Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Зошто Македонија не беше во Гдањск?

Поканите за учество на церемонијата биле испраќани до амбасадорите, а ние во Полска немаме амбасадор, велат од МНР

Тамара Грнчароска



Од технички причини, македонска делегација не присуствуваше на одбележувањето на 70-те години од почетокот на Втората светска војна во полскиот град Гдањск, објаснува Министерството за надворешни работи. На собирот со кој се одбележуваше почетокот на најкрвавата војна во историјата на човештвото, а во која Македонија успешно се бореше на страната на победниците, присуствуваа дваесетина премиери и претседатели од светот, пред се', од Европа, меѓу кои рускиот премиер Владимир Путин, германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот премиер Франсоа Фијон, шефот на британската дипломатија, Дејвид Милибанд, додека од регионот настанот со свое присуство го одбележаа хрватската премиерка Јадранка Косор и словенечкиот премиер Борут Пахор.

Македонија како европска држава и како дел од антифашистичката коалиција за време на Втората светска војна, но во Полска не испрати своја делегација поради тоа што „поканите за учество на церемонијата биле испраќани до амбасадорите, а ние во Полска немаме амбасадор туку вршител на работи, до кој не била пратена покана“, информираат од МНР. „Неодењето е чисто од технички причини“, наведуваат оттаму.

Ваквото објаснувањето од МНР го добивме вчера откако од страна на Владата не добивме одговор на истото прашање еден ден порано и за добивање информација бевме преупатени на адреса на Министерството.

Македонија со своето отсуство во Гдањск, без оглед на „техничките причини“, вторпат за четири години испушти шанса да биде дел од собирите на светските лидери кога се одбележуваат големи датуми од историјата. „Испуштивме“ два големи настана поврзани со Втората светска војна на кои, особено Европа, им посветува големо внимание. Првиот беше во 2005 година на одбележувањето на 60-те години од ослободувањето на конц-логорот Аушвиц кога неодењето на тогашниот претседател Бранко Црвенковски беше објаснето со неговата посета на Москва во мај кога се славеше денот над победата на фашизмот. Сега немањето амбасадор во Полска ја попречи Македонија да стане дел од голем европски настан.


