Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Министрите како холивудски ѕвезди

Јани Макрадули, потпретседател на парламентот, нуди пет причини за вонредни избори

Соња Крамарска


„Има многу причини зошто треба да се одржат предвремени избори, но сите може да се опишат со еден збор - поради нашата иднина“, вели потпретседателот на парламентот од редовите на опозициските социјалдемократи Јани Макрадули.

Во првите пет причини за одржување предвремени избори што станаа политичка платформа на СДСМ, Макрадули прв ја посочува сиромаштијата и невработеноста кои се присутни и по четири и полгодишното владеење на ривалската десница.

„Економијата е најсилен пример за поразот на политиките на Груевски“, вели Макрадули. Денес во Македонија секој трет е сиромашен, а Владата, цинично констатира тој, љубоморно го чува првото место во светот по невработеност.

„Партиските вработени примаат плата за седење дома, бизнисмените половина работно време работат за плаќање глоби, странските инвеститори повеќе време се на суд со Владата отколку во фабриките“, наведува вториот парламентарец. „Платите не се одмрзнуваат, придонесите наместо да се намалуваат тие се зголемуваат, рамниот данок доживеа сеизмички поместувања, Фондот за здравство отиде во стечај“, додава.

Втората причина за предвремени избори е фактот, вели Макрадули, што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја торпедираа слободата на изразувањето. „Дебатите ги анатемисаа, експертите ги омаловажија, а невладините организации ги етикетираа. Демонстрираа сила и со полициски сили се обидоа да попречат движење и говор на новинари. Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе се памети по тепање камермани, тужби кон новинари, упад во Здружението на новинарите и промовирање на ’бурек-бумбар’ новинарство“, аргументира Јани Макрадули.

Третата причина, смета тој, е дебаклот во надворешната политика. „Македонија го живее најизолираниот период од осамостојувањето“, тврди потпретседателот на парламентот. Странските државници, вели, не' заобиколуваат, премиерот никаде не го канат. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се како во реално шоу со наслов „навреди ја ЕУ“. Но, Макрадули цинично додава: „Ах, гледам дека премиерот се сретна со Роберт Мугабе и разговарале за соработка, веројатно за диктаторски тактики“.

„Им пречи потеклото на европратениците, нивната партиска припадност и отвореност. Немоќта во исполнувањето на критериумите ја дефокусираат со навреди кон странските дипломати, вистински пријатели на Македонија. Денес, наместо нашата администрација да оди во Брисел, ЕУ ни праќа инспектори да провери каква влада имаме“, оцени Макрадули.

Проектот „Скопје 2014“ е четврта причина за барање предвремени избори од страна на СДСМ. Макрадули вели дека 2010 година ќе заврши со потрошени 350 милиони евра - пари на граѓаните - за проектот „Скопје 2014“.

„Ги потрошија нашите пари, ја изгубија документацијата. Од парите на граѓаните наместо патот Велес - Свети Николе, градат жичарница во Скопје, а наместо пари за патот Гостивар – Дебар, купуваат двокатни автобуси за Скопје. Парите од граѓаните не ги вложуваат во енергетски објекти, туку во триумфалната порта, секако, пак во Скопје“, е аргументацијата на Макрадули.

Петто, вели тој, се состојби во другите поважни сфери. Здравството, на пример, кое е тврди, немоќно за болните, и претставува опасност за здравите. Образованието, пак, не' учи на изместена географија, ревидирана историја, математика без бројки, споменици со непознати букви.

„Денес, наместо на работа, министрите се сликаат замислувајќи се како холивудски ѕвезди, а наместо одговори, ни солат памет“, вели Макрадули. „Со портокаловата преродба ги насочија луѓето кон контејнерите, ги намалија работниците во индустријата. Магистри и доктори на науки губат на конкурси за вработување од бодигардите на премиерот. Трошат пари за кампањи за толеранција, а ги дискриминираат политичките неистомисленици. Во Македонија слободата е сведена на страв за зборување и пишување“, наведува Јани Макрадули.


