Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Магистрите правници не може да бидат судии?

Судска функција ќе може да добијат само правници со просек осум

Oливера Војновска

Правниците кои имаат просек помал од осум во иднина нема да можат да бидат судии. За нив судската функција ќе остане недостижна и доколку се стекнат со магистерска титула.

Кандидатите за судии ќе мора да го положат и тестот за интегритет, при што угледот и честа ќе им ги проценуваат 50 лица од нивното опкружување. Судии поротници, пак, ќе може да бидат само лицата со завршено високо образование. Овие новини, кои се предвидени во измените на Законот за судовите, наидоа на остри критики од опозицијата.

На вчерашното прво читање во Собранието поранешниот премиер, пратеникот од СДСМ, Владо Бучковски, критикувајќи го предложеното решение праша: „Дали Македонија може да го преживее овој експеримент во судството?“ Притоа констатира дека најголемата реформа во правосудниот систем ќе биде заминувањето на министерот за правда Михајло Маневски! Бучковски смета дека министерот ја испуштил можноста да направи „машки реформи во судството“. Тој го праша Маневски во која држава во Европа магистер по право не може да стане судија. Иронизирајќи рече дека Маневски при предлагањето на ваквите критериуми за избор на судии, веројатно, тргнал од примерот на неговата сопруга. „Дали Филимена беше неуспешна судијка затоа што има просек 6,6“, праша експремиерот, кој е убеден дека не може да се најдат 50 лица што ќе кажат дека таа е личност со интегритет.

Во одбрана на Маневски застана пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Стефановска, која смета дека тој е единствен министер, кој имал храброст да направи вистински реформи во судството.

„Министерот е вистински маж, само тој имаше храброст да зафати со судски реформи“, рече Стефановска. На ова Бучковски саркастично возврати: „Воопшто не се сомневам дека вие сте жена, која може да потврди дека Маневски е вистински маж“!

Според министерот, споменатите измени се прават со цел судството да стане „понезависно, поефикасно, поквалитетно и постручно“.

„Во основните судови ќе можат да се кандидираат лица кои ја завршиле Академијата за обука на судии и јавни обвинители, а унапредувањето во повисоките судови ќе биде само од пониските судови. На ваков начин ќе се гради систем на кариера, кој ќе се заснова на објективна оцена на судиите“, смета Маневски. Укинувањето на повеќе од 20 проценти од пресудите, или менувањето на 30 отсто од пресудите, може да биде основа за поведување дисциплинска постапка за некој судија. За судење во неразумен рок, пак, на судиите им се заканува разрешување.


