Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Заедничките пари ќе одат за Тетовскиот универзитет

ТЕТОВО - Средствата за капитални инвестиции на јавните универзитети во Македонија треба да се насочат кон најприоритетните потреби. Потребно е да се подобри комуникацијата меѓу универзитетите. Професорите треба да држат предавања и на другите универзитети, не само заради промена на средината туку и заради поквалитетна настава, зголемување на платите... Ова беа само дел од прашањата на кои вчера на Државниот универзитет во Тетово расправаа ректорите на јавните универзитети во земјава - Сади Беџети (Тетово), Велимир Стојковски (Скопје), Златко Жоглев (Битола) и Сашо Митров (Штип).

Според министерот Перо Стојановски, било договорено еднаш месечно да се одржуваат работни состаноци на вакво ниво. Инаку, соработката меѓу јавните универзитети во Македонија се официјализира со ректорска управа, а за прв претседател беше избран Златко Жоглев. Според Сади Беџети, ректорите вчера се договориле во сферата на капиталните инвестиции, средствата од сите четири универзитети во износ од 1,7 милиони евра да се насочат кон Тетовскиот универзитет. Тие ќе бидат наменети за враќање на направените долгови, како и за продолжување на доградбата на објектите наменети за правен и економски факултет. Овие објекти треба да бидат готови до почетокот на идната академска година, за што ДУТ ќе добие дополнителни 700.000 евра од Министерството за образование. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 72 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Прилепските сарми подготвени, се чека судија
Д-р Димитриевска в.д. директор на Пулмологија до утре?
Стоматолозите се против целосна приватизација
Во Охрид ќе се гради ново пристаниште со бензинска пумпа
Пишман за рецептите во боја
Проблеми со лековите за болните од остеопороза