Додека востаниците крвавеле, бугарскиот цар се шетал по Европа, а политичарите воделе жестока предизборна кампања
Виктор Цветаноски
Софија го прославува Илинденското востание секој 2 Август, сметајќи го за дел од бугарската историја. Своевремено, од највисоко државно ниво таа предложи заеднички прослави, што некои македонски политичари го оценија како умесно. Но, дали Бугарија има основа да го присвојува и да го слави овој голем настан од македонското минато?
Според Христо Силјанов, автор на „Ослободителните борби во Македонија“, месеците кога македонските востаници крвавеле востанија, Бугарија ��ледала сеир. Еве што ќе напише тој во оваа извонредна хроника на илинденската епопеја која беше преведена и на македонски јазик: „Бугарија го дочека Илинден без план, без волја и без храброст да дејствува. Знаејќи што се подготвува, таа не се помачи ниту навреме да ги предупреди раководителите на Револуционерната организација, кажувајќи им категорично и недвосмислено: ’Не сметајте на никаква интервенција и на никаква помош!‘, ниту се погрижи навреме да ги пополни резервите со муниција. За дополнување на жалната слика, треба уште да додадеме дека првиот човек на државата ја прими веста за востанието далеку од татковината, а додека кулминираше востаничката борба, кнежевството беше фрлено во предизборна кампања, необично лута, проследена од најмизерни манифестации, својствени на бугарската партизанштина“.
Бугарија не реагирала ниту по задушувањето на востанието кога турскиот аскер и башибозукот се изживувале врз македонското население. „Кога спротивно на секој морал и човечност, турската влада почна да го спроведува својот варварски уништувачки метод што се состоеше едновремено во пеплосувањето на селата, масовното убивање на ненаоружаните жители и обесчестувањето на жените - слободната бугарска држава не се претвори во израз на бунт и гнев на своите граѓани преку една колку-толку сугестивна демонстрација: Таа не им викна в лице на ѕверовите: ’Долу рацете!‘ со решителност што да го наложи прекинувањето на човечкиот колеж“, констатира Силјанов.
На Силјанов треба целосно да му се верува. Тој важи за пробугарски историчар, кој ја пренесува македонската револуционерна борба автентично, непосредно, човечки и со многу факти. Илинденската епопеја раскажана од него изгледа многу повеличествено и подостоинствено отколку што сме ја знаеле пред да ги прочитаме „Ослободителните борби во Македонија“. И самиот Силјанов говори за посебноста на македонската борба. Тој целосно ќе застане на страната на Гоце Делчев и до крај ќе ги брани своите ставови дека сопствената слободата можат да си ја издвојуваат само Македонци. Тој жестоко ќе го нападне врховизмот.
„Илинденското востание е македонско, а не бугарско, подготвено од Македонци, водено од Македонци“, вели д-р Стефан Влахов Мицов. Како поткрепа на ваквите тврдења, тој ги цитира констатациите на познатиот англиски хуманист и публицист, Ноел Брејлсфорд, кој веднаш по задушувањето на востанието, престојувал во Македонија и ја делел помошта што му била испратена од Англија на настраданото население. Според него, и за приврзаниците и за противниците на македонскиот идентитет е јасно дека Илинденското востание ја игра улогата на историски камен-меѓник. Илинден, како што посочуваат уште веднаш по востанието проникливите публицисти и писатели, како што е Брејлсфорд, ја концентрира енергијата на Македонците и им создава чувство за една целина.
Англискиот хуманист и публицист во книгата „Македонија, нејзините народи и нејзината иднина“ пишува: „Нација од селани, која тргнува со конзервативни различности, брзо ќе развие вистински локален патриотизам. И тоа, фактички, се случи, и покрај спротивставувањето на надворешните сили. Нивните балади за бунт во името на Македонија се чува во секој рефрен, докажува дека тие веќе имаат татковина“.
„Токму во својата улога на преродбеник меѓу дотогашните илузии и реалноста, илинденската епопеја се претвора во закана за соседите на Македонија, кои се убедуваат дека никој од нив не може сам да проголта таков крупен залак и почнуваат кроења за анексирање на одделни нејзини делови, а Бугарија тогаш доживува болен психолошки удар“, истакнува д-р Влахов Мицов. Тој го цитира и искажувањето на пратеникот од францускиот парламент, Франци Дју Пресанс, кој изјавува дека целта на востанието не била да се присоедини Македонија кон бугарското кнежевство, туку да биде автономија во рамките на Отоманската Империја.
Посебноста на Илинденското востание, смета Влахов, може да се види и од прокламациите кон населението и кон надворешниот свет. Раководителите на востанието го користеле изразот „Народи од цела Македонија и Одринско“ и „Христијани од Македонија и Одринско“, и „Да живее Македонија, која се бори за слобода и за автономија“. Во костурскиот реон била лансирана дури и идејата за лиење македонски монети како платежно средство во идната др��ава. Бил подготвен и восочен отпечаток на македонски монети со грб од едната страна и со натпис „Внтр. Мак. - Одр. Рев. организација, 1903 г.“, од другата страна.
