Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Цела Европа на собир во Скопје

Вечерва со концерт на реномирани музичари од светот, стартува 14. Биенале на млади уметници од Европа и од Медитеранот

Тина Иванова

Концертот на музичкиот состав „Конспираси“, кој вечерва ќе се одржи на Скопскиот плоштад во 20 часот, ќе го означи почетокот на 14. Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот, кое првпат се одржува во Скопје и воопшто на Балканот. Биеналето, кое ќе трае до 20 септември и ќе се одржува на различни локации низ Скопје, го носи насловот „Седум порти“ што, покрај митолошката заднина, подразбира реализација на седум културни дисциплини. Повеќе од 700 уметници на возраст од 18 до 30 години, од 43 земји, ќе имаат можност да бидат креативни во музиката, ликовната уметност, театарот, литературата, филмот, визуелните уметности и гастрономијата.

На свеченото отворање на Биеналето ќе настапат светски познатите - Франк Лондон на труба и Боб Стјуард на туба од САД, Амир Ел Сафар на труба од Ирак, Џанлука Петрела на тромбон од Италија, Изет Кизил на перкусии од Турција и Џијан Емин на хорна од Македонија. По нивниот настап ќе се одржи концерт на рок музика со артисти од Шпанија и Италија. Инаку, во текот на десетте дена, во Скопје ќе работат 32 музички групи и артисти од областа на поп-рок музиката, етно, електронската музика, ска, експерименталната музика, потоа ќе се одржат неколку театарски претстави, класични и куклени, голем број на ликовни изложби кои ќе и бидат достапни на публиката и по завршувањето на Биеналето, презентација на 45 филмови (документарни, играни и анимирани), ревии на млади дизајнери, инсталации, видео, стрип, сајбер, јавна уметност, перформанси... Ќе има 354 продукции од визуелните и применетите уметности со повеќе од 1.000 уметнички дела, 34 литературни читања и дегустации на храна подготвена од седум меѓународни млади готвачи. Ќе се промовираат нови идеи, нови уметници, нови стандарди во уметноста, преку уметничките проекции, како и работилниците кои ќе се организираат секојдневно во текот на манифестацијата.

Инаку, учесниците на 14. Биенале се селектирани од локално жири, составено од куратори, критичари, уметници и културни работници. Од изминатото издание Пуља 2008, до оваа година се пријавиле над 30 илјади уметници од кои се селектирани 713 од страна на 522 члено жири.

Асоцијацијата за Меѓународна Младинска Соработка од Скопје е главниот локален организатор на настанот, кој се спроведува во соработка со Министерството за култура на Македонија, Градот Скопје и Асоцијацијата на Биенале на Млади Уметници од Европа и од Медитеранот, додека генерален покровител е „Космофон“. Скопје, велат организаторите, до 20 септември ќе биде домаќин на најголемиот културен настан оваа година, а неговото учество како домаќин на Биеналето доаѓа по европските градови Барселона, Солун, Марсеј, Лисабон, Торино, Рим, Сараево...

„Почестени сме да го координираме и менаџираме овој настан особено поради неговите меѓународни карактеристики“, вели директорот на Асоцијацијата за Меѓународна Младинска Соработка од Скопје, Емил Митевски. „Европа и Медитеранот ќе имаат можност да се сретнат одблиску со македонската култура и традиција, со што Македонија ќе биде промовирана надвор од нејзините граници. По завршувањето на настаните, сакаме да оставиме реален впечаток дека Скопје функционира како европска метропола на културата“.

На вчерашната прес-конференција, присуствуваа и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, како и Генералниот секретар на Биеналето, Алесандро Стило од Италија, кој меѓудругото истакна дека бил навистина долг патот, околу 2 години, за да стигне Биеналето во Скопје, но дека сега се чувствува како дома. „Десет дена, 700 артисти ќе ја дадат својата најдобра уметност за Македонија. Македонија ќе биде во центарот на Европа, во центарот на уметноста“.

Со оглед дека сите настани ќе бидат достапни за сите граѓани, односно ќе бидат бесплатни, организаторите се надеваат дека ќе ја постигнат целта, да ја доближат уметноста до пошироката јавност.

Патрон на Биеналето во Скопје е еврокомесарот за култура, Јан Фигел, кој вели дека во 21. век Европа треба да стане се повеќе интер-културна, базирана на размена на гледишта со взаемно почитување меѓу индивидуалци и групи со различни културни и религиозни потекла, на еднакви основи.


#
Статијата е прочитана 807 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Полска - поЧетокот на краЈот на комунизмот (9)
Насловна
Зденко
Оставките во мода
Грција се подготвува за можен пораз во Хаг
Рен
СДСМ
Избори со милион нејаснотии!
Музеите, автобусите, жичарницата... во аут со вториот ребаланс
Кои се круцијалните прашања на МАНУ
Зошто Македонија не беше во Гдањск?
Синдромот на белата кокошка
Белград ги подели лустраторите
Кодошите нема јавно да се објавуваат