Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Немоќта на седмата сила

Светлана Унковска

Македонскиот новинарски простор е фрлен на колена. Канал 5, Сител, МТВ од една страна, и А1, „Време“ и „Шпиц“ од друга страна, деновиве се претвориja во арена на медиумското газдинство, но не во подигнување и збогатување на понудените содржини, туку во беспоштедна битка за економски интерес.

По цена на квалитетот на програмата, па дури не штедејќи го и самиот дигнитет на медиумот, се редеа понижувачки кавги и расправии за тоа кој во кое време бил повеќе близок до владејачката партија. Кој во кое време повеќе зграбил од рекламниот колач што им го дели власта како на послушни деца. Притоа, и не погледнувајќи дека објективноста, како едно од основните начела на новинарството, беспоштедно го прегазија. Кој колку затаил данок, кој не ги плаќа обврските кон државата, кој работи незаконско, кој... Е, ова некако се' повеќе личи на актуелната политичка сцена меѓу власта и опозицијата, кои меѓусебно се обвинуваат за тоа кој колку крадел, кој колку има направено криминали. Седмата сила ја сврте моќта против себе. Но, безмилосната борба меѓу нив се одвива во калта, каде што во последно време длабоко загазија.

Тоа што граѓаните беа принудени да го следат во ударните термини на вестите и на насловните страници на весниците, безмалку, може да се нарече професионален невкус, кој се спушти до граници на примитивно однесување. Премногу обвинувања и навреди го оцрнија медиумскиот простор, кој на моменти стана поцрн дури и од екранот со кој А1 Телевизија протестираше поради спроведувањето на законот.

И додека сега двете страни со голема жестина јавно се обвинуваат меѓу себе, самите тие континуирано со години го кршат Законот за радиодифузија. И повторно никому ништо. Иако се укажувало, но и натаму се укажува дека овој закон категорично забранува лидер на политичка партија да поседува медиум, иако можеби не формално, газдите на Канал 5 и на Сител, Борис Стојменов и Љубисав Иванов-Ѕинго, се првите луѓе на политички партии, и тоа коалиционери на власта. Тоа досега ниту се санкционирало ниту, пак, воопшто некој поведува постапка. Се премолчува и за нелојалната конкуренција, односно за кршењето на законот, со кој, повторно категорично се забранува еден сопственик да има неколку медиуми. Но, газдата на А1, Велија Рамковски, и покрај тоа што јавно признал дека „Време“ и „Шпиц“ се негови (по потреба демантира) и нему му се прогледува низ прсти ваквото кршење на законите.

Логично се поставува прашањето - кому му одговара ваквото беззаконие, зошто институциите не преземаат ништо да се стави крај на непочитувањето на законите? Веќе одамна е јасно дека сценариото со кое власта привилегира одредени медиуми за да ги има в раце за свои потреби и интереси, функционира добро. Уште повеќе ако им се даде добар дел од рекламните кампањи со значителни приходи од нив. Па оттука трката по квалитетно, професионално и објективно новинарство, премина во борба за што поголем профит од најголемиот рекламер. Од коректор на владините потези, медиумите блиски до власта полека станаа нејзин портпарол.

Поделбата меѓу медиумите стана огромна, а со тоа се намали и нивната моќ. Никој повеќе не се грижи за квалитетот на понуденото, за концепт што ќе привлече поголем аудиториум, поголемо читателство. Најбитен момент повеќе не е како на публиката да и' се понуди содржаен и издржан прилог, туку дали се има комерцијален интерес. Не дека профитот не е важен, но сепак, се отиде дотаму што бојата на парите го обезличи новинарството. А, ако порано политиката настојуваше што повеќе да ги замеша прстите во уредувачката политика, сега медиумите се трудат што повеќе да ја привлечат власта, иако после тоа им се враќа и им се удира од глава како бумеранг. И кога Фридом Хаус на следниот извештај за слободата на медиумите не' спушти уште некое скалило подолу, вината, секако, не би требало да ја бараме во власта. Бидејќи секоја слобода не се добива, туку таа се освојува.


#
Статијата е прочитана 903 пати.

Испрати коментар

Од: Санто
Датум: 14.10.2010 12:48:54
Очекувани се вакви работи после силното лобирање на грчката влада во нашите медиуми, што деновиве јавно го призна и Друцас.И покрај сите анкети на јавното мислење, имаше голема подршка на населението, за зачувување на националниот идентитет најголем дел од медиумите туркаа грчки ставови кои ги иритираа граѓаните во МК.Меѓутоа заради кризата парите секнаа, и кога нема пари, сите медиуми се во агонија.Сега им текна за тиражите и гладаноста на медиумите.За нискиот морал на новинарите и да не зборуваме(секоја чест на исклучоци)Во деликатна состојба во каква што е државата, власта се плаши да чепне во финансиските дубиози на медиумските куќи бидејки овие одма одат на плачење во Брисел, од каде што одма се испорачуваа нов бенч марк за загрозеноста на слободата на говорот.Не е чесна работа да новинарите го оставија на цедило сопствениот народ во вака тешки времиња за нас.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.10.2010 19:04:29
Во целава оваа медиумска комедиографија едно се испушта од вид ,барем по мене.Како мможе А1 да прави акробации на партиско дури државно ниво.Прво беа за власта а ја демаскираа секидневно опозицијата.Сега имаме обратна слика власта се демаскира а се навива за опозицијата.Интересно е да се прашаат и двете страни дали воопшто веруваат во вакво нешто.А за државата беше за неменување никако на името а сега се за.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (5)
Првачињата ќе останат без учебници
Поштари без сметки
Џенифер Анистон не е убавица
Судски пресврт во случајот со Спаска Митрова?
Дерил Хана доаѓа на „Браќа Манаки“
Фиџи не знае каде им е независноста
Крадам од сонот за да добијам време
Храброст
Огорчените гласачи раскрстија со политичарите
Магистрите правници не може да бидат судии?
Запленети еден милион лажни лекови
Ал Џезира со Горан Милиќ во поход на Балканот
Местото на Македонија е во ЕУ
Металург го прегази Вардар во дербито
Потребно е време за фондовите
Карикатура
Во Нов Зеланд алкохолот поевтин од водата
Стил






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia