Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

5 прашања 5 одговори

Кодошите нема јавно да се објавуваат

Стојан Андов

Иницијаторот на лустрацијата, е убеден дека имаме документи за да се спроведе лустрацијата

Оливера Војновска

Како ги коментирате тврдењата на еден од лустраторите, професорот Ѓорѓи Малковски, дека најголем дел од документацијата е во Белград и доколку бидат побарани, нема да ни бидат дадени?

Прво, мислам дека треба да се поздрави почетокот на овој процес. Комисијата, сепак, собра сили и ја започна постапката и тоа е добра работа. Второ, мислам дека сега членовите на Комисијата треба да бидат свесни, особено по настапот на Малковски, дека тие дејствуваат како Комисија и одговараат за тоа што излегува како ефект од нивната работа. Сега членовите треба да се воздржуваат од изјави во врска со работата на Комисијата. И сите информации за јавноста треба да бидат соопштени од претседателот, преку соопштение или од друг член на Комисијата по овластување од претседателот, но не како лични мислења, туку како став на Комисијата. Ако се практикува да се изнесуваат лични мислења на членови на Комисијата, тоа може да биде само доколку тој конкретен член не се согласил со заклучоците и со наодите на Комисијата, се оградил, па оценил дека тоа негово мислење треба да и' го соопшти на јавноста. Инаку, се поткопува угледот на Комисијата и се шират сомневања во лустрацијата како законски утврден процес што треба да се спроведе и од кој многу очекува државата, јавноста, нашите пријатели во странство.


Дали тие досиеја, за кои се тврди дека се во Белград, се клучни за процесот на лустрација и може да го доведат под прашалник?

Системот беше таков што сигурно има документи во сојузната служба, но или копиите се тука или оригиналите. Не верувам дека немаме документи и дека не можеме да ја изведеме лустрацијата. Имаме конкретни документи, ако некои се во Белград, тогаш нивните копии се тука.


Се тврди и дека голем број од досиејата се прочешлани, дека недостигаат страници и нема да може да се спроведе целосна лустрација?

Тоа се непроверени изјави и тие работи се кажуваат со цел да се омаловажи овој процес и ако може однапред да се поткопа. Може некој да зел нешто од документите, но сите тие се заведени и има изводи. Онаму каде што недостига нешто, ќе се бара во кое време, од кого и кај отишол документот. Се знае изворот, секогаш може да се најде патот на документот, се разбира ако се бара. А доколку се бара изговор да нема лустрација, тогаш ќе се шират такви работи. Убеден сум дека може да се направи лустрација. Така мене ме убедуваа сите со ��ои разговарав кога го правевме законот, никој не ми рече дека овие проблеми се вистинска пречка за лустрација.


Ги дадовте изјавите, Комисијата допрва ќе ги проверува. Може ли да се развлече постапката и да падне во заборав?

Постапката за проверка на изјавите не може да трае бесконечно. Комисијата треба само да се држи до Законот. Изјавите мора да се проверат во роковите прецизно утврдени со Закон. Тие рокови мора да ги почитуваат органите со кои соработува Комисијата - УБК, Архивот, Агенцијата за разузнавање и Секторот за безбедност и контраразузнавање при Министерството за одбрана, а потоа самата Комисија, како и судот доколку настанат судски случаи. Така што, проверката не може и не смее да се развлекува. Јас сум оптимист дека ако се сака и ако свесно не се прават препреки, тогаш се' ќе се заврши.


Ќе дознае ли јавноста кои функционери соработувале со безбедносните служби?

Тоа што ќе го констатира Комисијата никаде не се објавува. Ќе му биде познато само на лицето за кое Комисијата констатирала дека соработувало со тајните служби. Таа ќе го повика и ќе го информира да си поднесе оставка. Или ако некои личности не поднеле изјави, Комисијата ги повикува за да им каже дека поради тоа треба да си поднесат оставка.

Значи, нема да биде објавено кој бил кодош. Јавноста ќе дознае дека некои функционери поднеле оставки, но веројатно како причина ќе бидат наведени лични мотиви. Законскиот ефект се постигнува. Целта е да се ослободи државната јавна структура од присуството на такви луѓе, а не да ги казнуваме. Во законот не постои никаков казнив елемент.

