Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика
Сметките за „Љуботен“ ги расчистуваат сопругите

Виолета Бошкоска и Соња Трачуловска се обидуваат да разјаснат дали нивните сопрузи си наштетиле еден на друг со изјавите

Гордана Дувњак

Дали присуството на Виолета Бошкоска во Соборниот храм и палењето свеќа беше провокација или само искрена желба на жена што минува(ла) низ истото, која сака несебично да се придружи во молитвите за спас на единствениот македонски затвореник во Хашкиот трибунал?

Во време на кулминација на меѓусебни обвинувања „кој кого накодошил за настаните во Љуботен“, сопругата на ексминистерот за полиција завчера се најде во истата црква и со иста намера со приврзаниците и сопругата на Јохан Тарчуловски. По излегувањето на Бошкоска од Соборниот храм, Соња Тарчуловска во изјава за медиумите изјави дека е шокирана од нејзиното присуство и оти смета дека таму не и' било местото на жената на ексминистерот.

„Виолета не беше повикана, сама си дојде и тоа за да испадне жртва. Ве молам, не ставајте ме во ист кош со семејството Бошкоски. Сево ова негативно и емотивно ми отежнува, затоа што чекаме пресуда. Значи, грижата на совест и сопствените гревови нека си ги тераат на друго место. Замолувам да не се прави циркус од ситуацијава, затоа што доволно видовме досега. Нека ме остават на мира, барем да се помолам за слободата на Јохан“, изјави за медиумите Тарчуловска.

На ваквите обвинувања Виолета Бошкоска вчера кратко одговори: „Црквата е божји храм и за да одиш таму не ти треба ничија дозвола за да се помолиш. Немав намера никого да провоцирам, туку само сакав да се помолам, затоа што нашето семејство има разбирање и знае низ што поминува Јохан. Му посакувам што поскоро да излезе на слобода“.

Но, и двете сопруги не одолеаја на предизвикот и самите да се впуштат во расчистување на дилемите дали со сведочењата пред хашките истражители, двајцата македонски државјани, коишто единствено одговараат за воениот конфликт од 2001 година, си наштетиле еден на друг или не. Директен повод за последните искричења е излегувањето на виделина на наводната изјава на Бошкоски дадена во судот во Пула.

По демантот на лидерот на Обединети за Македонија и неговата сопруга Виолета дообјасни дека не станува збор за изјава, туку ��а читање службен документ на Министерството за одбрана. Но, во исто време таа и' порача на сопругата на Тарчуловски дека поседува четири изјави на Јохан насочени против нејзиниот маж.

„Ја повикувам Тарчуловска да се видиме во четири очи и да и' ги дадам да ги види четирите изјави од кои се гледа дека нејзиниот сопруг сведочел лошо против Љубе. Во овој момент не сакам тоа јавно да се објавува, затоа што треба да се причека исходот од жалбената постапка“, додаде Виолета Бошкоска во изјавата за „Утрински весник“.

Сопругата на Тарчуловски, пак, оцени дека е повеќе од јасно дека изјавата на Бошковски го испратила Јохан во затвор.

„Нели знаеме која пресуда ја доби Јохан и зошто по таа изјава се' се поврзува и се поклопува. Не посакувам никому лошо, господинот (Бошкоски) со таа изјава и тоа размислување, сам себеси се осуди. И да го цитирал тој документ, зошто тој го направил тоа. Значи, ако министерството го издало тој документ, значи тие веќе го имале, нема потреба со своето присуство и усно да го потврдуваш дека е тоа така. И не мора да значи дека тоа е така. А тој е свесен и знае дека тоа не беше така“, изјави Тарчуловска за скопската телевизија А1. Таа нагласи дека „Јохан е чист“.

Бошкоска вчера ни изјави дека не е точно и оти еднострано ги прекинале контактите со семејството на Тарчуловски, само за да се спаси нејзинот сопруг.

„Во мај телефонски се најавивме кај Соња за да ја видиме неа и децата. Неколкупати разговаравме и таа се согласи. Отидовме таму со цвеќе и подароци, но бевме непријатно изненадени кога во договореното време таа не ни се јави на мобилниот телефон за да не' пречека и да ни каже каде точно живее. Преку посредници разбравме дека Соња се премислила, бидејќи нејзиниот сопруг наводно и' забранил да се видиме“, потенцира сопругата на Љубе Бошкоски.


