Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Хезболах има повеќе проектили отколку повеќе други земји

Американскиот секретар за одбрана предупреди дека Хезболах сега има повеќе ракети и проектили отколку повеќе други земји. Роберт Гејтс ги обвини Сирија и Иран за обезбедување оружје со „се' поголеми капацитети“ за военото крило на либанското шиитско исламистичко движење. „Очигледно е дека ова е дестабилизирачки за целиот регион“, изјави тој по разговорите со неговиот израелски колега. Хезболах соопшти дека залихите со проектили не се големи како оние на САД или на Израел, и вети дека ќе продолжи да се вооружува. Гејтс не посочи дали Сирија го снабдува Хезболах со балистичките проектили „скад“, како што тврди Израел. Во 2006 година, Хезболах водеше 34-дневна војна со Израел кога повеќе од 1.200 Либанци, главно, цивили, беа убиени. Околу 160 Израелци, повеќето од нив војници, исто така, ги загубија животите.

Резолуцијата 1.701 на Советот за безбедност на ОН, со која се стави крај на конфликтот, вклучуваше и ембарго за оружје за Либан, освен за трансферите овластени од либанската влада или ОН.

По средбата со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак во Вашингтон во вторникот, Гејтс изјави дека Сирија и Иран „го снабдуваат Хезболах со ракети и проектили со се' поголеми капацитети“. „Сега се наоѓаме во ситуација кога Хезболах има повеќе ракети и проектили отколку повеќе други земји во светот и ова, секако, е дестабилизирачко за целиот регион и многу внимателно ја следиме ситуацијата“, изјави тој на прес-конференцијата во Пентагон.

Барак предупреди дека Сирија го вооружува Хезболах со „ракетни системи кои може да ја преиначат или нарушат многу деликатната рамнотежа во Либан“. Меѓутоа, тој ја потцени можноста за војна околу наводни трансфери. „Немаме намера да испровоцираме каков било голем судир во Либан или визави Сирија. Меѓутоа, многу внимателно го следиме развојот на настаните и сметаме дека тие не придонесуваат за стабилноста во регионот“. Барак, исто така, реши да не ги повтори тврдењата, дадени од израелскиот претседател Шимон Перес минатата недела дека Сирија „шверцува проектили ’скад‘ за Хезболах со што му се заканува на мирот“. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 365 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Русија ги објави тајните документи за убиствата во Катин
Австрија го обвинува Кадиров за убиство
Ирачките иследници малтретирале затвореници
Озаконет крадец
Кавказ - татковина на руската мафија