Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Звуците на Прајснер ја збогатија македонската музичка сцена

Предворјето на Даут-пашиниот амам беше претесно да ги собере сите оние кои дојдоа да ја запознаат, да уживаат, да и се восхитуваат на музиката на големиот полски филмски композитор Збигњев Прајснер, изведена од младата афирмирана пијанистка Дуња Иванова. Завчера вечер, во прекрасниот амбиент, ретко искористуван за вакви намени, дворот на амамот, облагороден со интересна и во согласност со сензибилитетот на музиката сценографија и светлосни бои (ефекти), и една балетска кореографија, се одржа концерт посветен на Прајснер чија филмска музика, овој пат адаптирана за пијано интерпретација, кај нас доживува прва изведба.

Главните музички теми од познатата трилогија на неговиот добар пријател и долгогодишен соработник, култниот полски режисер Кшиштов Кишловски, „Три бои (црвено, сино и бело)“, како и од „Двојниот живот на Вероника“, но и дел од неговите авторски творби „Реквием за мојот пријател“ и „10 едноставни фрагменти за пијано“, го чинеа репертоарот на прексиноќешниот солистички концерт на Иванова. Таа и овој пат, како и неколку пати досега, изненади со креативноста во контекст на програмската определба. Млада, но со зад себе мошне успешна активна концертна кариера видно забележана и на меѓународната сцена, оваа пијанистка го облагороди музичкиот живот во земјава со, како што рековме, свежината во изборот на делата, но и со софистицираниот пристап во нивната изведба, таков каков што и самата музика на Прајснер тоа го бара. Да и се даде големо значење на мелодијата и нејзината експресија, на емоциналната содржина на композициите, да се истакне присутната меланхолија, во исто време и радост, всушност, да и се даде првенствено значење на нивната „визуелна звуковност“ зашто, сепак, голем дел од нив се наменети да „пеат“ заедно со филмската слика. Музиката на Прајснер ве тера целосно да и се предадете и да уживате во неа, таа е едноставна, повеќе во техничка смисла, но со богатство од звучни бои.

Концертот на Дуња Иванова, одржан во рамките на „Скопското лето“, беше своевиден перформанс во режија на Игор Иванов-Изи, кој ќе остане запаметен по неговата инвентивност, особено потребна во класичната концертна дејност во земјава која знае да биде малку здодевна. Музиката на Прајснер, во отворениот простор на Даут пашиниот амам, ја збогатуваа и звуците од околината, по некој детски џагор, пеењето на оџата, шумолењето на ветрот кој патем, одвреме-навреме и ги туркаше партитурите на пијанистката, метежот на сообраќајот... Тоа, не само што не пречеше, туку му даде посебен шмек на целокупниот настан. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 346 пати.

Испрати коментар

Од: milan
Датум: 02.07.2010 09:14:01
super bese koncertot, samo vakvi nastani skopsko leto treba da organizira, inventivni. inaku programata na festivalot e katastrofa vo celost.

Најди! во Утрински
Култура
МАНУ одржа научен собир за свети Наум во Охрид
Холивудскиот филм „Лудо срце“ го отвора Карлови Вари
„Трагачи по звукот“ селектиран на три проект-маркети
„Изгубена верба“ - сосема поинаква претстава за современиот балет
Нови книги
„Магор“ слави четири години постоење