Комисијата јавно ќе објави само во случаите кога функционерите не сакаат да си поднесат оставки. Ако Комисијата утврди факти за конкретно лице дека е соработник, а тоа не прифаќа, тогаш поведува судска постапка. Ако судот одлучи дека Комисијата правилно ги утврдила фактите, а лицето и натаму не се согласува и не сака да поднесе оставка, тогаш Комисијата ќе биде принудена во „Службен весник“ да објави што констатирала и дека по судскиот спор, треба да престане функцијата.


#
Статијата е прочитана 1294 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 03.09.2009 00:20:35
Ne lov na vestici tuku SUPER lov na vestici. Tesko na toj funkcioner sto vo naredniov period navistina ce se razboli i ce si podnese ostavka. Ostaj sto ce si ja ima makata od bolesta tuku ce bide i proglasen za kodos. Ako pocne da se pravda, ce bide proglasen za uste pogolem kodos. Bravo Andov, odlicna idea. Iskreno mu pozeluvam dobro zdravje!
Од: Red Rose: : Ti kje kazhesh ovaka otkako jas kje ti kazham kako"
Датум: 03.09.2009 01:43:11
"Имаме конкретни документи, ако некои се во Белград, тогаш нивните копии се тука." Ama,treba Grujo da izleze heroj posle urgencijata vo Belgrad i da pokazhe na javnosta tuka deka samo so negoviot avtoritet i zalaganje uspeal da gi dobie dosijeata od Belgrad(iako gi ima kaj nas).Vo taa funkcija e izjavat na Malkovski i podgotvuavnjeto teren za zgolemuvanje na rejtingot na Gruevski.Se sto pravi i izjavuva e edinstveno so taa cel.Nishto drugo ne mu e vazhno:nitu ugledot na drzhavata koja ja izlozhuva na potsmev so nedokvakani izjavi.Bitno e toj da bide velichina i semokjen,dokazhuvajkji deka i srbo-komunistichkite sluzhbi kje mu dadat se na posluzhavnik.Samo za da se lustrirame spored zhelbite i potrebite na DPMNE i nego lichno(normalno,otkako gi sokrija nivnite dosijea i na Dzingo,Latas&comp).Smeshnmi se obidite da se pravi cirkus za samobendisaniot Premier od ovaka znachaen materijal.No,nivnata taktika i metodi se sekogash nasocheni da se presmetaat politichki so tie shto ne se ONI.
Од: demokrat
Датум: 03.09.2009 02:18:42
eh bre stole da si mi ziv i zdrav... i dodeka kodosite gi otcukuvaa tvoite politicki protivnici, a tvojata komunisticka vlast gi sudese na povekegodisna robija, ti druze stole uzivase vo blagodetite na komunistickata vlast.
Од: se se vrti vo krug
Датум: 03.09.2009 08:05:31
Haha..koi bile kodosi vo komunisticko vreme!!??Prasanjeto e za na kviz,epten tesko prasanje.Prvo ovoj Andov,i site bivsi i segasni politicari.Segasnive politicari(demokrati) se decatat na bivsite komunjari.Zatoa i demokratijata vo MKD odi najsporo.Vo komunisticko vreme ne si mozel da bides politicar ili na rakovodna funkcija,ako ne si bil dobar kodos ili soselanec na glavniot politicar koj imal mok na odlucuvanje.Prasanje e koi stradale vo komunizmot i na koj treba Makedonija da se izvini???Na malcinstvata,tie bile glavnite zrtvi vo komunizmot-nacizmot.Na Romite,Turcite,Albancite..i dr.koi stradale na sekoj plan od Makedonskite nacisti skrieni pod plastot na komunizmot,a imale mok.Toa e surovata realnost za lustracijata,koja se nadevam Makedonskata populacija ke ja prifati realnosta na nivnoto vladeenje i javno ke se izvini ,specijalno na Romskoto naselenie koe e najveke pogodeno
Од: luster
Датум: 03.09.2009 09:09:55
da se lustrira od devedesetite pa navamu togas ke bide mnogu interesno vaka e samo mizi da tyi baam,ne lustracija tuku lusteracija
Од: Stec
Датум: 03.09.2009 09:32:33
Се бара јунакот (херојот) кој како анонимен херој ќе ја објави листата на кодоши на Интернет. Се надевам дека ќе се најде таков кој има пристап, доблест и морал да го стори тоа. Тоа ќе биде најдобра превентивна мерка за сите кодоши во државава, а анонимниот херој ќе влезе во историјата.
