Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Дерил Хана доаѓа на „Браќа Манаки“

На познатата холивудска актерка ќе и' биде врачена специјална „Златна камера 300“ за нејзиниот придонес во светскиот филм

Сунчица Уневска

Најавата на директорката на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, Лабина Митевска, дека годинава во Битола ќе пристигне познатата холивудска актерка Дерил Хана, беше испратена со аплауз и одушевување. Дерил Хана ќе пристигне на 16 октомври, на самото отворање на фестивалот, а утредента во 13,30 часот ќе има средба со публиката и со новинарите. На Хана ќе и биде врачена специјална награда, а во нејзина чест на 17 октомври битолската публика ќе може да го види вториот дел од големиот хит на Квентин Тарантино „Убиј го Бил“.

Американската актерка, продуцентка и режисерка Дерил Хана, досега има играно во над 50 филмски наслови, градејќи ја својата кариера со една неверојатна листа на најразновидни улоги. Таа се трансформираше во голем број необични и митски суштества, од сирена, андроид, стриптизерка, пештерска жена, па се' до психопатски убиец. Интересно е дека и покрај својот атрактивен изглед, Дерил Хана никогаш не влезе во калап или во одреден стереотип на улоги. Напротив, таа многу храбро се испробува во различни жанрови и го прифаќа предизвикот да игра многу различни и особени улоги, без оглед дали се главни или споредни. Често, како ниеден друг, умее од мала ролја да направи многу фалена улога, која се памети. Така е во филмот на Вуди Ален „Злосторства и престапи“ од 1989 година или во култниот „Вол стрит“ на Оливер Стоун од 1987 година, во кој и покрај доминацијата на Мајкл Даглас и Чарли Шин, Дерил Хана ја дава бојата, го дава шмекот и со својата појава успева да ја заокружи дефинираноста на филмот.

Уште од својата прва улога во филмот на Брајан де Палма „Фурија“ од 1978 година, каде што Дерил Хана се појавува покрај две легенди, Кирк Даглас и Џон Касаветис, таа постојано игра во филмови кај редица исклучителни режисери, кои се сметаат за најталентирани и најзначајни автори на нашето време. По „Фурија“ таа е совршениот андроид Прис во антологискиот „Истребувач“ (Blade Runner) на Ридли Скот, а како сирена во романтичната комедија „Сирена во Њујорк“ на Рон Хауард, преку ноќ ќе ја освои публиката и ќе стане препознатлива ширум светот.

Следуваат „Роксана“ на Фред Шеписи, базирана на бесмртниот „Сирано де Бержерак“, „Возбуда“ на Нил Џордан, со Питер О’Тул во главната улога, „Мемоарите на невидливиот човек“ на Џон Карпентер, па големиот хит „Челични магнолии“ на Херберт Рос, со Ширли Меклејн и Сели Филд, „Папата од Гриниџ Вилиџ“ на Стјуарт Розенберг, со Мики Рурк и Џералдина Пејџ и „Стари намќори“ на Доналд Петри, со незаборавните Волтер Метју и Џек Лемон. Но, тука се и Хектор Бабенко, Фернандо Труеба, Роберт Алтман, Мајкл Редфорд, Џон Сејлс, се до Квентин Тарантино и големата атракција „Убиј го Бил“, што ја враќа во центарот на вниманието. Импресивна е листата, а меѓу поновите е и улогата кај чилеанскиот автор Раул Руиз, чиј филм „Затворена книга“ треба да излезе оваа година.

Она што ја карактеризира Дерил Хана односно нејзиниот актерски опус е неверојатната моќ да се наметне, без оглед на жанрот, без оглед на темата, а најповеќе без оглед на обемот на улогата. Чувството е дека таа се дава комплетно, дека нејзината трансформација и ненаметливиот стил, умеат така да го освојат гледачот, што иако играла покрај многу големи актерски имиња и често многу помали улоги од нивните, сепак, таа остави исклучителен впечаток, што и донесе светска слава.

Но, славата не ја измени, таа и понатаму го избегнува статусот на ѕвезда, прифаќајќи многу нови предизвици и поддржувајќи го независниот филм, и тоа не само како актерка, туку и како продуцент. Хана се испроба и како режисер, освојувајќи награда во 1994 година на Берлинскиот филмски фестивал за нејзиниот краток 12-минутен филм „Последната вечера“.

Дерил Хана е многу активна и во многубројни граѓански движења, особено за заштита на околината. Таа беше дури и два пати уапсена за нејзиното учество во мирни протести. Креираше и блог dhlovelife.com, а досега има добиено и повеќе хуманитарни награди. Покрај тоа, таа е активна и во организациите за спречување на трговија со луѓе. Моментно снима документарец на оваа тема патувајќи тајно по земјите на Југоисточна Азија. Впрочем, специјалната „Златна камера 300“ на 31. Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ се доделува за нејзиниот придонес во светскиот филм, но и за нејзиниот придонес за подобар живот и за поголема грижа за човекот, која низ камерата често се огледува и на филмското платно.


#
Статијата е прочитана 588 пати.

Испрати коментар

Од: exorcist
Датум: 14.10.2010 17:10:19
ke proektirate filmoviprotiv Berluskoni i zapad, a komunjarcinja stalinisticki.. protiv tie od koj se finansirate.. labina miteska, darko baseski, milco manceski ovaj onaj.. seto stalinisticki predavnici.. e pa za ova ke se kontaktira licno berluskoni pa da vidime kolku ste mangupi..

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Немоќта на седмата сила
Македонско-бугарски историски контроверзии (5)
Првачињата ќе останат без учебници
Поштари без сметки
Џенифер Анистон не е убавица
Судски пресврт во случајот со Спаска Митрова?
Фиџи не знае каде им е независноста
Крадам од сонот за да добијам време
Храброст
Огорчените гласачи раскрстија со политичарите
Магистрите правници не може да бидат судии?
Запленети еден милион лажни лекови
Ал Џезира со Горан Милиќ во поход на Балканот
Местото на Македонија е во ЕУ
Металург го прегази Вардар во дербито
Потребно е време за фондовите
Карикатура
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Стил






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia