Складираните жита чекаат повисоки цени
Многумина фармери во САД сега инвестираат во силоси за жита. Фармерите играат на тоа дека цените на суровините и натаму ќе скокаат. Цената на пченката на берзата за суровини во Чикаго минатата година двојно порасна. Само во мај скокот изнесуваше 16 отсто.
Потрошувачката на суровини во светот, според ОН, би можела да се зголеми за трипати до 2050 година. Потрошувачите во развиените земји речиси не ја ни почувствуваа експлозиј��та на цените, но натамошен скок би ја направил пченката недостапна за осиромашените луѓе во неразвиените земји и во земјите во развој.
„Во одредени земји на светот веќе имаме криза во исхраната или во средствата за исхрана. Сметам дека долгорочно прехранбените средства со добар квалитет ќе бидат поскапи. Но, верувам дека земјоделците од целиот свет се во состојба да ја задоволат растечката побарувачка“, проценува Мартин Рихенхаген, шеф на Управниот одбор на АГКО, производител на земјоделски машини што се продаваат во 140 земји од светот, кој профитира од расположението на земјоделците за инвестирање.
Со порастот на населението, во Кина и во Индија особено расте побарувачката на жита. Тие, во меѓувреме, почнуваат да инвестираат во обработливо земјиште во Африка, вели Рихенхаген.
Финансиските професионалци зборуваат за висока нестабилност, ризичност, шпекуланти за идеални услови. Лошо е за малите земјоделци што немаат можности како Вејн Бринкмајер да изградат магацини за залихи, па мораат да ја продаваат жетвата, иако во тоа време цената е ниска, а производните трошоци високи. (Дојче веле) |