер ќе зборува за немешање на политиката во државните федерации ќе изгледа како старата наследничка на „Лореал“, Лилијан Бетанкур, кога зборува за својата козметика. Шминката очигледно царува секаде, па и во фудбалот, кој во глобализираниот свет е политичка сила.


#
Статијата е прочитана 742 пати.

Испрати коментар

Од: Fudbalska mafija!
Датум: 04.12.2010 19:26:08
Vo fudbalskata organizacija (FIFA i UEFA) vladee mosne mocna mafija! Imaat mnogu pari koi gi perat vo dogovor so nacionalnite federacii! Liderite na nacionalnite federaciii parite od FIFA i UEFA gi koristat za kupuvanje na glasovite an delegatite i se se vrti vo zatvoren mafijaski krug! FIFA i UEFA zestoko gi branat svoite ,,partneri,, i ne dozvoluvaat kakvo bilo mesanje na politikata vo fudbalot! Care? Nema care bez prezemanjemerki za radikalni promeni vo fudbalskite organizacii!

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Протестите се во грчките гени
Кондомот, конечно, со благослов
Без зборови по концертот на „Мизар“
Министрите како холивудски ѕвезди
Насловна
Стрес-тест за чиновниците
Македонија е неписмена за сексуална азбука
Немав афера со Тони Паркер
Каролина - гостинка во „Хиторама“ на Ем-Ти-Ви Адрија
Бедата на политиката и на власта
„Кастратите“ повторно во мода
Среќна седумка!
Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Женскиот Пандев од Македонија
Мртвите ќе почнат да пливаат
Влатко, what’s wrong with you?
Масовна тепачка во „Идризово“, повреден е и еден надзорник
Avanti Dilettanti!
Брендот е препознатливост што се гради и надградува со години
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice