(15.10.2010г.-10:35ч.) Островската држава Фиџи во Тихиот Океан ја изгуби Декларацијата за независност што ја добија на 10.10.1970 година. Декретот за независност на поранешната британска колонија ~ бил доделен од принцот Чарлс. Според тамошните медиуми, документот исчезнал пред пет години. Владата на Фиџи побара од британските власти копија од документот. Од првиот ден на својата независност, Фиџи е управувана од воени режими.