Д-р Димитриевска в.д. директор на Пулмологија до утре?
И покрај тоа што во понеделникот министерот д-р Бујар Османи јавно кажа дека актулената в.д. директорка на Пулмологија ќе биде разрешена поради незаконско делење на спонзорски пари наменети за организирање конгрес, до вчера д-р Деска Димитриевска не беше сменета. Неофицијални партиски извори велат дека со разрешувањето на д-р Димитриевска, министерот Османи тактизира под притисок на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Министерството за здравство тврдат дека решението за резрешување е изготвено и дека најдоцна до утре таа ќе биде сменета. „Во тек е конкурсот за нов директор на клиниката кој, најверојатно, треба да биде назначен утре. За да не се именува нов в.д. директор за неколку дена, д-р Димитриевска технички ќе ја врши оваа функција до назначување нов директор“, објаснуваат од Министерството. (Ј.Ј.)
|