Двајца градски функционери во притвор поради барање за донација
Златко Соколиќ се товари за посредување, а Јован Христовски за злоупотреба на службената положба
Љубиша Станковиќ Деспина Трајковска
Поранешен и сегашен градски функционер завршија во притвор и за нив е поведена истрага поради сомневање дека учествувале во сомнителен тендер за набавка на сообраќајна сигнализација во Скопје. Станува збор за Златко Соколиќ (50), бивш консултант за економско-финансиски работи на поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски и Јован Христовски (37), раководител на Секторот за сообраќај на град Скопје и претседател на Комисијата за јавни набавки. Тие завчера беа приведени поради сомневање за злоупотреба на 8.200 евра. Според барањето за истрага поведено од страна на Јавното обвинителство, Соколиќ се товари за противзаконито посредување, а Христовски за злоупотреба на службената положба. По дадена одбрана, истражниот судија им одреди на двајцата осомничени 30-дневен притвор и тие од вчера се во затворот „Скопје“.
На приведувањето на двајцата градски административци во судот, претходело нивно апсење откако биле побарани пари за донација. Според полицијата, Златко Соколиќ ја искористил својата положба и влијание и посредувал при склучување договор за набавка на семафорска опрема, а кој договор требало да биде одобрен од Христовски. Токму Христовски бил тој што иницирал постапка за набавка, а во договор со Соколиќ, го пролонгирал потпишувањето на договорот со скопската фирма „Електрософт“. Станува збор за фирма која во 2005 година поставила семафори на четири раскрсници на подрачјето на град Скопје, но тие го условиле сопственикот на „Електрософт“, како донација да уплати 500 илјади денари.
Имено, „Елекрософт“ имал долга соработка со Градот, но и континуирани ненаплатени побарувања. Пред четири години, „Елекрософт“ поставила семафори кај Железничката станица, кај булеварот кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ и во населбата Хром, но за опремата на две раскрсници се' до минатата година немало постапка за јавна набавка.
Осомничениот Христовски, во октомври минатата година, доставил барање за јавна набавка до Секторот за јавни набавки, иако знаел дека работата е веќе извршена уште во 2005 година. На постапката за избор на најповолен понудувач била избрана токму „Електрософт“, но писмен договор не бил склучен. Управителот на фирмата остварил контакт со Златко Соколиќ, кој, пак, му укажал на тоа дека доколку сака да биде склучен договорот, треба да уплати износ од 500.000 денари на име донација, информираат од МВР.
На 30 март оваа година година бил склучен договор со Јавната установа „Зоолошка градина - Скопје“, а веќе следниот ден „Елекрософт“ ги уплатил бараните средства, а на 6 април „Елекрософт“ бил известен дека договорот за јавната набавка е потпишан и од градоначалникот на Скопје. Барањето за уплата на половина милион денари во МВР го пријавиле од „Електрософт“, по што била спроведена акцијата.
„Не сакам да коментирам ништо во врска со случајот додека во целост не заврши судската постапка“, ни изјави вчера кусо поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски. Истовремено, тој одби и да ги коментира шпекулациите оти, наводно, власта со притворањето на некогашните негови соработници започнува хајка против него.
Ma samo donacija barale, nevini se, greota se, nemojte da gi sudite ni kudite. Angelcinja na Trifun! Slicno na Bucko i Zaev, se e ova pritisok politcki, neli???
Од: Mene
Датум: 04.07.2009 01:46:05
Ajde, pocna pak sezonata na apsenja... Pa da, ima mnogu cirkusi, koi treba da se prekrijat so eftinite pretstavi na setanje na do vcera ugledni lugje, vo lisici. Pazi bogati, Sokolic go apsat poradi toa sto pred cetiri godini, nekoja firma donirala pari na Zooloska?! Dobro... I kade e tuka kriminalot?! Parite ne bile kaj nego, tuku uredno uplateni vo Zooloska. Ok. Dogovorot koj go ocekuvala doticnata firma, voopsto ne go potpisuval Sokolic, nitu imal pravo na toa, tuku gradonacalnikot. Ok. I seto toa pred cetiri godini?! Ok... I sea, sho?... Abe, kakva e ovaa shizofrenija..?! Ima li nekoj normalen vo drzavava!?
Од: Disney Channel
Датум: 04.07.2009 07:47:57
Ova e neverovatno. Vo pritvor zatoa sto pobarale donacija za zooloskata gradina, da moze da se raduvaat decinjata na zivotnite. Disney od ovaa prikazna ke napravi film koj ke se pameti.
Од: xxl
Датум: 04.07.2009 09:13:24
Abe brat kakva shizofrenija da ne treba i da gi zalime .pa tamu ima kriminal do nebo samo sto nekoj saka da selektira,Pa nie sto rabotime vo gradot ne pieme nafta,Naftata ja pijat onie lopurdine od pozarna, Ne glumite ludilo ceslajtegi toa tenderite zosto nekoj posle vas ke gi rascesla pa da ne bide ''oflele tate''
Од: miki
Датум: 04.07.2009 09:57:21
Ova e uste eden stalinisticki obid da se degradiraat dobri i uspesni luge.Dali e mozno za donacija uredno platena vo javna institucija da se opredeli merka pritvor a Ivica Koneski za milionski proneveri da se nagradi so gradonacalnicko mesto,Mile Janakieski,go znam kako sograganin i mu go znam kleptomanskoto poteklo,za 21 milion evra da sedi udobno vo ministerskata fotelja.Sramota za sudstvoto.Ke dojde den koga ovie sudii sto sudat pod pritisok da gnijat po zatvorite a isto i nivnite naredbodavci.
Од: Kliment
Датум: 04.07.2009 10:55:35
Читам и се чудам на коментариве на оваа вест. Па луѓе вие почнавте да ги браните овие обвинетиве уште одма по дифолт. Демек зашто ги апсат - то било донација за зоолошка за децинјата да се радвет на животните. или се работат за дебилизам или пак некој си ја имат мувата на капата - се надевам не се то сите 200.000 гласачи на сдс
Од: zelenko
Датум: 04.07.2009 11:15:58
Podneseni se dve Krivicni Prijavi protiv Firmata KONARTIS i Goce Zelenkovski,a MVR se uste ne postapuva portparolot IVo Kotevski duri i laze deka nemalo prijava za KONARTIS.A ovie dvajca se apsat za 500000 denari,podnesenata prijava za izmama na KONARTIS tezi 500000 evra.
Dali MVR i funkcionerite na segasni i bivsi se plasat od AFERATA KONARTIS.zatoa sto zemaa stanovi i deloven prostor na KASA PRIMI,bez parite da pominat legalno preku Banka i (dali stvarno gi uplatile ili fiktivno kako mene).
od esen ke bide zesko so aferata KONARTIS.
Za se sto napisav imam i DOKAZ.