#
Ста��ијата е прочитана 2252 пати.

Испрати коментар

Од: axaxaxax
Датум: 03.09.2009 07:43:09
epa stvarno li za tova??????????? ili zahtoto vakva zemia kao makedonia e vo va6ite sunihta?
Од: Благонадежен
Датум: 03.09.2009 09:17:03
Одговорот е појасен кога се знае Влијанието на потомците на оние кои го поддржуваат Фашизмот, како врвна Идеологија! Посебно силно присуство имаат оние со Б`лгарската фашистичка идеја за „Слободен“ Солун и Етно-Голема-Македонија! До вчера, Лектира им беа „вејките што се виткаат“, но сега ги читаат говорите на Гебелс, Мајн Кампф(хш)... Охраната и Браник сè уште непречено работат!
Од: obavesten
Датум: 03.09.2009 09:21:26
toa nee tocno.Imeno vrsitel na rabotite ima skoro ist kapacitet kako i ambasador sto znaci prisustvuva na site manifestacii(so ponizok protokolaren tretman), prima informacii i posta od MNR na yemjata domakin, a ovaa manifestacija ne e pripremena za 1 mesec, verovatno na nea Polska rabotela skoro 1 godina. Ovde se raboti pred se za nekompetentnost. Vo slucaj da RM nema Ambasada vo Polska vo toj slucaj za ovaa manifestacija komunikacijata odi preko onaa ambasada na RM koja ja pokriva Polska. Smesno objasnuvanje na MNR
Од: Оли Јулчовски
Датум: 03.09.2009 09:30:21
Неможноста Грујо да биде лично присутен и да дава изјава на новинарот од Сител и тој лично да ни каже како поминала средбата на пример, со Канадскиот Премиер,И лично со негови зборови(зошто имаме Премиер со големи ораторски способности)да пренесе дека имаме,,Огромна,,подршка.Што е?Канаѓаните не знаат да зборат,Или несакат да дават изјави.Или вестината е сосема друга,Диктаторит заедно со Сител повторно ни удира четки.Циркузијада.
Од: niki
Датум: 03.09.2009 10:22:41
dali za region se smeta i albanija.tamu bese i premierot na albanija ,ne znam zosto vi e tesko da go kazete toa.
Од: ilija
Датум: 03.09.2009 12:16:06
Taga od drzava e Makedonija...
Од: Одговор
Датум: 03.09.2009 12:16:40
Македонија не беше учесник во Втората светска војна. Македонија коко самостојна земја постои од 1991 година.
Од: verag
Датум: 03.09.2009 12:31:16
Бидејќи кај нас антифашистичката борба ја водеа комунисти, овие демохристијание не и придаваат големо значење. Најповеќе би сакале да се заборави, а не да се слави.
Од: ристе
Датум: 03.09.2009 14:26:03
I Boiko Borisov e tamu
Од: partizance
Датум: 03.09.2009 14:55:22
Tamu slavea sojuznicite od vtora svetska vojna, a Germanija (Merkel) se izvini za fasistickite zlodela sto Germanija gi napravi. Ovde kaj nas ,nekako se poveke i poveke Bugarija i fasistickiot rezim se velicaat, pa logicno e. Sto majka baraat tamu. Nie kaj i da e car Boris i Hitler ke pocneme javno gi velicame(Draza i Ustasite veke ni se pomili od Partizanite), a i istorijata nekako od den na den ni e se "ponova" i "ponova", se ponovi i ponovi "otkritija" ni soopstuvaat. Tito da go spomenes e najgolemiot grev denes.
Од: Pero
Датум: 03.09.2009 15:05:57
Bugarskiot pretsedatel e bil vo Polska
Од: Diogen-Makedonski
Датум: 03.09.2009 15:48:07
Delegacija na R.Makedonija ne prisustvuvase vo polska od prosta pricina sto vladeeckata VMRO i premierot plukaat na se sto e vrzano so partizanskiot osloboditelen pokret vo Makedonija,po narodnite heroi i padnatite i preziveani borci.Zatoa i Makedonija vo ovoj period e na marginite na evropa.A sto se odnesuva do Gruevski,toj narocno zamina vo Kanada,za da si go slavi rodendenot megju makedonskite emigranti/iselenici od koi 1/3 se probugarski,1/3 progrcki a 1/3 neopredeleni.Zatoa i ima tolku razlicni crkovni opstini tokmu vo Kanada ( Toronto) a cesto znaat i da se stepaat pomegju sebe.Ubav povod(rodenden) na gruevski za da si gi leci komp leksite megju "nasi" koi poima nemaat za realnite sostojbi vo Makedonija.Uste da im se dade pravo na glas,toa ke bide pogubno za Drzavata.Ziveev vo Toronto 12 godini i gi poznavam mnogu dobro sos tojbite so iselenicite i crkvata.Katastrofa.
Од: bubica
Датум: 03.09.2009 16:22:17
Prvo za Diogena,Abe tikvaru belosvetski dzabe si gi potrosil tie 12 god zivot vo Toronto,nisto ne si naucil od taa dekada,takvi kako Tebe gi pravele tie delbi i tepacki megu nasite,kodosi i nedomakini koj znaat da se sitat na bratskite bolki i nesreki i da gi velicaat zlata i crninata.E sega otkako te nema Tebe tamu se e dobro i harmonicno .Pa se nadevam i drugi zlobnici kako tebe ke se otselat od Toronto i ke bide pomirno i daleku poubavo.Sto se odnesuva do temata koja Ti nemozes da ja svatis,moja poraka e da MNR ednas za sekogas rascisti so polupismenite diplomati zosto Tie samo ja kocat zemjata vo svojot progres.Se dodeka ligusi,poltroni i polupismeni soncogledi uspevaat da plivaat se dotogas nie ke tapkame vo mesto.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Оставките во мода
Грција се подготвува за можен пораз во Хаг
Насловна
Полска - поЧетокот на краЈот на комунизмот (9)
Рен
СДСМ
Избори со милион нејаснотии!
Цела Европа на собир во Скопје
Кои се круцијалните прашања на МАНУ
Музеите, автобусите, жичарницата... во аут со вториот ребаланс
Белград ги подели лустраторите
Синдромот на белата кокошка
Кодошите нема јавно да се објавуваат