Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Ирачките иследници малтретирале затвореници

Рутински тортури со електрошокови и сексуално малтретирање се извршуваат во тајниот затвор во Ирак

БАГДАД - Рутински тортури, вклучувајќи електрошокови и сексуално малтретирање, се извршуваат врз затворениците кои се во тајниот затвор во Багдад, соопшти Хуман рајтс воч. Заклучоците на групата се базираат врз разговорите со повеќе од 40 лица, вклучувајќи и Британец, кој посочи дека иследниците на ирачката армија биле одговорни за тоа. Хјуман рајтс воч соопшти дека сториите на луѓето се веродостојни и доследни. Ирачките власти негираат дека има тајни затворски центри, но и во минатото имаше тврдења за малтретирања. Во 2006 година, специјалниот претставник на ОН за подготвување извештаи за тортура изјави дека ситуацијата е „надвор од контрола“ и можеби е полоша отколку времето на Садам Хусеин.

Повеќе од 400 затвореници се вели дека се наоѓаат во таен затворски центар во воздухопловната база во Багдад. Еден од затворениците, 68-годишен маж со двојно британско и ирачко државјанство, изјави дека бил безмилосно тепан, пуштајќи му електрична струја низ гениталиите. Хјуман рајтс воч соопшти дека тој и неговите колеги-затвореници биле обвинети за помагање и поттикнување тероризам, иако никој не бил обвинет официјално.

Би-Би-Си разговараше со голем број други лица кои беа ослободени од истиот затворски центар и тие раскажаа слични стории. „Тортурата почнуваше кога тие ни ставаа пластични кеси врз главите. Потоа не' измачуваа со електрошокови откако ќе истуреа вода врз нашите тела“, изјави еден маж.

Затворскиот центар сега е затворен. Некои од затворениците се ослободени, додека мнозинството од нив се префрлени во друг затвор. Ирачките власти негираат дека има тајни затворски центри или дека малтретирањето во нивните затвори е ендемично. Хјуман рајтс воч ги окарактеризира доказите како „веродостојни и доследни“, а тортурата е „рутинска и систематска“. Британската амбасада во Багдад соопшти дека има сознанија за тоа оти лице со двојно британско и ирачко државјанство се наоѓа во затвор во Ирак и дека официјални конзуларни лица го посетиле и му укажуваат помош. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 296 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Русија ги објави тајните документи за убиствата во Катин
Австрија го обвинува Кадиров за убиство
Озаконет крадец
Кавказ - татковина на руската мафија
Хезболах има повеќе проектили отколку повеќе други земји