Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Економија

Раст на економијата во првите три месеци, оцени НБРМ

Раст на економијата во првиот квартал и задржување на позитивната динамика на бруто домашниот производ (БДП) и во текот на вториот квартал од годинава, е оцената на Народна банка (НБРМ) на последната седница. Индициите за зајакната домашна побарувачка, како што информираат од НБРМ, се потврдуваат и со остварувањата во надворешниот сектор, каде што во првите четири месеци од годинава е забележано зајакнување на увозната побарувачка.

Девизниот пазар се карактеризира со релативно стабилни движења. Девизните бруто-резерви на 31 мај изнесувале 1.883 милиони евра и се повисоки за 169 милиони евра во споредба со крајот на 2010 година, што во најголем дел се должи на остварените приливи врз основа на повлечените средства од кредитната линија за претпазливост на ММФ од страна на државата.

Податоците за инфлацијата покажуваат дека во мај првпат по девет месеци има намалување од 0,2 процента, имајќи предвид дека на годишна основа таа изнесува 5,2 процента, а просечната стапка во првите пет месеци од годината е 4,5 проценти, НБРМ очекува нивото на инфлацијата за вториот квартал да биде пет проценти.

Во однос на кредитирањето на приватниот сектор е забележано дека во текот на април тоа се одвива со малку поумерен интензитет во споредба со претходниот месец, што придонело за умерено забавување на годишната стапка на раст на вкупните кредити до ниво од 7,8 проценти.

„Ваквите поместувања на кредитниот пазар беа остварени во услови на забавување на годишната стапка на раст на вкупниот депозитен потенцијал од 12,4 отсто во март на 9,6 отсто во април, што предизвикаа висок одлив од сметките на претпријатијата во април (исплата на дивиденда од страна на една голема домашна компанија), додека кај депозитите на домаќинствата е забележано умерено забрзување на годишната стапка на раст“, информираат од НБРМ. (МИА)


#
Статијата е прочитана 586 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Газдите нејќат да чујат за минималец од 160 евра
Паѓаат цените на храната во Србија
На Словенија и' се заканува криза слична на грчката
Тргна извозот на зеленчук кон Русија и кон Косово
Складираните жита чекаат повисоки цени

"""