Озаконет крадец
Бандитските лидери тврдат дека во советско време тогашната полиција поради лесна контрола „стимулирала“ бандитите да имаат свои водачи, што ги нарекувале „вори в законе“. Буквално преведено тоа значи „озаконет крадец“ што, всушност, е бандитски авторитет. Повеќето од нив никогаш не се женеле, а ретко консумирале и алкохол. Сите тие непишани правила паднаа во вода кога се урна социјализмот и почна општиот грабеж. Бандитите почнаа меѓусебно да војуваат за сфери на влијание т.е. контрола на бизнисот. Сега за бандитските водачи романтични приказни шират само оние за кои времето застана пред триесетина години. |