Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

„Трагачи по звукот“ селектиран на три проект-маркети

Краткометражниот документарен филм „Трагачи по звукот“ на Сузана Диневски е селектиран на маркетот Balcan Documentary Center Workshop, чија прва сесија ќе се одржи од 1 до 5 јули во Софија, а втората сесија ќе се одржи во рамките на Докуфест во Призрен од 5 до 8 август. Интересно е дека овој филм, во кој Диневски ја раскажува вистинската приказна на семејството Богданоски од Велес, во изминативе пет месеци беше единствениот проект од Македонија кој беше селектиран и поканет да учествува на три проект-маркети.

На почетокот на март „Трагачи по звукот“ учествуваше на Загребдокс про, кој се одржува во рамките на реномираниот хрватски фестивал Загребдокс. Додека од 21 до 28 април беше презентиран на маркетот на 10. Фестивал GoEast во Визбаден, Германија.

Сузана Диневски во овој филм, чиј работен наслов беше „Алхемија на звукот“, ја следи личната приказна на семејството Богданоски, Светозар познат како македонски Страдивариус, Марија, Костадин и Татјана додека трагаат по совршениот звук. Таа ја следи нивната инспирација, влог и креативност во изработката на виолините и начинот на кој се обидуваат да го пронајдат единствениот звук, во потрагата која трае до бескрајот. На крајот, како што вели авторката, ова е всушност филм за љубовта, за уметноста, за музиката, филм што се обидува да проговори за овие вредности преку напорот и упорноста да се создаде еден ваков деликатен инструмент.

Филмот доби поддршка од Филмскиот фонд на последниот конкурс. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
МАНУ одржа научен собир за свети Наум во Охрид
Холивудскиот филм „Лудо срце“ го отвора Карлови Вари
Звуците на Прајснер ја збогатија македонската музичка сцена
„Изгубена верба“ - сосема поинаква претстава за современиот балет
Нови книги
„Магор“ слави четири години постоење