Голем дел од македонската историјата била пишувана во Софија, а најважните моменти од Илинденското востание ги запишал Љубомир Милетич, професор на Софискиот универзитет. Тој ги канел дома македонските револуционери и водачи на востанието, кои пристигнале во Софија по неговото задушување за да му го раскажат тоа што го преживеале и за време на долгите ноќни разговори го запишувал секој нивни збор.
Во предговорот на спомените што ќе бидат издадени подоцна ќе нагласи: „Кон средината на октомври се' беше готово - востанието беше во крв задушено, а река бегалци, меѓу кои и повидни учесници и раководители на востанието веќе течеше кон Бугарија. Тогаш првпат видов многумина од војводите што учествуваа во востанието и со запрен здив го слушав нивното кажување што се случувало и колку се страдало, колкав хероизам покажале простите македонски селани и нивната челад. Си мислев дека настаните за кои тогаш сите толку живо си спомнуваа до најситните детали, за кусо време ќе се заборават, дека главните дејци - раководителите на востанието, кои најдобро знаеја да ги објаснат тие настани, се смртни луѓе, дотолку повеќе што многумина од нив изјавуваа дека штом ќе помине зимата, пак ќе одат во Македонија да умрат за делото. Тогаш решив да спасам за историјата, колку што може, со запишување на сеќавањата на повидните револуционери што се наоѓаа во Софија во текот на зимата 1903-1904 година – се' за што се сеќаваа како учесници во македонското ослободително движење. Идејата беше прифатена и многумина дојдоа кај мене за да го запишам поважното од нивните спомени. Средбите обично се одржуваа навечер и траеја по шест-седум часа“, објаснува Милетич како ја овековечил македонската епопеја.
Тој вели дека пишувал онака како што му раскажувале илинденците, трудејќи се целосно да го зачува јазикот на кој говореле, па оттука, според него, записите што ги направил имале речиси целосно карактер на оригинал на авторски спомени. Милетич ќе ги забележи спомените и на најголемите македонски револуционери, на Даме Груев и на Јане Сандански, но и на обични војводи. Разговарал и со некои од основачите на ВМРО. Забележал спомени на 24 револуционери. И по Балканските војни се зафатил со истата работа, бележејќи ги патилата на повеќемина македонски бегалци, кои по злосторствата на Србите, бегале во Бугарија. Неговите белешки ги користела и Карнегиевата комисија за Извештајот што го подготвила за големите колежи на македонските простори.
Многумина го поставуваат прашањето дали се автентични спомените запишани од софискиот професор со македонско потекло. Некои тврдат дека Милетич ги дополнувал и внесувал работи што не ги кажувале соговорниците, особено околу употребата на терминот Бугари, бугарски села и сл. Меѓутоа, нема причина да не му се верува. Спомените на Христо Татарчев и на Михаил Герџиков, на пример, биле објавени додека биле живи, а тие не упатиле ниту една забелешка на тоа како тој ги пренесол нивните кажувања.
Eve shto pishuva vo vikipedia za "Obezbeduvanje" (Ohranata):
"ОХРАНА" е националистичка про-Бугарска организација на локалното македонско население од западна Егејска Македонија, која постои од 1942-1944. ОХРАНА е формирана од бугарскиот офицер Андон Калчев, родум од Костурското село Жужелци, со цел заштита на локалното македонско население од теророт на Грчката држава и грчките паравоени андарти. Исто така ОХРАНАТА го мотивира македонското население да војува против ЕЛАС.
Од: veles
Датум: 14.10.2010 12:19:28
Ako e taka stvarno kako sto pisuvas g-dine cvetanoski moze ke mozes da ni objasnis zosto NEWYORK TIMES pisuva deka bugaskiot narod se krenal na vostanie vo Makedoniaj i zosto vo isto vreme se kreva vostanie vo istocan trakija i zosto se vika Ilindensko Preobrazensko vostanie.Izgleda kako i dosega se prodolzuva da se iskrivuvaat faktite.
Од: ot mene
Датум: 14.10.2010 12:25:41
Бугарија не учествува директно во востанието, бидејќи големите сили и најмногу Австро-Унгарија и Русија (!) jа застануват да не се меша. Сепак не може да се негира фактот дека целокупната подготовка и снабдување со оружје се се раководи од Софија.
Од: Бугарин
Датум: 14.10.2010 13:28:20
Цветаноски зошто не пишуваш дека Србиjа и Грциjа кажале дека ке почнат воjна против Бугариjа ако бугарите помогнат на востанниците. Дека грчки и србски чети участвувале во унищуването на востанието.