#
Статијата е прочитана 3113 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 04.12.2010 12:48:13
Е ЈАНИ-ЈАНИ Добро е кога ви текна.Толку бевте не одговорни АРОГАНТНИ кога бевте на Власт мислевте горнион го фативте за ја.а.Пуштивте дечишта да дојдат на Влас и сега некој друг вие крив.Да знаеш дека обичниот Смртник одлучува а вие на нив заборавивте.Знаеш како работат портокаливе.Ако на обичнот портокалец му треба Пасош или е од провинциа му треба помош од преглед во скопје.Сите врски проработуват и се врши работа.Со толку обичниот смртник е презадоволен.Учете ЈАНИ белким ви дојде умот.Жал мие што сме во ова дереџе ама поголемата одговорност е ваша.Мислевте вечно ќе владете.Ко што мислат портокаливе.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 04.12.2010 13:55:45
Многу убаво искажано Јани. Се сложувам. Но овде се испоставува еден проблем. Несомнено дека и оваа влада направи ич или многу малце за граѓаните на Р.М. Што е следното....да не мислиш дека истите испустени, 100 пати излагани граѓани вам пак ќе вид дадат шанса? Не дека вас ве боли тоа што народот општо изумира пред вашите очи, туку ве боли тоа што ја немате власта, немате куповна моќ веќе години...тоа ве нервира, нели.
Од: vale
Датум: 04.12.2010 14:27:18
Макрадули,мене лично и на многумина ни се здосадија твоите лицемерни говори и време е да ја пуштиш фотељата во парламентот на некој попоаметен.А за народот тебе ти е гајле како за ланскиот снег.
Од: gimi
Датум: 04.12.2010 14:39:02
Tesko na taa drzava ako idninata treba da i ja donesat Makraduli, Brane, Bucko, Bendevska, Gero,Velija,Milcin ,Bratot i onoj od Titovite levi sili.
Од: kavadarci
Датум: 04.12.2010 15:11:38
Гладна кокошка просо сонува... вели народот од кој што ја барате довербета
Од: spire
Датум: 04.12.2010 15:23:27
Se e tocno, ama ovoj narod toa i si go zasluzuva koga mu ja dade doverbata na lugjeto od dnoto.......toa go nema nikade vo svetot, na vlast da imas obicni pilistarci i decurlana.......poarno i da ne ocekuvame zatoa sto nemaat kapacitet..... neli Feliks?????
Од: zrak
Датум: 04.12.2010 16:32:43
PARITE od TAT ne bea na grajganite-zosto ne kazis nesto za TAT pa da se oslobodite od kletvite
Од: sime
Датум: 04.12.2010 16:54:09
Tocni se konstataciite na Jani i edina potvrda na recenoto e kako narodot na izbori ke odgovori,kon kogo ke se prikloni vo ova bespostedna borba vo Makedonija megju partiite za vlas,komu ke mu poveruva?
Од: Vane - Kavadarci
Датум: 04.12.2010 21:57:15
Ха ха....го прочитаа...пак !!!
Од: Hari
Датум: 05.12.2010 00:47:16
Gimi ili Felix, kazi nesto za denot na lagata 1 juli 2008 koga ovoj narod bese izlazan za prerodba i EU, kazi za najgolemite manipulatori Gebels-Martin, Grujo _Hitler i ostali esesovci. Ostavi ja opozicijata, vo sporedba so stetocinive deca na vlast taa ne nisto, gi nadminaa vo site sferi. A za TAT pa toa neli go napravi zetot na Kljusev Nenovski, a Swedmilk povtorno DPMNE Grujpo i Kompani
Од: bivsi sdsmovec
Датум: 05.12.2010 09:11:51
prasanje do sdsm!zosto gi izgubivte izborite,kakva pouka izvlekovte i sto promenivte vo sebe za da glasam za vas?ili samo sakate da bidete na vlast
Од: z
Датум: 05.12.2010 09:20:12
treba prvo da si gi iscistat grevovite da gi spomnat zagubarite, da go spomnat tat, pa tek posle da se razgovara za vlast. volkot vlaknoto go menuva kukta ne ja menuva. bev za niv ama poveke nema sansa. na video igra ima samo poveke zivoti a nasiot e eden i ne se isplaka da go koristat pogornite
Од: realen
Датум: 05.12.2010 18:49:08
Dobro be luge zar uste ne mozjete ta gi svatite eite politichari kaj nas vo makedonija pa kolku pati Gruevski veli dvadeset godini nisto ne napravija pa ako znaete i samite da rachunate makedonija uste nema samostalnost dvadeset godini sto znachi i toj samiot si priznava da i oni ne se napravili no vi se zamateni mozocite ako vopsto gi imate pa ne mozjete da se setite sto ve motst
Од: SDSM so novo rakovodstvo napred!
Датум: 05.12.2010 20:08:28
A be Utrinski, i na vrapcinjata na grankite im e jasno deka so ovoj Makraduli koj vecno e politicar i toa slab koj navremeto se faklese deka vo ormarot ima 150 kravati, so BC koj nema nikakov moralen i politicki kredibilitet, so Igor semata, so onoj papagal Emilijan, a sobeno so novoinstaliranite dvajca tatini i mamini sinovi, ne im go pametam iminjata, koi SDSM ja gledaat samo kako pole za zadovoluvanje na svoite licni i na maminite iu tatinite neostvareni politicki ambicii, SDSM nazalost nikogas nema da dojde na vlast. Clenstvoto na SDSM konecno treba da se osvesti i vo rakovodstvoto da izberat pametni ludje, i mladi i stari, no ne site od skopskite maala. Makedonoja e i ona sto se slucuva nadvor od najgolemoto svetsko selo - Skopje. SASM napred, no so novo rakovodstvo i slili.
Од: nordpolen
Датум: 05.12.2010 20:48:51
Makraduli mozes i bez B C?
Од: Stranec
Датум: 06.12.2010 01:30:41
Гладна кокошка просо сонува... вели народот од кој што ја барате довербета :))))))))
Од: До Зрак
Датум: 06.12.2010 08:36:18
Поздрав од Суедмиук!

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Протестите се во грчките гени
Кондомот, конечно, со благослов
Без зборови по концертот на „Мизар“
Насловна
Стрес-тест за чиновниците
Македонија е неписмена за сексуална азбука
Немав афера со Тони Паркер
Каролина - гостинка во „Хиторама“ на Ем-Ти-Ви Адрија
Бедата на политиката и на власта
„Кастратите“ повторно во мода
Среќна седумка!
Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Фудбалот и политиката
Женскиот Пандев од Македонија
Мртвите ќе почнат да пливаат
Влатко, what’s wrong with you?
Масовна тепачка во „Идризово“, повреден е и еден надзорник
Avanti Dilettanti!
Брендот е препознатливост што се гради и надградува со години
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice