Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Поглед

Поштари без сметки

Маја Томиќ

Откако ЕВН во април годинава склучи договор со „Македонска пошта“ за доставување на сметките преку оваа институција, се' тргна наопаку. Сметките доцнат ли доцнат, а граѓаните плаќаат ли плаќаат камати поради задоцнето плаќање. Ни криви, ни должни што во нивните сандачиња речиси никогаш сметката ја нема во вистинското време, пред рокот за плаќање. Туку секогаш на самиот ден или, пак, подоцна, дури и по една недела.

Како и да е, ЕВН си пресметува камата за тие денови, некогаш таа е пет денари, некогаш и повеќе. Но, не станува збор за висината на сумата, туку прашањето е зошто воопшто парите да се наплатуваат од џебот на граѓаните, кои и ако сакаат да платат на време, сепак, не можат затоа што немаат сметка.

Кој на кого да му се жали и каде да се бара виновникот? Во секој случај, граѓаните не се ни малку виновни, иако го извлекуваат подебелиот крај. ЕВН во почетокот им ��рогледуваше низ прсти на корисниците и не им пресметуваше камата, иако ја печатеа на сметката. Но, не можеше тоа да се толерира бесконечно и да се чека „Македонска пошта“ да се снајде во новата улога. Очигледно „Македонска пошта“ не го положи испитот и не успеа да одговори на новата задача. Поштарите потфрлија и не можат да постигнат на време да ги достават сметките во секое сандаче. Ако раководните лица од „Пошта“ знаеја дека не можат да одговорат на барањата на ЕВН, зошто тогаш ја прифатија соработката? Велат, немале доволно поштари, таму бил проблемот.

Дали треба уште да се чека или е веќе време ЕВН да пресече и да го раскине договорот со „Пошта“? Додека ЕВН и „Пошта“ се обидуваат да се усогласат меѓу себе и да најдат решение за побрзо доставување на сметките, граѓаните и понатаму си ги плаќаат каматите поради ненавремена уплата.


#
Статијата е прочитана 1226 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 14.10.2010 13:44:44
Za zal parite od kamatite odat vo dzebot na proizvoditelot na hartija, a ne vo EVN kako sto se misli. Za kamata mora da se pecati vtor list koj so potrosen toner za pecat i amortizacija na masinite cini mnogu poveke od iznosot na kamatata.
Од: anica
Датум: 14.10.2010 19:11:27
ne moze da se prefrla odgovornosta na Po{ta zaradi dostavata na smetkite, koga strujata po noviot sistem se ~ita na tri nivoa pa ottuka doaga i razli~no dostavuvawe na smetkite.Samite smetki si gi pe~ati EVN i oni si presmetuvaat kamata. Ako pristignat navreme smetkite ke se izvrsi dostava, a po{tarite si ja vrsat sovesno rabotata

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Немоќта на седмата сила
Македонско-бугарски историски контроверзии (5)
Првачињата ќе останат без учебници
Џенифер Анистон не е убавица
Судски пресврт во случајот со Спаска Митрова?
Дерил Хана доаѓа на „Браќа Манаки“
Фиџи не знае каде им е независноста
Крадам од сонот за да добијам време
Храброст
Огорчените гласачи раскрстија со политичарите
Магистрите правници не може да бидат судии?
Запленети еден милион лажни лекови
Ал Џезира со Горан Милиќ во поход на Балканот
Местото на Македонија е во ЕУ
Металург го прегази Вардар во дербито
Потребно е време за фондовите
Карикатура
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Стил






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia