Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Белград ги подели лустраторите

Од изјавите на Малковски вчера се оградија Комисијата за лустрација и Архивот на Македонија

Оливера Војновска


Комисијата за лустрација и Архивот на Македонија се оградуваат од изјавите со кои се фрла сомнеж врз успешноста на процесот на лустрација.

Два дена по изјавата на лустраторот, професорот Ѓорѓи Малковски, дека најголем дел од досиејата се во Белград и дека оттаму нема да ги добиеме, од Комисијата за верификација на фактите излегоа со оцена дека тоа е негова произволна изјава, а не став на Комисијата.

Вчера се огласи и Архивот на Македонија од каде што најостро протестираа на тврдењето на Малковски дека „Архивот не може да го добие архивскиот материјал од поранешна Југославија“, квалификувајќи ги како апсолутно невистинити.

„Како Комисија целосно се оградуваме од изјавите на Малковски, бидејќи тоа се негови произволни оцени. Се работи за лични видувања, за такво нешто воопшто не се дискутирало на Комисијата“, ни изјави Чедомир Дамјановски, заменик-претседател на Комисијата за верификација на фактите.

Од настапот на Малковски се оградува и директорот на Архивот, Зоран Тодоровски. „Изјавата на Малковски е неодговорна, произволна и не одговара на фактичката состојба и може да ја наруши досегашната добра соработка со Архивот на Југославија. Уште во 2004 година имаме договор за меѓусебна соработка со Архивот на Србија и Црна Гора (сега Архив на Србија). Во текот на 2005 и 2006 година, наши истражувачки екипи беа во Архивот од каде што донесоа голем број копии и документи значајни за историјата на Македонија. Снимени се 7.500 документи од поновата историја, период меѓу двете светски војни и по Втората светска војна“, вели Тодоровски. Притоа, додава дека процесот на сукцесија на архивската граѓа е завршен и нашите историчари немаат никакви проблеми за да истражуваат.

Малковски во понеделникот на првата прес-конференција на Комисијата за лустрација, зборувајќи за досиејата, рече: „Во основа, она што ни е потребно и јавноста треба да знае е дека најголемиот дел од досиејата се наоѓаат во Белград. И тоа во комплетна форма, поради тој реципроцитет што постоел во поранешна Југославија, и за кои, се разбира, не знаеме во колкав број се, во каква состојба и за кои лица се тие досиеја“. На новинарско инсистирање да ги поткрепи тврдењата, Малковски рече: „За сите досиеја што беа водени во Македонија до 1991 година, истовремено беше препраќана копија и во Белград. Тоа се оперативни досиеја за кои службата во Белград си води евиденција, не само за Македонија, туку и за сите држави од поранешна Југославија. И нема да ни ги дадат затоа ш��о засега нивната политика таква. И Архивот се' уште не може да добие архивски материјали од поранешна Југославија“.

Уште на пресот неговите колеги од Комисијата за лустрација се обидоа да го релативизираат тоа што тој го кажа. Цело време повторуваа дека „не се разбираме“ и објаснуваа дека допрва ќе побараат соработка со службата во Белград.

Иницијаторот на лустрацијата, Стојан Андов, укажува дека Комисијата има ингеренции да соработува со нашите институции: УБК, Архивот, Агенцијата за разузнавање и Секторот за безбедност и контраразузнавање при Министерството за одбрана, а тие треба да побараат документи од странски служби.

Вчера претставници од Комисијата за лустрација имале средба со Тодоровски на која била искажана подготвеност за целосна соработка.

По изјавите на премиерот, спикерот и дел од пратениците, вчера изјава за тоа дека не бил соработник на тајната полиција, ниту наредбодавец или корисник на информациите доставил и претседателот Ѓорге Иванов.


#
Статијата е прочитана 1104 пати.

Испрати коментар

Од: Стојан
Датум: 03.09.2009 07:28:48
Комисија формирана барем од иторичарот кој кажа мноштво неточности (глупости) барем засега а отсега кој знае) и таканаречениот историчар гледаат само материјален бенефит (профит од високите плати) и можност да не се компромитираат со глупостите со кои се зафатија. Вероватно е и за другите. Ќе видиме.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 03.09.2009 10:10:14
Секако се наметнува прашањето: Што е со Документите на Оние што се водат Од 1991 наваму! Зарем државната безбедност сопре со работа `91-та?? Па беа министри и шефови на службата и бивши Професори по Марксизам!! Уште едно Прашање: не можам да се сетам, Чиј Вујко беше еден поранешен Шеф на безбедност? Кој кого ќе „лустрира“? Како тоа: парламентарец - Бивш премиер, со цврсто Б, преку ноќ (поради сиромаштија-кутриот) стана Државјанин на Друга земја? Ако продолжам со прашањава, лесно ќе стигнеме до одговорот дека во Македонија Нема Промени и дека живееме во Мафијашко-Капиталистички - Социјализам, каде по пат на Мимикрија, на власта и немаме некои позначајни промени, бидејќи не осознавме дека промената е најпотребна во Менталитетот!
Од: Citatel
Датум: 03.09.2009 16:25:05
Site dosiea se vo Makedonija! Cista laga e deka dosieata se vo Belgrad. Sekoja republika si imase svoi dosiea a samo kopii bea prakani vo belgrad. Mora da se lustriraat kodosite, pod itno!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Полска - поЧетокот на краЈот на комунизмот (9)
Насловна
Зденко
Оставките во мода
Грција се подготвува за можен пораз во Хаг
Рен
СДСМ
Избори со милион нејаснотии!
Цела Европа на собир во Скопје
Музеите, автобусите, жичарницата... во аут со вториот ребаланс
Кои се круцијалните прашања на МАНУ
Зошто Македонија не беше во Гдањск?
Синдромот на белата кокошка
Кодошите нема јавно да се објавуваат