Пишман за рецептите во боја
Министерството за здравство, по се' изгледа, се пишмани за рецептите во боја. По реакциите од невладиниот сектор и одредени државни институции дека со розовите и зелените рецепти се открива дијагнозата и се прекршува приватноста на пациентите, Министерството, се чини, е подготвено да го повлече Правилникот за рецептите во боја, кој вчера стартуваше во практиката. Затоа Министерството одлучи Правилникот да го даде на јавна расправа пред засегнатите институции и организации. Доколку бидат искажани поголем број аргументирани тврдења и факти кои им донесат придобивки на пациентите и на граѓаните, велат во Министерството, тие се подготвени да изготват и нов правилник.(Ј.Ј.) |