Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Стоматолозите се против целосна приватизација

Стоматолозите сметаат дека лекарите и пациентите не се подготвени за приватни стоматолошки услуги

Јасмина Јовановска

Матичните стоматолози бараат да се стопира државната стратегија за стоматолошка заштита со која за околу три години се планира целосна приватизација на примарната стоматологија. За ова, сметаат матичните стоматолози, не се подготвени ни лекарите, ни пациентите и затоа барале да се сретнат со министерот за здравство, д-р Бујар Османи. Но, и покрај тоа што доставиле неколку барања до Министерството за здравство, матичните стоматолози досега немаат никаков повратен одговор. Матичните стоматолози единствено се сретнале со одговорните за стоматолошка заштита во Министерството за здравство од каде што им биле ветени одредени работи кои биле сосема контрадикторни со политиката на Фондот за здравствено осигурување. Затоа, доколку до среда не се сретнат со министерот, матичните стоматолози ќе протестираат пред Министерството за здравство.

И додека од Министерството за здравство немаат слух за барањата на матичните стоматолози, со Фондот за здравствено осигурување, тие веќе се договорија за проширување на примарниот стоматолошки пакет и за одредени корекции во договорите. Покрај амалгамските (црни) пломби, на товар на Фондот, стоматолозите ќе може да лекуваат и со посовремени пломби, а ќе може да препишуваат и рецепти за одредени лекови. Дали тоа ќе биде на товар на партиципацијата за пациентите се' уште не е одлучено. Неофицијално дознаваме дека за амалгамските пломби партиципацијата ќе остане иста, додека за белите и композитните, партиципацијата нема да надмине повеќе од 450 денари.

„Конечно, и Македонија ќе го фати европскиот чекор во стоматологијата, од што најголем бенефит имаат осигурениците“, истакна на вчерашната прес-конференција директорот на ФЗОМ, Геор��и Тренкоски.

Според доктор Ѓорѓи Тодоровски од Здружението на матични стоматолози „Свети Антип“, и покрај денешните разговори, останал најгорливиот проблем на матичните стоматолози - висината на капитацијата. „Најавена беше мапата на здравствените установи и други промени во самиот систем затоа што се планираше превентивата да ја задржат во јавното здравство. Но, нашите сознанија се дека нема капацитет во сите градови да се отворат јавни здравствени установи, односно здравствените домови немаат простор, опрема и кадар да ги прифатат пациентите“, посочи д-р Марјан Денковски од Стоматолошката комора, и додаде дека се' уште има простор за менување на стратегијата.


Статијата е прочитана 46 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Прилепските сарми подготвени, се чека судија
Д-р Димитриевска в.д. директор на Пулмологија до утре?
Во Охрид ќе се гради ново пристаниште со бензинска пумпа
Пишман за рецептите во боја
Заедничките пари ќе одат за Тетовскиот универзитет
Проблеми со лековите за болните од остеопороза