Од: Do Bugarot
Датум: 14.10.2010 13:49:22
Grcija i Srbija ke ja napadnele Bugarija, ako taa im pomognala na vostanicite! Pa toa e uste eden dokaz deka nie Makedoncite sme poseben narod, razlicen od bugarskiot! Ako sme bile ist narod, kako sto tvrdat ovie istocnive sosedi, togas normalno deka Bugarija ke go prifatela toj rizik i ke pomognala za uspesno vostanie! Nejzin interes bil samo da go iskoristi vostanieto za svoite celi, a toa e da se okupira Makedonija! Bugari i bugarofili, toj film nikogas nema da go gledate! Makedonija na Makedoncite!
Од: Крапчев
Датум: 14.10.2010 14:16:30
Се мачи Викторче, очигледно е. Сака да ја каже вистината која што ја гледаат сите, освен нас, но не сака или не смее сеедно, да ја каже.Човек со здрав разум и со санирана идеолошка катаракта, од прочитаниот текст не може да извлече никаков друг заклучок во однос на националноста на илинденците, освен оној кој што е општо познат и прифатен во светската наука - основачите на ВМРО(првично БМОРК), војводите, четниците и т.н. биле Бугари, вклучувајќи ги и тие наведени во текстот - Татарчев и Силјанов. Срамота е Викторе, покрај олку историски пишани документи, ти да се повикуваш на велеучениот „нервен експерт“ Стефан Вицов, кој „открил“ дека востанието било организирано од Македонци и ништо друго, а ваму, во тоа време претседател на ВМРО е Иван Гарванов, Блгарин од Блгарија.
Љубен Лапе на времето ги издаде писмата на Гоце. Во едно од нив истиот недвосмислено изјавува дека е Блгарин.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 14.10.2010 14:54:36
Непобитен факт е дека илинденското востание го кренале Македонците.Немало никаква помош од Бугарија.А дали востанието имало поврзаност со Бугарија???ИМАЛО!!Пробугарските струи внатре во ВМРО уште по Солунската провала во 1901 година почнале да роварат низ редовите на организацијата за да се крене народот неподготвен на борба и да не успее востанието за да се докаже дека Македонија не може да се ослободи од Турците без помош од Бугарија.Тоа и се случило во 1903 година-востанието пропаѓа за краток временски период.Немало услови да се ослободи Македонија со Илинденското востание. Тоа го зборел и Гоце Делчев кој е и убиен за да се замолчи,за да не ја осуети идејата на пробугарските струи.Ако Бугарија сакала да успее востанието имала илјадници прилики и шанси да помогне,а не ладнокрвно да стои од страна и да чека да приграби дел од македонија.Еднаш засекогаш нека сфатат Бугарите-Македонците се посебен народ,со свој јазик и свое писмо.Ако некој копира некого,тогаш тие не копираат нас!
Од: A KAKO ГРЦИЈА И АНТАНТАТА ГО ДОЧЕКАЛЕ
Датум: 14.10.2010 15:00:41
Грција во договарање и потпл��тување на отоманските власти за убивање видни комити. А Антантата т. е. Русија Англија Франција си имале свои интереси со веке оформените Грција Бугарија и Србија и ја ковала поделбата на Македонија. Како можело ИЛИНДЕН да успее. Следеле колежите после Илинден од грчките платеници. Следел Ревал 1908 и договорот Русија Англија. Следи поделбата.
Од: Makedonec
Датум: 14.10.2010 15:37:11
Velicenstvena e epopejata na makedonskiot narod, bezmerni se stradanjata negovi na patot do slobodata i sozdavanjeto sopstvena drzava. Na celata makedonska zemja se rasposlani koskite na ilindencite i asnomcite, poradi sto nim treba da im se poklonuvaat i segasnive i site idni makedonski pokolenija. Za zalenje e sekoj taka narecen "makedonec" koj gi odrekuva ovie nesporni fakti. Sekoja drzava e tolku pomala kolku sto poveke se obiduva da gi "sokrie pod tepihot" ovie fakti i da gi negira, ili da gi prisvojuva. Bugarija e taa koja ja krade makedonskata istorija, taa go prisvojuva i makedonskiot "Garibaldi"-Goce Delcev. Nikoj i nikogas ne ke moze da gi izbrise ovie svetli stranici na makedonskata istorija, koi se zavet i nasledstvo za idninata na Makedonija.
Од: Валтер
Датум: 14.10.2010 15:40:47
Проста математика. Каде отидоа пола македонци после илинден ? Која држава ја градеа(буквално ја градеа со директно учество) ) истите тие во последните 100 години? Кој бил мотивот на балгарите во востанието, балканските, првата и втората војна , па и денес во споредба со мотивот на србите и грците ? Кој кого грабна и покори, балгарите Македонија или македонците Балгариа ?