Од: Оли Јулчовски
Датум: 03.09.2009 09:37:30
Да ве потсетам,Целокупната Власт е во рацете на Деспотот и неговата Екстремистичка Партија,Нека каже сега,Кој кого кодешел,Но има една стара нашинаска мисла пренесувана од колено на колено а таа гласи-Штом ќе видеш тројца Вмровци да си шепотаат знај дека барем двајцата се кодоши.Затоа не очекувајте да признаат јавно.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 03.09.2009 09:48:31
Интересна изјава која ни објаснува дека сè е Ветер и Магла! Колку за потсетување: Имињата на соработниците на Штази, на државната безбедност во Унгарија, Чешка, Полска, беа објавени Јасно и Гласно! Овде се подразбира дека нема да се објават! Ќе треба да падне Збирштината наречена собрание, Бладата... но ќе има Падови и во други институции (суд, полиција, армија...) и лизнување на личности кои се „неопходни“ за државата, бидејќи без нивното Кодошење, „нема да функционираме“! Особено се однесува на „Демократите“ (сино-портокалово-црно-црвени) без оглед дали се од Владеачката или Опозиционата страна, од врвот, па до Дното! До @se se vrti vo krug -Малцинствата биле прогонети од македонскиот комунизам-нацизам?! Прегледајте ги имињата на оние кои биле на Голи Оток, и ако најдете еден Турчин, Ром, особено, Албанец... ќе ве честам! Навистина си во заблуда ако мислиш дека во списокот на „тастери“ Недостасува некој од малцинствата! Очигледно само ти имаш Вертиго и се вртиш во Круг!
Од: Che Gi Varam
Датум: 03.09.2009 11:20:30
Mislam deka lustracijata e promasena rabota od pricina sto go opfaka periodot od 44 do osamostojuvanjeto, Ednostavno ne me interesira sto se slucuvalo porano. Ne mi e jasno, vo sto e porazlicno sega. Zarem ako formiram nekoja ilegalna mreza so cel urivanje na vlasta, zarem nema da odgovaram po zakonite. Taka i togas. Koga narodot bil zadovolen so stepenot na demokratija, se javuvale poedinci koi smetale deka se popametni od mnozinstvoto, pa trpele konsekvenci. I vprocem se znae li sto e kodos. Zemete go slucajot na akterot Arsovski. Drzavnata sluzba za bezb. go povikuva da dade izjava za nekoja slucka. Akterot postapil kako sekoj normalen i lojalen grzgjanin i ja kazal vistinata. Zarem toa go pravo kodos???? Po mene, ne. Krajno vreme e makedoncite da se naucat da ne lazat od licni pricini i korist. Lustracija treba za ponovo vreme, a kodos e onoj sto sam liferuva informacii bez nikoj da mu gi bara i pri toa laze i ne ja kazuva vistinata i pravite fakti. Po vas, kodos e LATAS???
Од: korco
Датум: 03.09.2009 11:28:32
Vo masata majka Makedonija najtesko ke se sprovede lustracijata. Zosto? Zatoa sto polovina vek ziveevme vo sistem koj egzistira od kodosenje, degradacija,tortura i sl. Neznam kako e kaj albancite (tie uste se plasat da zborat otvoreno za nivnite problemi) ama kaj nas makedonc sigurno okolu 90% pomalku ili poveke bile kodosi
Од: verag
Датум: 03.09.2009 12:42:29
Колку што знам и сега имаме тајна полоција. Значи ли тоа дека никој не соработува се неа? Па како ли работи? А ако се смени системот дали значи дека овие соработнници тогаш ќе бидат јавно линчувани?
Од: citatel
Датум: 03.09.2009 16:27:02
Mora pod itno da se sankcioniraat! Niv mestoto mu e v zatvor!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Полска - поЧетокот на краЈот на комунизмот (9)
Насловна
Зденко
Оставките во мода
Грција се подготвува за можен пораз во Хаг
Рен
СДСМ
Избори со милион нејаснотии!
Цела Европа на собир во Скопје
Музеите, автобусите, жичарницата... во аут со вториот ребаланс
Кои се круцијалните прашања на МАНУ
Зошто Македонија не беше во Гдањск?
Синдромот на белата кокошка
Белград ги подели лустраторите