Тешко повреден работник во „Бањани“
Педесет и тригодишен работник во рудникот „Бањани“, кај Скопје, се здобил со тешки повреди и неговиот живот е во опасност. Според МВР, несреќата во рудникот се случила завчера околу 14 часот, кога Ж.К. (59) изгубил контрола врз градежната машина што ја управувал и удрил во заштитната метална ограда на локалниот пат, по што дошло до превртување. Работникот В.Ќ. (53), кој седел во корпата, паднал пред машината, која го потиснала и му ја пресекла десната нога. Веднаш бил транспортиран во Ургентниот центар и се наоѓа во животна опасност.
Во четвртокот се случила уште една несреќа, во која тешко бил повреден работник на стадионот „Филип Втори“ во Скопје. На 28-годишниот работник му паднала штица и го повредила. (Г.А.)
|