Додека Македонците ја построија Балгариа по своја мерка, кој и како ја построи Македонија ?
Од: "Do Bugarot"
Датум: 14.10.2010 16:07:27
Логиката ти дека ако бевме еден народ би презеле ризикот да тргнеме на војна со Србија и Грција е слаба. Па нели вие велите дека Пирин и Егејот се ваши, ајде вие тргнете на војна со Бугарија и Грција по истата логика. Која држава би тргнала на војна коja знае дека ќе изгуби?
Од: Blagoevgrad
Датум: 14.10.2010 16:55:27
Берлинскиот договор од 1878 година ја одредува Кнежеството Бугарија како васално на Отоманската империја. Во 1908 година е прогласена независноста на Бугарија. Тоа се пет години по Илинденското востание. Дали Бугарија имала можност официјално да застане зад востанието? Не, таа не е можела. Но востанието било поддржано од целиот бугарски народ.
Од: VP
Датум: 14.10.2010 18:47:09
Добро, ајде Бугарија и Македонија да не слават востанието заедно - што ќе промени тоа, ниту Македонија може да наведува што и како да се слави во Бугарија, ниту пак Бугарија - на Македонија, нели?
Историја - пишува се и пренаписва - македонската историја е историја на победниците во востанията и војните; бугарската - на поразените - не се сеќавам за друга разлика.
Во меѓувреме, победниците направија лош избор пред 20 години – и гревот на Бугарија сега е дека овој пат направи добриот избор.
Но што да се прави - променат се работите ....
Од: tale
Датум: 14.10.2010 18:55:40
Ne mi e jasno ,kako ne moze da svatite deka koga nasite predci krenale puska v raka i so toj cin ''stavile glava vo torba'' i ja stavile svojata i sudbinata na nivnite semejstva na kocka imale samo edno nesto na um --MAKEDONIJA.
Aj sega zamislete da se krenete na vostanie vie bugarite ,a na znameto da vi pisuva na pr. Argentina ili Brazil.Taa rabota nit bila nit ke bide.I zatoa vasite lagi se providni.Dovolno e .
Од: bezanec
Датум: 14.10.2010 21:25:55
Ако малку со своја глава размислите ќе ја утврдите вистината, првата организација се викала ТМОРО(Тајна македонска одринска револуционерна организација),но кога се ифлатираат бугарите и добива ново има ВМРО( Врховистичка македонска револуционерна организација),со сарафов и др. бугари и наши издајници кои ги убија,Гоце Делчев Горче Петров и др. за мизерни пет гроша а потоа и тие да бидат убиени. Свестисе Македонче,таа Македонија што ни ја створи боречката организација на чело со Маршал ТИТО да ја зачуваме.
Од: makedonec
Датум: 14.10.2010 22:53:19
Apsolutno prekrasna kniga so razgovori od mnogu revolucioneri sto go prezivuvat vostanieto, no na zalos vistina e cesto samite revolucioneri cesto go spomenuvaat terminot Bugari, Bugarski sela, nie Bugarite, i.t.n. no vidno se primetuva i podrskata od Bugarija kade sto i samite revolucioneri prakaat vojvodi so iskustvo od Rusko-Turskata vojna od vnatresnosta na Bugarija.
Од: Blagoja
Датум: 15.10.2010 00:49:34
G,Krapcev
Vasata Blgarska ideja i chuvstvo go pocituvam,no nie,ne sme Blgai,Makedonci se chuvstvuvame.
Okolu Tatarcev..Zossto lazzete g.Krapcev..Tatarcevi se VLASI od Resen...Znaci ne se Makedonci,no ne si nitu Bugari..VLASI se i brajkata Miladinovi od Moskopole,Rajko Zinzifov,Prlicev..Isto tolku kolku ssto e VLAV i g.LJAPCEV eden od Bugarskite premieri.Nemam nisto pritv nitu edna nacija,no ne prepravajte se vo ,,bugarsko,,koga vistinata e poinakva.Makedoncite si se Makedonci..Isto tolku kolku ssto Vlasite si se Vlasi a Blgarite Bugari.
Од: coki
Датум: 15.10.2010 05:34:40
ova bugarive se smesni! zarem ne svakate deka ne sakame da sme del od vas? deka ne ve cuvstvuvame nitu kako bliski? za mene da kaze nekoj deka sum bugar e ponizuvacki! utrinski daj ve molam ne objavuvajte komentari koi se napisani na bugarski jazik, mislam deka e protiv vasiot prabvilnik! ova veke e sramota zatoa sto ako jas bi sakal da ostavam komentar vo bugarski vesnik na makedinski jazik, ne bi bil objaven.... ve molam malku reciprocitet. toa e isto kako da objavite komentar na turski ili albanski jazik!za mene kako makedonec ova e navredlivo.