Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Наташа Андонова

Женскиот Пандев од Македонија

Наташа Андонова е прогласена за најдобра фудбалерка во Европа во категорија до 19 години

Миодраг Мицковиќ

„Она што може да го направи Горан Пандев, може и младата Наташа Андонова“, со сигурност изјави селекторот на женската репрезентација на Македонија, Добре Димовски. Можеби оваа споредба со нашиот најдобар фудбалер е изречена во една еуфорија на Димовски откако УЕФА ја прогласи Наташа за најдобра фудбалерка во Европа за 2010 година во конкуренција до 19 години, по завршувањето на квалификациониот турнир во Скопје за настап на завршните борби за Европското првенство, на кое блескаше Наташа со својата игра и атрактивни голови.

Неупатените во женскиот фудбал инстинктивно се прашуваат „која е таа Наташа? Зар е можно една Македонка да биде прогласена за најдобра во Европа и да добие „Златна значка на УЕФА“?

И веројатно ќе останат изненадени со фактот дека таа со 17 години е првата фудбалерка од Македонија, која заедно со својата сестра Сијче има потпишано професионален договор со „Турбине Потсдам“, една од најдобрите екипи, не само германски, туку и европски, и веќе неколку месеци се наоѓа на подготовки со својот нов клуб. Се' уште нема дебитирано во првенството на Германија поради некои административни пречки со работната дозвола, со оглед дека нема ше18 години (денес, 4 декември станува полнолетна) и не е родена во Германија за да може да игра за првиот тим, заедно со својата сестра. Но, на пријателски меч и тоа против машката регионална екипа „Витенберг“, иако нејзината екипа загубила со 5:2, токму Наташа ги постигнала двата гола.

Имавме можност деновиве да разговараме во Скопје со младата Наташа, која беше дојдена на два-три дена да се види со своите родители кои живеат во Неготино, со пријателите, да се договори со селекторот Димовски околу нејзиниот ангажман во репрезентацијата во наредниот циклус за Европското првенство, бидејќи се' уште може да игра и за младата селекција до 19 години и за сениорската.

„Уште како мала одев со татко ми на тренинзи и на натпреварите на ГФК ’Неготино‘, кој играше во Третата лига - Југ. Како што изминуваа годините, се' повеќе се вљубував во оваа машка игра и веќе со 10 години почнав да тренирам со младинците на ГФК ’Неготино‘, со кои заедно имам одиграно повеќе натпревари. На дебито дури постигнав и еден гол“, ни раскажуваше Наташа.



Со нецели 15 години игравте за женскиот клуб „Тиквешанка“, потоа и за „Борец“ од Велес?

Со клубот „Борец“ од Велес имам освоено двојна круна во изминатата сезона, шампионската титула и Купот на Македонија. Моите добри игри во дресот на двата клуба ми овозможија да добијам покана да играм за кадетската репрезентација на Македонија, потоа и за младата и за сениорската.



Кога дебитиравте во дресот на репрезентацијата на Македонија?

Немав се' уште 15 години, против Турција кога наедно го постигнав и првиот гол за репрезентацијата. Инаку, имам 40 официјални настапи во дресот на Македонија, постигнав, нема да верувате, 62 гола.



Иако немате се' уште 17 години, зад Вас останаа повеќе одиграни репрезентативни натпревари, со што не може да се пофали никој во Македонија? Има сигурно тажни и радосни моменти. Се сеќавате ли на некои од нив?

Најмногу се радував по средбата со Полска, во конкуренција на репрезентации до 17 години кога победивме со 3:2, а јас ги постигнав сите три гола и се пласиравме во вториот круг од квалификациите. Никој не беше посреќен од мене.

Да, имаше мечеви по кои тагував. Тагата и радоста се составен дел не само на фудбалот, туку и на спортот. Солзи ми потекоа кога во мечот со Швајцарија (до 19 години) примивме гол во судиско продолжување, во 92. минута и загубивме со 3:2. Тој меч долго не можев да го заборавам.



Како се случи да заминете за Германија, да потпишете договор со една од најдобрите европски екипи „Турбине Потсдам“, заедно со Вашата постара сестра, која не е многу постара од Вас, има 18 години?

Моите добри игри во дресот на репрезентацијата на Македонија, како и на мојата сестра Сијче, не останаа незабележани. Повеќе клубови од Европа се заинтересираа за нас, малку се исплашив кога Германците, луѓето од клубот „Турбине Потсдам“, ми понудија да потпишам професионален договор, заедно со сестра ми. Првпат требаше да бидам одделена од родителите, друго беше да играм за „Тиквешанка“ или за „Борец“, друго е во Германија. Сепак, на крајот, со благослов на родителите заминавме оваа есен за Потсдам. Да не заборавам да кажам, мојата сестра Сијче веќе пет години, исто така, игра за репрезентацијата на Македонија, таа е одбранбен играч и беше цел, исто така, на повеќе клубови, но таа не сакаше да се дели од мене и заедно заминавме за Германија, за што се согласија и раководните луѓе на „Турбине Потсдам“.



Какви услови Ви понудија во новиот клуб?

Одлични. Најпрвин да кажам дека женскиот фудбал во Германија е на највисоко ниво, се' е средено, секоја наша желба е исполнета. Се чувствуваме во клубот како да сме дома. Имаме добра плата, не ��акам да говорам колку е тоа месечно во евра, и немам право на тоа, потоа обезбеден стан, автомобил, исхрана и платено школување. Интензивно со сестра ми го учиме германскиот јазик, морам да кажам дека добро напредуваме. Во клубот сме одлично примени, моите колешки не' сметаат како свои. Најмногу ни помага да се снајдеме најдобрата фудбалерка во клубот и во Европа, Фатмире Бајрами, и капитенката на екипата, Котина Сонојдер. Со нив двете и најмногу другаруваме.


#
Статијата е прочитана 1761 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Протестите се во грчките гени
Кондомот, конечно, со благослов
Без зборови по концертот на „Мизар“
Министрите како холивудски ѕвезди
Насловна
Стрес-тест за чиновниците
Македонија е неписмена за сексуална азбука
Немав афера со Тони Паркер
Каролина - гостинка во „Хиторама“ на Ем-Ти-Ви Адрија
Бедата на политиката и на власта
„Кастратите“ повторно во мода
Среќна седумка!
Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Фудбалот и политиката
Мртвите ќе почнат да пливаат
Влатко, what’s wrong with you?
Масовна тепачка во „Идризово“, повреден е и еден надзорник
Avanti Dilettanti!
Брендот е препознатливост што се гради и надградува со години
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society