#
Статијата е прочитана 2577 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 27.11.2009 00:25:01
prekinete so tie glupavi raspravii i tvrdenja da bole cital izvestaj , bole nee spiker na sudot , bole je obvinet i nrmalno izjvata si ja napisal na kniga nesto da ne ispusti, ona sto go gledav i slusav satvrno e glupavo kodosenje sto nemora da se kazuva pred sudot , bole se isplasil od apsana a koga gi apsese lugeto pred kameri togas bese stavrno i navistinski hrabar, i vo edno intervju sto go imase za toa pisuvase za tie negovi apsenja.
Од: Драган
Датум: 27.11.2009 00:33:56
Во црква може да влезе секој и во секое време и никој никого не треба да поканува. Соња Тарчуловска покажува нехристијанство, омраза и злоба. Госпоѓата Виолета Бо��ковска се покажа како чесна жена и домаќинка, која знае што значи страдање и знае што значи болка. Дрскоста на Соња е навистина невкусна, а сценаријата што таа заедно со режимот на Груевски ги спремаат против Бошковски се мизерни. Иако сите знаеме дека Соња тоа мора да го прави, оти работата и егзистенцијата и зависи од Груевски, сепак како христијани треба да се помолиме и за неа, оти и таа не знае што прави. Господ нека и прости! Ниту Грујо, нито Мујо не можат да го извалкаат образот на херојот Бошковски, кој беше во затвор оти ја бранеше државата од тие со кои денес Груевски седи во коалиција. Срам за Груевски!
Од: Од Недоречен
Датум: 27.11.2009 00:37:55
Очигледно е дека подолго време ДПМНЕ ја злоупотребува судбината на Јохан,а посебно јманипулира и ја искористува неговата сопруга.Не хумано е и несватливо за нормално,кога беа двајцата со Лубе во Хаг целата јавност ги подржуваше и сакаше да бидат ослободени,но кога едниот успеа целата вина за другиот да се свалува на него.Точно е дека двајцата се бореле за да се спасат.Едниот успева во тоа но другиот бива осуден.Точно е и тоа дека тјој не успева да се одбрани од улогата,што хја одиграл во настанот ,за тоа причината треба да ја бара и Јохан и неговата сопруга во неговите сведочења особено во поглед на тоа од кого добил наредба да оди во Љуботен.
Од: Miki Ekl
Датум: 27.11.2009 03:35:33
Tesko na onaa drzava vo koja glavni faci po mediumite se eden REKETAR i eden SLATKARSKI POET! Gledav nekni molenje vo hramot za Johan, i vo onaa bagra od Reketari i bagabonti falea uste Prcheto, Bruno, Jajceto i Koljo Babuleto! Se drugo sto se smeta za PO-Olosh od Oloshot na celo so Zuti bese tamu! I sega Cacko ni e kriv stoo turbo folk peacki i reketari go zamajuvaat narodov so izjavi koi ni google translator ne moze da gi prevedi, posto edna cista nemaat tie sto gi davaat! I dodeka vi pravat vakvi mestenki, vie novinarite narachano od Biciklistichki i od Emilijan trchate po "informacija" do koja nekoj saka da ve namesti, ili samite se mestite. Dajte poglednete naokolu, drzavata se raspagja po site shavovi, diktatura vladee na sekoj cekor, a vie polnite tirazi so furbo-slatkarski trachevi od reketarski tip. Stvarno ovdeka treba celosno da se smeni narodot, site 2 miliona-raus, i da se naseli nov narod od koren, pa da se smenat rabotite. Vaka kako ide, sega Johan ke bide minister!
Од: ako Ljube e predavnik kako sto Sonja go narekuva togas toa znaci i za site Makedonci i za cela nasa Drzava. Ke prestane li Sonja so navredi kon cel Makedonski narod???? SRAMNO I BEDNO!!!!
Датум: 27.11.2009 04:45:30
Redno bese da se oglasi i soprugata na Ljube. Dosta ni e veke od Trculovska i nejzinite gluposti koja skoro 2 godini ja true javnosta so nevistini i glumi zrtva. Taa dobi stan rabota i seuste dobiva vreki pari od Gruevski za da pluka po Boskovski no treba da znae deka tie pari ARAM ke i bidat. Poradi nea mi se odmili i Johan zatoa sto sakaat na tuga nesreka sreka da gradat. Kako ne im e sram da go dozvolat ovoj cirkus i so takvi gnasotii da ja brukaat drzavata. Ako imaat g's neka udrat po Albancite i tamu neka go baraat predavnikot a ne vo Boskovski da baraat predavnik. Odkako Johan otide vo Hag Sonja na negova maka si napravi kariera pa duri i do TV "Pink" otide da snima. Do vcera leb nemase da jade bese nikoj i nisto a sega veke "gospoga" glumi. Sekoja cest na soprugata na Ljube sto sepak pokaza covecanstvo i pokraj glupostite na Sonja i na site koj plukaat po Ljube taa pokaza nevidena dobles i otide da se pomoli vo crkva.Toa ti e PRAV COVEK i vernik a ne onoa sto Johanovci go pravat
