Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Економија

Газдите нејќат да чујат за минималец од 160 евра

Иако Владата и Синдикатот начелно ја договорија оваа сума, работодавците се противат

Маја Томиќ


Уште неседнати на заедничка маса за да преговараат за минималната плата, социјалните партнери се разидоа во ставовите. Владата и Сојузот на синдикати на Македонија една недела пред изборите усно се договорија дека во државава наскоро ќе се утврди минимална плата од 160 евра. Толку пари би биле доволни за да му обезбедат пристојна живејачка на едно семејство. Но, работодавците, како што е со години, нејќат да чујат. Всушност, сите досегашни иницијативи на Синдикатот за утврдување на минималецот не можеше да се спроведе затоа што работодавците секогаш остро се спротивставуваа на таквата идеја. И сега излегоа во јавноста со став дека нема шанси минималецот да биде повисок од 7.000 денари, или колку што изнесуваат три просечни суми на социјална помош за двочлено семејство. Така соопштија од Организацијата на работодавци при Стопанската комора. Притоа најавија дека ќе бараат од социјалните партнери детални анализи за да се дефинира дали минималната плата треба да биде загарантирана, без разлика на ангажираноста на работниците во различни дејности.

На слично мислење се и од Здружението на работодавци. Според претседателот Димитар Стојановски, истовремено и директор на битолска „Трикотажа Пелистер“, со колективен договор на ниво на дејност минималецот во текстилот изнесува 5.500 денари и тоа се применува во практика. Тој вели дека работодавците немаат против воведување најниска плата во државата, но таа не смее да биде унифицирана за сите дејности.

„Наше мислење е дека минималецот не треба и не може да биде еднаков за сите. Не е исто кога тој се исплаќа во текстилот и во банкарството, на пример. На профитабилните дејности не им е проблем да ја исплаќаат минималната плата, за разлика од нискодоходовните. Ако се сака воведување минималец на ниво на држава, власта ќе треба на некој начин и со одредени мерки да им помогне на фирмите со пониски профити за да можат да го издржат тој финансиски товар. Треба да им се создаде амбиент за подобро работење на нискоинтензивните гранки “, вели Стојановски. Тој потенцира дека ова прашање мора да се стави на дневен ред на Економско-социјалниот совет и таму да се донесе заедничка одлука. Можно ли е Владата и Синдикатот наспроти ставот на работодавците, да одлучат самите за минимална плата?

„Секако. Владата и Синдикатот можат да донесат одлука без наша согласност, а тоа би морало да биде со законско решение. Ако се случи такво нешто, тоа е спротивно на конвенциите на Меѓународната организација на трудот и на Европската унија. На тој начин би се узурпирала спогодбата меѓу социјалните партнери со која сите се обврзани за економски прашања да расправаат и да одлучуваат на седница на Економско-социјален совет. Одлуката за минималецот мора да се донесе низ социјален дијалог“, нагласува Стојановски.

Синдикатот, пак, цени дека минималецот од 160 евра е утврден врз основа на повеќе параметри и дека неговата висина е слична како во соседните држави. ССМ смета дека некои трудоинтензивни гранки што нема да можат веднаш да ги приспособат ќе имаат шанса со определена динамика во рок неколку години да ја воведат минималната плата.

Додека социјалните партнери со години се натегаат околу ова прашање, во одредени дејности минималецот е решен на ниво на колективни договори. За жал, засега само во неколку дејности го има тоа. Тоа се текстилната, здравството, градежништвото, образованието и банкарството. Во градежништвото е утврден минималец од 5.200 денари, а Синдикатот за градежништво преговара за негово зголемување за 25 проценти.

Инаку, највисока минимална плата во ЕУ има Луксембург, 1.642 евра, а најниска во Бугарија, 123 евра. Во Србија таа е 157 евра, додека во Албанија - 210 евра. Од новите членки на ЕУ, најголема минимална плата од 589 евра има Словенија, а во Хрватска таа е законски одредена на 385 евра.


#
Статијата е прочитана 1040 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 11.06.2011 04:59:52
Kakva glupost. Nikoj na nikogo ne moze da mu garantira ama bas nisto. Pusti socijalizam. Ako ja svrtime temata naopaku, koj ke im garantira minimalen obrt i profit na srabotenoto na rabotodavcite. NIKOJ. Ako navalite i pritiskate ke se spakuvaat i ajt u Kina. Togas ke ima zagarantiran prst vo usta. Zaradi takvi i slicni "garancii", 570,000 fabriki se zatvorija vo USA vo minative 10 godini. Ne ostana nisto od proizvodstvo sto bese dvizecka sila na ekonomijata koja dene e tolku anemicna i BEZ GARANCIJA.
Од: optimist
Датум: 11.06.2011 08:50:00
bezobrazie. mozelo da se zivee eden mesec so 7000 za edno semejstvo. gazdiiiiii. eden vash deloven ruchek( skara i pienje) za eden chas druzenje chini tolku.a poagajki od toa deka matematikata ne vi e pojaka strana eve vi malku najprosta zadacha. kolku pari ke mu ostanat na edno semejstvo za hrana ako ima edna minimalna plata od 7000 den i ako gi ima slednite mesechni troshoci:1800 den za prevoz,2000 za struja 1000 za voda,130 za tv difuzija uzina za decata 800,po edna maichka 1000.tuka gi nema drugite osnovni produkti za opstanok.gazdiiii znaete zoshto gi snema ovcharite koj dobro ziveea? zatoa shto ima se pomalku ovci. berete pamet inaku ke vi ischezne profesijata ,,gazda,, kolku rabotnicite se pozadovolni tolku i vie ke bidete pobogati inaku ke ve stignat kletvite od gladnite.ja znaete onaa ,,da imash pa da nemash,,
Од: Zagor Te Nej
Датум: 11.06.2011 09:21:36
koj be 160evra? sto ke im se tolku pari na rabotnicite(citaj crncite kako sto gi narekuva Skorpion svoite vraboteni vo REK-Bitola)
Од: od Rabotnik
Датум: 12.06.2011 23:23:49
I bez pari da rabotime gazdite pak nema da bidat zadovolni

Најди! во Утрински
Економија
Паѓаат цените на храната во Србија
Раст на економијата во првите три месеци, оцени НБРМ
На Словенија и' се заканува криза слична на грчката
Тргна извозот на зеленчук кон Русија и кон Косово
Складираните жита чекаат повисоки цени

"""