Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Нови книги

 

„Сведоци на времето“ Од Васил Дрвошанов, „Анима“, 263 страници



Најновата книга на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов донесува 16 интервјуа на теми од областа на македонската книжевност и на македонската наука за јазикот. Во првиот дел од книгата се поместени интервјуата што тој како главен уредник на „Стожер“- ревијата за литература, култура и уметност ги водел со писателите: В. Смилевски, Д.Башевски, Л. Старова, З. Анчевски, Б. Павловски и Б.Иванов, а во другиот дел се интервјуата што со него ги воделе новинарите: В.Меанџиски, С.Петковски, Т.Арсовска, Б.Лилјак, В.Димитровска, Е.Оровчанец - Спироска и Ф. Танаскова.

Вториот дел од „Сведоци на времето“ ги содржи авторовите видувања на литературата, а особено погледите на лингвистиката на којашто тој, главно, навраќа со оглед дека македонската наука за јазикот е негова основна дејност.



„Наследно право во Република Македонија“, од Лилјана Спировиќ-Трпеновска, Дејан Мицковиќ, Ангел Ристов, „Блесок“ 424 страници



Оваа Збирка има за цел да направи пресек на состојбите во сферата на наследувањето во Република Македонија, но и да понуди визија на идниот концепт на наследното право кај нас. Во тој контекст, Збирката во рамките на првиот, теорискиот дел, го обработува прашањето за поставување на темелите на наследното право во Република Македонија и создавањето на македонскиот наследно-правен концепт. Притоа, посебно внимание е посветено на влијанието на промените во семејството во современото општество, врз наследно-правната регулатива.



„Седмата страна на коцката“ Од Влада Урошевиќ, „Магор“, 3215 страници



Книгата кратка проза од академик Урошевиќ е мошне успешно дело, создадено од еден писател со модерен сензибилитет - за читатели со ист таков сензибилитет. Хуморот и желбата за постигнување на изненадување се најчестите појдовни импулси кои тука раководат со творечкиот чин и кои му ја даваат основната боја на ова најново остварување на нашиот автор. Мешајќи ги древните митови и актуелните ситуации, научните факти и слободните измислици, сериозниот тон и иронијата, тој создал голем број кратки прозни текстови за кои можеме да речеме дека, низ поврзувањето на краткоста на исказот со интензивноста на доживувањето, мошне ефектно ја постигнуваат својата цел“, рече д-р Ермис Лафазановски



„Модерен светец“ Од Фросина Наумовска, „Макавеј“, 215 страници



Ова е прва публикувана поетска збирка на младата македонска поетеса, режисер и добитник на Карамановата награда за најдобра необјавена поетска збирка во 2006 година, Фросина Наумовска. Според, Борче Панов „Фросина Наумовска со својата збирка ’Модерен светец‘ не опоменува дека дека времето во кое таа ја создава својата свест за времето е време на човекот кој ги затајува своите мисли токму пред најважното... време во кое се блада за значајните дела од ’минатото‘. Гоце Смилевски, пак, за поезијата на Наумовска смета дека таа „има свои цврсти светогледи и интереси како дел од една нова генерација на поети, донесувајќи новини и поинакви аспекти при креација во македонската поезија... “




#
Статијата е прочитана 419 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
МАНУ одржа научен собир за свети Наум во Охрид
Холивудскиот филм „Лудо срце“ го отвора Карлови Вари
Звуците на Прајснер ја збогатија македонската музичка сцена
„Трагачи по звукот“ селектиран на три проект-маркети
„Изгубена верба“ - сосема поинаква претстава за современиот балет
„Магор“ слави четири години по��тоење