Од АД „Бутел“ тврдат дека насобраната вода од гробиштата ја црпат со специјални пумпи
Снежана Калабакова
Фали уште еден поголем дожд, па мртвите од Бутел да почнат да пливаат над вода. По секое пообилно врнење, се поплавуваат можеби стотина гроба во средишниот дел од гробиштата што се блиску до патот за „Чардак“, а водата се заканува дека ќе ги урне и оние гробови што се' уште издржуваат на притисокот. До гробовите може да се пријде единствено во гумени чизми, но и така мора да се чекори меѓу крастави жаби.
„Не можеме ниту да дојдеме до гробовите, а наоколу крекаат жаби, како да се наоѓаме среде некое огромно мочуриште. Ги има многу, па дури се качуваат и на спомениците. Лани едно семејство за да си ја погреба бабата мораше прво да се ангажира да се исцрпи водата од гробот“, тврди една скопјанка, која се пожали дека вода имало и завчера кога била на гробиштата во Бутел.
Таа раскажува дека гробовите по секој дожд се' повеќе и повеќе тонат во вода, а така било и оваа митровденска Задушница, кога едвај можела да пријде до гробовите. Оваа граѓанка тврди дека и покрај сите нејзини поплаки и реакции до управата на АД „Бутел“, досега ништо не е преземено. Им сугерирала на одговорните да ја канализираат водата со цевки и така да истекува во коритото на реката Серава за да не газат со чизми кога влегуваат на гробиштата и за да не мораат да поставуваат плочи за да поминат преку калта.
Се пожали дека одговорните од АД „Бутел“ ја препраќале во општината Бутел, од каде што и' било речено дека локалната самоуправа е ненадлежна за тоа. Со проблемот го запознала дури и градоначалникот Коце Трајановски. Од лани се шета од една до друга институција и никој ништо не презема, и покрај тоа што сите сопственици на гробови на градските гробишта редовно плаќаат за одржување. Но, и покрај тоа, околу гробовите постојано има ѓубре што не се чисти редовно, тревата ретко или само на одредени места се коси дури, а не се сечат ни гранките од дрвјата. Сето тоа, според оваа граѓанка, само сведочи дека гробовите не се одржуваат како што треба.
„Проблемот со поплавувањето на дел од парцелите во гробиштата Бутел, кои се наоѓаат во близина на магистралниот пат е анализиран и градоначалникот Коце Трајановски побара од надлежните служби да изработат проект за одводнување на атмосферските води. Изработката на проектот е при крај, а се планира да биде реализиран во текот на наредната година, за што се предвидени средства во буџетот за 2011 година“, велат од Одделението за односи со јавност во Градот.
И директорот на АД „Бутел“, Илија Филиповски, потврди дека се бара решение за проблемот, за што, како што вели, нема да се штедат ниту време ниту пари.
„Ги преземаме сите технички мерки и нон-стоп работиме на решавање на проблемот за одлевање на насобраната вода околу тој дел на гробиштата. Водата ја исцрпуваме со специјални пумпи, бидејќи таа создава проблеми веќе шест години. Работиме заедно со Градот и со ЈП ’Водовод и канализација‘ колку е можно да се исцрпи таа вода додека не се реализира дефинитивното проектно решение“, објасни Филиповски.
Доколку претпријатието “Бутел“ е АД (што значи приватно претпријатие) и наплаќа за погрбални услуги и за одржување на гробиштата, тоа значи и дека ТРЕБА ДА ИНВЕСТИРА во истите, а не да препраќа во општината.
КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ ЗА ПОГРЕБАЛНИ МЕСТА И ЗА ОДРЖУВАЊЕ???
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 05.12.2010 04:43:18
Veruvam ,ovoj problem moze da se resi so eden,ednostaven plan, na eden hidro inziner,za edna nedela,i so cetiri rabotnici so sovremena mehanizacija bi se napravil odliv na potopenite grobista! Jas go znam,i Jas go imam napraveno.Isusuvane e najlesno,ako ima visinska gravitacijatoa e priroden tok.
Од: ko-ra
Датум: 05.12.2010 10:48:16
Ima li nekoj nadlezen vo drzavava da mu stavi kraj na samovolieto na gospodata od AD Butel.Isto taka bi bilo dobro nekoj da im objasni na gragjanite koj im dozvoli na vrabotenite vo AD Butel da go privatiziraat pretprijatieto koe kako sto e poznato bese javno pretprijatie vo sopstvenost na gragjanite na Skopje.Ocigledno e deka RM e drzava vo koja ne vladee pravoto!!
Од: Stara skpjanka
Датум: 05.12.2010 10:55:13
So poplavi ili bez poplavi, grobnite mesta vo
" BUTEL"se za naikade.Nite se odrzuvaat aleite, niti cesmite, niti glavnot pat, niti grobovit.spomenici pokraj glavniot pat koi i bez poplava se takareci otvoreni, a na gjubristeto i ne obrnuvaat vnimanie; toa e nesto normalno vo nivnoto opstestvo. Se kradat krstovi, mermerni ploci pa duri i stari granitni krstovi koi e nevozmozno da se podignat"diskretno". A za sopstvenost na grobnite mesta i nema govor! Koj kako sakal se zapisuval za gazda na grobvnoto mesto, pa posle idi i raspravaj se po sudevite. A direkcijata na "BUTEL" , muva ne ja lazi. Sgurna e deka nema da izgubi eden sudski proces so obcen privatnik. Pet pari ne davaat, grobistat se nimni, nasledeni vo ceizot na majka im! Ke dojde li ednas kraj na ovoa samovolie i da se razgleda slucajot so stopanisuvanje na parite i grobnite mesta na "pretprijatieto" BUTEL"?Tusko na onie sto imaat raspravija so nim, tesko na narod koga nema doverie, vo amnistracijata, sudot i policijata.