Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Стрес-тест за чиновниците

Катица Чангова

Тешко може да се проголта големата кнедла дека информатичарот Иво Ивановски, министер за проектот „Компјутер за дете“, од идната 2011 година ќе одлучува за судбината на 150.000 јавни и државни чиновници. Од вака замислената административна реформа, која го опфаќа најбројниот сектор, не само што не се отстапува ни милиметар туку забрзано се турка како да е највисокиот приоритет.

И сево ова се прави во ситуација кога за регресивноста на реформата стигнуваат остри реакции од Европската комисија, но нивната содржина се крие од јавноста. Причините се разбирливи. Брисел ја поставува дилемата дали е навистина неопходно да се етаблира ново тело, (мамутското Министерство за информатичко општество и администрација со широк спектар надлежности), покрај големиот број агенции и инспекторати. ЕК препорачува ваквото престројување да се одложи, постојните органи да се зајакнат, а нивните функции да се интегрираат.

Но, власта не слуша никого. Туркајќи ги под тепих укажувањата на Европа, се отиде многу подалеку. За да ја заокружи целината на идејата за реформа, по кратка постапка испорача менгеме за државните чиновници. Легендарниот министер за правда, Михајло Маневски, подготви стрес-тест во законска форма, па кој од службениците успее да го издржи притисокот и се докаже, тој ќе преживее, а кој потклекне и не се покаже, ќе мора да си замине.

И со најповршна анализа на експрес-решенијата во Законот за државни службеници може да се заклучи дека тие не се ни малку наивни, туку длабоко суштински. Ако поминат измените, а тоа нема да биде тешко со парламентарното мнозинство, тогаш вработувањето на чиновниците ќе биде многу посложено отколку сега. Условите за добивање работа значително се прошируваат, со воведување два вида теста, психолошки и тест за интегритет. Овие критериуми се предвидени за судии и за обвинители. Избраните кандидати имаат статус на приправници, а нивното снаоѓање во текот на една година будно ќе го следат и ќе го оценуваат ментори! Всушност, мислењето на секретарите или на раководителите, кои добиваат голема дискрециска моќ, е од пресудно значење дали кандидатите за службеници ќе го поминат тестот или ќе бидат елиминирани. Уште поневообичаено е тоа што менторите стануваат клучни фактори и за напредување на службениците. Прашање е дали некој со дваесетгодишен стаж ќе се подложи на менторство пред претпоставениот кога се знае дека тие места се резервирани за партиски кадри. Зборот на менторите е решавачки и за отпуштања. Само низ процедура за дисциплински прекршок ќе се мери несовесното и нестручното работење, па извесно е дека службениците многу побрзо и поедноставно можат да изгубат работа.

За најновиот удар врз чиновниците на кои се смета и како на дисциплинирани гласачи се запознати и дипломатите кај нас. Тие предупредуваат дека Владата на Никола Груевски подготвува добар терен за да се ослободи од неподобните административци и од неистомислениците на најлегален начин, во пресрет на сензитивен период како што се парламентарните избори. За професионална државна служба, слободна од политички притисоци, е потре��на зголемена сигурност на работата и заштита од своеволно отпуштање, сметаат дипломатите. Отпуштање како во приватниот сектор е опасно бидејќи постои ризик од политизација, неефикасност и нестабилност на чиновниците.

Власта сфати дека администрацијата е ресурс за вршење политички притисок и во предизборна кампања, коментира опозицијата. Некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ одлучил да партизира се' во државата, да озакони политика во администрацијата, и во вработувањето, и во отпуштањето. Овој штетен предлог кој стигна во парламентот на препад, без јавна дебата и без општ консензус треба да се повлече, инсистира опозицијата. Затоа што наместо департизација отвора сигурен пат за влез во финална политизација.


#
Статијата е прочитана 332 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Протестите се во грчките гени
Кондомот, конечно, со благослов
Без зборови по концертот на „Мизар“
Министрите како холивудски ѕвезди
Насловна
Македонија е неписмена за сексуална азбука
Немав афера со Тони Паркер
Каролина - гостинка во „Хиторама“ на Ем-Ти-Ви Адрија
Бедата на политиката и на власта
„Кастратите“ повторно во мода
Среќна седумка!
Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Фудбалот и политиката
Женскиот Пандев од Македонија
Мртвите ќе почнат да пливаат
Влатко, what’s wrong with you?
Масовна тепачка во „Идризово“, повреден е и еден надзорник
Avanti Dilettanti!
Брендот е препознатливос�� што се гради и надградува со години
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society