Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Убиен радовишанец, осомничени сопругата и синовите

Полицијата истражува зошто бил убиен Јован Монев (55), познат под прекарот Спортски

РАДОВИШ - Педесет и петгодишниот Јован Монев, познат по прекарот Спортски, завчера попладне беше убиен во Радовиш. Според досегашните сознанија на истрагата, осомничени за убиството се неговата сопруга Р.М. (54) и двајцата синови Г.М. (34) и Д.М. (20). Синовите се приведени во полициската станица во Радовиш, а нивната мајка, поради нарушеното здравје, е задржана на болничко лекување во радовишката болница. Против сите ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело убиство. Причините за убиството се' уште се утврдуваат. Наводно, станува збор за долгогодишна нетрпеливост во семејството.

„Јован бил усмртен со удар од остар предмет во пределот на десната страна од главата и вратот. Во една просторија од станот била пронајдена секира со траги од крв, која е одземена и предадена на вештачење. Во станот се наоѓале неговата сопруга и двајцата синови“, не' информираше вчера Хризантема Рендевска, портпарол на СВР-Струмица. По наредба на истражен судија телото на починатиот било предадено на обдукција. Истражните органи се' уште работат на целосно расветлување на случајот, кое треба да ги открие и мотивите за убиството. Соседите во зградата, во која живееле Моневи, раскажуваат дека тие подолго време живееле во нарушени семејни односи кои, за жал, кулминирале со убиство.

Радовишани велат дека Монев бил познат боречки судија и оти бил вработен во рудникот „Бучим“. (Е.П.)


Статијата е прочитана 671 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Двајца градски функционери во притвор поради барање за донација
На студентите им се суди оти викале на скопскиот плоштад
Притвор за осуммина во акцијата „Канис“
Тешко повреден работник во „Бањани“
Распит за убиството на „тигарот“ Марковски