Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Тања Алексиќ

Македонија е неписмена за сексуална азбука

Тања Алексиќ е ентузијаст што има намера да ги едуцира Македонците за сексуалноста преку емисијата „Сексуална азбука“, која се емитува на МТВ

Јасминка Павловска

Дури и највоспитаните и најлибералните личности во Македонија се чувствуваат невоспитано (или ајде, непријатно) кога на дневен ред ќе дојде темата - секс. Колку за утеха, ниту светските луѓе не се чувствуваат најрелаксирано кога се разговара за интимни работи. Но, затоа вулгаризацијата на интимноста е толку агресивна, медиумски експонирана и достапна што многу лесно се добиваат погрешни сознанија и доживувања за сексуалноста. Во ситуација кога од една страна имаме табу, а од друга вулгарност, кој е вистинскиот начин едно општество да се соочи со нешто толку неизбежно, па и потребно?

Една од ентузијастите, што има намера да ги едуцира Македонците за сексуалноста и тоа почнувајќи од азбуката е Тања Алексиќ, која од неодамна започна да ја уредува и да ја води емисијата „Сексуална азбука“ на МТВ. Алексиќ, инаку, веќе 17 години е професорка по македонски јазик во две скопски гимназии и на терен е запозната со збунетоста на тинејџерите поставени меѓу лажниот морал и недостигот од едукација.

„Во основните и во средните училишта недостасува предметот сексуално образование. Родителите ретко разговараат со децата на таа тема и сите информации ги добиваат од својата околина. Колку е силно тоа влијание илустративно говорат инцидентите низ многу балкански средни училишта, па и во Македонија кога се појави видеоклипот на Северина. Тинејџерите сакаа да ја имитираат и се снимаа на сличен начин во училишните вециња“, директна е Тања Алексиќ, објаснувајќи го мотивот за создавање на емисијата „Сексуална азбука“.

Досега, веќе три петоци во терминот од 22,30 ч. се поминати трите воведни емисии, во кои се оправдува целта за постоењето на оваа емисија. Од следната емисија веќе започнува едукацијата по сексуалната азбука.

„Сексуалното образование не е само како да се заштитиш од несакана бременост и инфекција. Сексуалната азбука не е само пенис и вагина, туку се', од А до Ш, во врска со половите“, отворено настапува професорката и ТВ-едукаторка Алексиќ. Концептот на емисијата е едукација без вулгаризација, учење преку најмоќниот медиум. Темите се доволно провокативни да се гледаат и да се слушаат, но никако да се банализира сексот и да се провоцираат ниски страсти. Темата не е само секс, туку, пред се', љубов. И нема продавање на интимноста - ќе се зборува во трето лице“, објаснува Тања Алексиќ.

Образовната насока е примарна и доминантна за „Сексуална азбука“. Покрај снимените прилози, во концептот на емисијата е замислена и дебата на одредена тема со стручни лица и со соодветни гости. Во публиката, која ќе дискутира со гостите, ќе бидат полнолетни средношколци и студенти. Во сите емисии Тања Алексиќ ќе соработува со експертски тим: д-р Викторија Вујовиќ и д-р Славица Арсова, психијатри, д-р Горан Димитров - гинеколог и д-р Сотир Ставридис - уролог. Во текот на подготовката на емисијата, Тања Алесксиќ останала зачудена од фактот дека Македонија е веројатно единствената земја каде што нема специјализирани сексолози. За својата емисија вели дека е со мисија за уривање на табуата, но знае дека тоа може да премине во утопија.

„Ако ништо друго, барем ќе тргнеме чекор подалеку од игнорантскиот однос кон сексот, кој е совршен за создавање заблуди и митови. Ако порано сексот се доживувал како забрането овошје, сега кај новите генерации опасноста лежи во нивната перцепција и доживување на сексот како спорт. Тоа се спротивни крајности. Целта на емисијата ’Сексуална азбука‘ е да создаде култивиран однос кон еден многу важен аспект на човековата природа, како што е сексуалноста. Македонија не треба да биде сексуално неписмена“, поентира Тања Алексиќ.


#
Статијата е прочитана 1088 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Протестите се во грчките гени
Кондомот, конечно, со благослов
Без зборови по концертот на „Мизар“
Министрите како холивудски ѕвезди
Насловна
Стрес-тест за чиновниците
Немав афера со Тони Паркер
Каролина - гостинка во „Хиторама“ на Ем-Ти-Ви Адрија
Бедата на политиката и на власта
„Кастратите“ повторно во мода
Среќна седумка!
Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Фудбалот и политиката
Женскиот Пандев од Македонија
Мртвите ќе почнат да пливаат
Влатко, what’s wrong with you?
Масовна тепачка во „Идризово“, повреден е и еден надзорник
Avanti Dilettanti!
Брендот е препознатливост што се гради и надградува со години
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society