„Изгубена верба“ - сосема поинаква претстава за современиот балет
Премиерата на современиот балет „Изгубена верба“ во кореографија на Саша Ефтимова се одржа на сцената на Македонската опера и балет, во рамките на „Скопско лето“. Скопската публика имаше можност да проследи одлична претстава која преставува современ балет, кој моментно е тренд на светските сцени. Уметниците оставија особен впечаток на публиката со движењата и емоциите, со што уште еднаш се потврди идејата на Ефтимова дека „навистина станува збор за сосема поинаква претстава од она што досега сме можеле да го видиме“. Љубовната приказна која ја раскажуваат уметниците на сцената одлично ја прикажува нивната психолошка и емоционална состојба на двајцата кои се во врска, а особено впечаток остава играта со светлото, музиката и 3-Д визуелизацијата. (Н.П.) |