#
Статијата е прочитана 3047 пати.

Испрати коментар

Од: Analiticar
Датум: 14.10.2010 12:34:52
Pa ova go nema ni vo Banglades, poniskiot stepen na obrazovanie da mu protivrecuva i preci da napreduva na povisokiot. Kako sto veli i samiot minister Manevski karierata se gradi skala po skala. Sekoj da treba da dobei sansa. P. S. Kvantitetot (prosekot) ne e celosen indikator za kvalitetot!
Од: 25/7,5
Датум: 14.10.2010 13:17:21
So ovie "reformi" sudstvoto totalno ke ja izgubi svojata nezavisnost.Akademijata za sudii e isto taka promasena rabota. Potrebno e da se koristi iskustvoto na evropskite zemji za izbor i razresuvanje na sudija.Kaj nas gi razresuvaat kvalitetnite i nezavisni sudii,koi ne ja prifakjaat direktivata na izvrsnata vlast.Prosekot od 8 ne e nikakov pokazatel Na selskite fakulteti a i na privatnite, lesno se dobiva i 10 a ne 8.Sposobnosta na sudijata treba da se ceni kontinuirano vo tekot na negovata rabota, a ne zavrsija akademijata za sudii, sudi po svirkata na izvrsnata vlast i bidi sudija do penzija.
Од: Јордан Јовановски, Злетово
Датум: 14.10.2010 17:06:59
Не се задржувам на сите нови и стари глупости што се презентираа на седницата. Мене, лично како Јордан Јовановски, граѓанин на оваа несреќна Македонија, најмногу ми се допадна онаа претеничка од Битола, со крештав глас која сака да биде паметна, ама на крајно ГЛУП начин. И уште, да не заборавам, на колешката ДУЛИЌ, ЗА нејзините ТРИ ЧЕТВРТИ панаталони, од студентски денови! КОЛЕШКЕ, МАЛКУ ЈАДИ, ТУКА Е ШУТКА, КУПИ СИ ПРИСТОЈНА ГАРДЕРОБА! Мн. поздрав.
Од: exorcist
Датум: 14.10.2010 17:12:15
so toa sto na buckoski mu e vraten pasosot i e osloboden od obvinenijeto za rasprodavanje i razgrabuvanje na oruzjeto na arm donirano od nato jasno e deka sudstvoto e oddamna mrtvo.. a toj poklon mu go dade tokmu grujo, negoviot koalicionen partner
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.10.2010 18:53:26
Судството е веќе досадно да се коментира па така ќе искоментирам накратко Независно судство ќе имаме кога партиите ќе ги тргнат рацете оттаму.Да не се форсираат свои кадри кој покасно избраните судии треба да одиграат во корист на оној кој ги предложил и избрал.
Од: karokan "gambit"
Датум: 14.10.2010 18:55:58
Ne bilo tesko g=data Analiticar i 25/7,5 da gi lociraat problemite sto ce proizlezat od eden vakov zafat (zakon) i vo sosema kratok prostor efektno i koncizno da gi iznesat. Tokmu taka-analticko opservirano i kratko sintetizirano!!! Ni pomalku ni povece. Samo uste da dopolnam (makar i vo nivnoto izlaganje toa se podrazbira) sega na pravnite fakulteti ce ima uste edna (golema) moznost za koruptivno polaganje i posebno partiski vlijanija (za ocena povece)!!!!! A,ako Aneta Stefanovska (zosto postojano mi ide vo glava Antoaneta Stefanova od sosedna Bugarija-verojatno mectaam za nesto napredno,ubavo) gi branela odredbite od ovoj Predlog-zakon se e jasno.Taa ni slucajno nema da pogresi da podrzi nesto dobro!!!!!!!!!!!!!
Од: francuz
Датум: 15.10.2010 10:20:42
sudstvo odamna nemame,policija ic,a drzava ke sonu vame na nasa najgolema zalost.se natprevaruvame so svetov vo reformi,a nasata svest i karakter odat vo druga nasoka(partisko obojuvanje na sve sto ja cini vlasta)za da moze potoa uste novi 20god.da ne mani puliraat i ednite i drugite bez razlika koj ke bide na vlast "nato evropa izmisleni imenki"ps:na vakov narod i ova mu e malu,za nasa nesreka
Од: Интегритетни!
Датум: 15.10.2010 10:49:11
Маж и тоа како ,маж ипол.Овој закон ќе е со важност од 2013г. чинам, таман да стасаат студентите со интегритет од правниот факултет од Кичево од државниот од Тетово од правниот ф. од Виница и се` студенти со просек над 8, 9,123456789 и чиста 10. А магистрите ,наместо да учат и да научат повеќе за правните науки,нека седат во штабот за итни случаеви ,ако некаде има незадоволство или по некоја отпор и стекнување на некое право со закон, со примена на пријавен штрајк ,тие да се најдат како жртви.Во меѓувреме можат да гојат и по некое домашно животно ,за да има каде да ги закачуваат транспарентите,а во меѓу време и да се образуваат и да обезбедат просек од 8 да 10.БРАВО!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Немоќта на седмата сила
Македонско-бугарски историски контроверзии (5)
Првачињата ќе останат без учебници
Поштари без сметки
Џенифер Анистон не е убавица
Судски пресврт во случајот со Спаска Митрова?
Дерил Хана доаѓа на „Браќа Манаки“
Фиџи не знае каде им е независноста
Крадам од сонот за да добијам време
Храброст
Огорчените гласачи раскрстија со политичарите
Запленети еден милион лажни лекови
Ал Џезира со Горан Милиќ во поход на Балканот
Местото на Македонија е во ЕУ
Металург го прегази Вардар во дербито
Потребно е време за фондовите
Карикатура
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Стил






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia