Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Русија ги објави тајните документи за убиствата во Катин

Русија објави тајни документи за масакрот во Катин во 1940 година, во кој околу 22.000 полски офицери беа убиени од советските сили. Државната архива соопшти дека „пакетот број 1“ досега беше достапнен за специјализирани истражувачи. Советскиот Сојуз со децении ја негираше улогата во масакрот. Односите меѓу Русија и Полска се затоплија откако полскиот претседател и други високи официјални лица загинаа во авинската несреќа за да присуствуваат на комеморацијата по повод масакрот во Катин.

На документите што ги обелодени државната архива им беше симната ознаката „строго доверливо“ во 1990-тите години, иако само специјализирани истражувачи имаа пристап до нив, се наведува во информациите. Тие беа објавени на Интернет по наредба на рускиот претседател Димитриј Медведев. Полска во неколку наврати бараше од Русија да ги отвори сите досиеја за Катин. Во почетокот на овој април, премиерите на Русија и на Полска првпат заеднички го одбележаа настанот.

Неколку дена подоцна, полскиот претседател Лех Качињски и повеќе од 90 други високи официјални лица загинаа кога нивниот авион се урна додека се обидуваше да слета во западниот дел на Русија за да присуствуваат на друг настан за одбележување на масакрот. Во април 1940 година, убиствата беа изведени од припадници на советската тајна полиција по наредба на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Тие ги убија припадниците на полската елита, офицери, политичари и уметници, со истрел во тилот и ги фрлија нивните тела во масовна гробница. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 714 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Австрија го обвинува Кадиров за убиство
Ирачките иследници малтретирале затвореници
Озаконет крадец
Кавказ - татковина на руската мафија
Хезболах има повеќе проектили отколку повеќе други земји