Од: Sergije Sekuloski
Датум: 27.11.2009 04:52:54
Ljube kako Pratenik izbega od Makedonija da ne bide pritvoren.Se postavuva prasanjeto kako mozese da go dobie voeniot dokument koga se znae deka tie ministerstva se so posebni resori?Jas licno kontaktirav telefonski vo Budva Hrvatska se dodeka kaj Lube ne otide Ljupco Georgievski i mu bese gostin edna nedela.Poradi taa bliskost jas gi prekinav site ponatamosni kontakti,ali dali vo toa vreme ne bea dostaveni tie ponizuvacki i izdajnicki voeni dokumenti?
Од: Petre
Датум: 27.11.2009 07:27:24
Ne mu zameruvam na Brat Ljube za iskazot vo Hag ako toa bilo vistina, zatoa sto vistinata NE moze da se sokrie. No, neka se potseti deka nego mu e se uste necist zadnikot, ima poveke aferi, pocnuvajki od incidentot so gaganjeto, slucajot so avganistanskite migranti a ne se zaboraveni ni somnezite, vo hrvatskiot pecat, za posreduvanje vo prodavanje na oruzje na UCK ( za vreme na Tudjman).. toa mozebi kaj nas e zaboraveno no srbite go pamtat. Zatoa mnogu neka ne se catali deka ke prai nekoja politicka kariera..
Од: slavco stanoev
Датум: 27.11.2009 08:50:56
Каков народ сме ние Македонците.Наместо да се сплотиме во пресудните моменти ние се кодошиме си подметнувамеПогледнете ги командантите на т.н. ОНА.Растурени се во 3 или 4 партии,но кога се зборува за 2001 се единствени.И по прашањето за името исто.Ако Груевски попушти отстапил од програмата ако не тогаш е диктатор.Зарем во Грција нема опозиција или слободно новинарство.Не верувам дека Љубе и Јохан се кодошеле меѓу себе и затоа велам срам да му е на тој кому прв му текна ова да го фабрикува.Тој сигурно одблизу не ја почуствувал атмосферата во 2001.За мене таквите луѓе се еднакви на воените профитери.
Од: Dosta samounistuvanje
Датум: 27.11.2009 09:45:38
Namesto makedonskata javnost, odnosno intelektualcite, politicarite i sekako novinarite, da se zaprasaat i na toa da baraat odgovor, zosto za "konfliktot" vo 2001 g. od Haskiot sud se obvineti samo dvajca visoki drzavni politicki funkcioneri, koi samo soglasno Ustavot ja branea Makedonija, a ne i nekoj od teroristite kako sto gi narece Robertson koi od Kosovo ja napadnaa Makedonija, tie se zanimavaat so soprugite na Lube i Jooh. E zatoa Brisel i Vasington ce ne mesi, zosto nie Makedoncite sme amorfna masa koja nema samopocituvanje, koi licniot interes i zadnik si go pretpocitaat pred drzavnoto i nacionalnoto. Zatoa Grcija ne ni e kriva, krivi sme samite nie koi nemame ni gram cuvstvo za nekakvo nacionalno edinstvo i solidarnost, kako Albancite, Hrvatite, Bosnjacite. Samo pomalku Srbite po toa ni se slicni.
Од: ak
Датум: 27.11.2009 09:45:56
iskreno ja zalam tarculoska sto e diktat na vladata ,da se odnesuva na gruevski johan ne bi izlegol pred 10 godini zosto kako ke odrzava rejting na tuga maka,sram za graganite i podrzuvaci na gruevski.pozz od oh
Од: Kole
Датум: 27.11.2009 09:58:20
Соња МОРА вака да зборува за да не добие отказ во Министерството за култура каде ја вработија. Само не е свесна дека вака повеќе му штети на Јохан
Од: peric
Датум: 27.11.2009 10:01:25
Tarculovska ne znae deka e vovlecena vo valkanata igra na DPMNE. Ke dojde den koga taa ke se kae za nejzinite postapki. Ne znaci deka ako aktuelnata vlada i se dodvoruva so pari, deka tie se vo pravo. Denes, ne se bira sredstva za diskreditacija na politicki protivnik. I vo Negotino se slucuva isto na lokalno nivo.Pozdrav
Од: patriot
Датум: 27.11.2009 11:20:35
