Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Австрија го обвинува Кадиров за убиство

МОСКВА - Австриските власти го обвинија претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, како организатор на киднапирањето и убиството на својот поранешен телохранител Умар Исраилов. Луѓето што го ликвидираа Исаилов биле во врска со претседателот на Чеченија. Дури 15 месеци военото обвинителство на Австрија го истражуваше убиството на Чеченецот Умар Исраилов. Сега Австријците признаваат дека до таков заклучок дошле на индиректен начин.

Наводно, планот бил само да се киднапира поранешниот телохранител Умар Исраилов, но на крај тој, сепак, беше ликвидиран. Организатор на акцијата бил Австриецот Ото Калтенбрунен, кај кого полицијата најде фотографија на која тој е со претседателот Кадиров. Чеченските емигранти во Австрија сметаат дека Австриецот Ото Калтенбрунен, всушност, е од Чеченија и оти вистинско презиме му е Едилов.

Полицијата сега тврди дека во Австрија бил „штабот“ на чеченските киднапери што долго време ја планирале акцијата, бидејќи претходно собирале податоци. Тие луѓе што работеа за Кадиров бараа политички азил од властите во Австрија.

Спомнатиот Австриец Ото Калтенбрунен на киднаперите им го дал својот автомобил „волво“ што го возел Чеченецот Муслим Дадаев. Полицијата во автомобилот пронашла авионски билет на Шао Турлаев, кого некои го сметаат за советник на Кадиров.

Поранешниот телохранител на претседателот Кадиров, кој беше ликвидиран на 13 јануари 2009 година во Виена живееше во Австрија како политички имигрант. Кога излегуваше од продавница во него беа истрелани три куршуми. Тој му забележал на својот поранешен шеф, бидејќи го тужеше Кадиров пред Европскиот суд за човекови права. Телохранителот тврдеше дека Кадиров е виновен за мачење и за киднапирање на луѓе во периодот од 2003 до 2005 година.

Претседателот Кадиров вели дека сите обвиненија се измислица и дека тој нема никаква врска со убиството. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 543 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Русија ги објави тајните документи за убиствата во Катин
Ирачките иследници малтретирале затвореници
Озаконет крадец
Кавказ - татковина на руската мафија
Хезболах има повеќе проектили отколку повеќе други земји