Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Во Охрид ќе се гради ново пристаниште со бензинска пумпа

Пловните објекти се закотвуваат во Студенчишкиот канал или по дворови

Симон Илиевски

ОХРИД - За изградба на ново пристаниште со бензинска пумпа и место за закотвување пловни објекти Министерството за транспорт и врски ќе издвои 11,8 милиони денари. Ова при неодамнешната посета на Охрид го вети министерот Миле Јанакиески. Според Генералниот урбанистички план, третото пристаниште треба да се гради на просторот меѓу Градската плажа и Извидничкиот центар.

Со тоа е отворено прашањето дали конечно ќе се реши повеќедеценискиот проблем со закотвувањето на пловните објекти кои сега се во Студенчишкиот канал или по дворовите на сопствениците. Во охридската јавност нема оптимизам дека проектот ќе се реализира затоа што за локацијата нема изготвено детален урбанистички план ниту, пак, е договорено кој ќе гради и кој ќе стопанисува со овој објект.

„Не веруваме дека ваков проект брзо може да се реализира. Изградбата на пристаниште подразбира донесување детален урбанистички план. Притоа, треба да се дефинира кој ќе стопанисува со објектот. Целата постапка треба да ја води општината и таа да стопанисува“, велат од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.

Од Министерството за транспорт и врски немаат конкретен одговор кога би се завршиле процедурите, колку ќе се инвестира и кога ќе биде завршен објектот.

„За изградбата на третото пристаниште во Охрид е потребно општината да донесе детален урбанистички план. Во приоритетната изработка на урбанистичките планови за годинава Министерството издвои 180.000 денари, но досега нема добиено предлог-план од општината. Се надеваме дека до крајот на годинава тие средства ќе бидат искористени и наменети за изработка на детален урбанистички план“, се вели во писмениот одговор од Министерството за транспорт и врски.

Во Капетанијата на македонските пристаништа со седиште во Охрид објаснуваат дека идејата е добра, но не ги знаеле деталите за изградба на третото пристаниште. Првиот човек на капетанијата, Љупчо Настоски, објаснува дека со трето пристаниште ќе се реши еден од најгорливите проблеми, снабдувањето на пловните објекти со гориво. Имено, тоа сега се прави без обезбедување, со канти и буриња и претставува потенцијална опасност.

Изградбата на пристаништето е потреба, но засега тоа е само иницијатива. Малкумина веруваат дека наскоро ќе се реализира затоа што несогласувањата меѓу локалната власт и Министерството за транспорт и врски се очигледни и за други проекти. Сомнежот се поткрепува со последниот случај за Деталниот урбанистички план кај „Бејбунар“ кога во последен момент Министерството за транспорт бараше планот да се поништи. Тој потег локалната власт го протолкува како политички притисок на централната власт пред претстојните локални избори.


Статијата е прочитана 129 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Прилепските сарми подготвени, се чека судија
Д-р Димитриевска в.д. директор на Пулмологија до утре?
Стоматолозите се против целосна приватизација
Пишман за рецептите во боја
Заедничките пари ќе одат за Тетовскиот универзитет
Проблеми со лековите за болните од остеопороза