Поддршка до Брат Љубе , навистина се провидни овиеместенки кои ги прават Груевци, а колку се загрижени за Јохан доволно говори фактот што во Хаг не бараат ослободителна пресуда туку напротив само намалување на к��зната (значи признаваат дека Јохан е крив, ама ај малку да лежи и после Љубе им е крив). А ако пак видите кој го брани едно типче по прекар Жути со дури два големи одмори од средно образование и една кафанска певаљка се е јасно колку искрено сакаат да го одбранат Јохан
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 11:32:45
Пази богати нешто ново на политичката сцена,сопругите на политичарите имаат пристап до документи од Хаг,и при тоа ламентираат да,,сега нее прилика за објавување,, демек кога ќе дојде време сопругата трас на маса со доказите и ние ќе попаѓаме на плеќи од презентираното.Јас би предложил нова партија на сопруги на политичари па и тие имаат што да кажат за нашата положба како држава.Ова се ми личи на Нушиќевата министерка,му честитам искрено на утрински,една добра,,разбибрига,,.Комиката е добра за здравје.
Од: Od voen rezervist
Датум: 27.11.2009 11:57:44
Za zbidnuvanjata:Tipichna Balkanska PRIZEMNA RABOTA .Za "akterkite":PRVATA,vlezena vo filmot-kako "SOPRUGATA na Eliot Ness" (na nashive prostori)...VTORATA, isto taka vo toj film,kako poubavata polovina od brachniot par "CECA i ARKAN"...Ko ke vidish,se' na se' -koj od koj pogolemi "PATRIOTI I DOMOLJUBI" p.s./Iskreno sakam i Johan da e na sloboda i pak site zaedno srekno i slozno da si prodolzat 'sozivot'...A ne im treba mnogu:Premierot ke im dodeli lokal,Violeta -ke menadzira,brat Ljube -kulinarstvo i slatkarstvo,Sonja - kulturno zabavna programa,Johan-obezbeduvanje i izbacivanje...Zivot ide daljee...
Од: sandra
Датум: 27.11.2009 13:09:04
Zar edna kafanska peacka e kompetentna da gi resava `´smetkite za Ljuboten.Pa Sonja e nisto drugo osven edna kafanska peacka,taa samo bara pari i slava,sega na grbot na Johan.Pa taa bese sobrana od edna kafana i donesena vo Kavadarci i posle nekoj mesec nabrkana.Nema mesto za nea vo novinite.Dodeka Boskovska navistina e dama,i nikoj nemoze na nikoj da zabrani vlez vo crkva.Ama delata se ogledalo za Sonja.Inaku posakuvam Johan da izleze sto pobrzo a za Ljube pa- koga togas ke ispadne na videlina vistinata.Sram e ako e predavnik.
Од: do voenijot rezervist
Датум: 27.11.2009 13:52:58
ce mislev sto li da pisuvam.vaka ne biva onaka nikako nebiva, ama brate tvoijot komentar,e na mesto...e bas e taka .pa ova mi lici na kopija ,ARKAN I CECA.leelee za pari i preku mrtvi lesevi se gazi.Gospodeeee.ami ako e seto toa taka,togas ne se ni za pred CRKVA.no kako i dae zanimlivoe spanski serii .pozdrav Lena
Од: tase
Датум: 27.11.2009 13:57:57
Ova e primer kako vo Makedonija edna obicna kafeanska peacka dobiva tretman na visok vladin drzaven sluzbenik,koj saka da sudi i presuduva.Vo Hag,dosega nikoj ne e osuden ako od drug bil nakodosen,tuku ako napravil ili ne napravil delo.
Од: citatel
Датум: 27.11.2009 14:02:29
Navistina e neblagodarno da se komentira za ovoj slucaj, koga ne znaeme sto e navistina vistinata. Znam samo deka nemam nekoe golemo mislenje za Sonja od pred nekolku godini koga vo nekoja shou emisija rece (parafraziram) deka so Johan se "fatile" na negovata svadba so prvata sopruga, na koja taa peela.
Од: kris
Датум: 27.11.2009 15:13:55
ВМРО-вциве се чудна сорта луѓе????? Едно време се крстеа во Брат Љубе, сега сите УАААА по него.... како одат работите еден ден така ќе завикаат и по нивниот Грујоооооо..............Којзнае, можда Сончевите ДАМКИ така им делуваат, па према циклусот од Сонцето им е наравот и табиетот.....Господ на сељамет за Македонија................

Најди! во Утрински
Политика
Втора жртва на новиот грип
СДСМ го поштеди Груевски пред средбата со Папандреу
СДСМ најави кривична за градоначалникот на Штип
Смртта на Павле одложило средба меѓу МПЦ и СПЦ
Оспорен Советот на Општина Тетово
Без дозвола нема прекопување улица