Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

СДСМ најави кривична за градоначалникот на Штип

ШТИП - Организацијата на СДСМ од Штип најави кривична пријава против градоначалникот Зоран Алексов поради основано сомневање за сторено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување. И тоа во случаите поврзани со давање нов шестмесечен мандат за в.д. директорот на ЈП „Исар“, Васко Арсов, како и за противзаконско продолжување на мандатите на Управниот и на Надзорниот одбор на јавното претпријатие.

„Наша претпоставка е дека од многу читање закони градоначалникот Зоран Алексов не стигнал да го прочита Законот за јавни претпријатија. Таму категорично стои дека лице кое еднаш ја вршело функцијата в.д. директор на јавно претпријатие не може повторно да биде именувано на таа функција. Иако на Васко Арсов мандатот му истече во октомври, градоначалникот, игнорирајќи го законот, повторно го именува на таа функција. Мандатите на членовите на Управниот и на Надзорниот одбор се завршени уште на 26 октомври, но овие органи и натаму функционираат и донесуваат одлуки кои се незаконити“, појасни претседателот на штипската организација на СДСМ, Новит Здравев.

Штипските социјалдемократи сметаат дека градоначалникот Алексов покажува опсесија кон наводниот криминал на кадри на СДСМ, кои во минатото раководеле со ЈП „Исар“. Здравев јавно го повика Алексов ваквите негови тврдења да ги поткрепи со конкретни имиња и бројки, а не преку нарачани новинарски прилози во локалните медиуми да манипулира со штипската јавност.

„Таков чин на Алексов би бил потврда дека тој е градоначалник на сите граѓани на Штип, а не само координатор на ВМРО-ДПМНЕ“, додава Новит Здравев. Тој прецизира дека СДСМ нема намера од оваа тема да прави шпанска сапуница и дека случајот ќе го архивира со кривична пријава против градоначалникот на Штип. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар

Од: EMIL
Датум: 27.11.2009 00:12:49
Aleksov raboti protiv zakonski NE SMEE da dade vtor VD mandat na direktorot na JP ISAR spored izmenite na zakonot za javni pretprijatija,...ve ohrabruvam da prodolzite vo taa rabota ! STIP BESRAMNO GO PARTIZIRAAT VMROVCITE , NIE NEMA DA GO DOZVOLIME TOA!
Од: Flaster city
Датум: 27.11.2009 00:52:00
Штипските социјалдемократи барем нешто работат. За разлика од нив, раководството на прилепските сдсмовци се типични марсовци, абер нема што треба да прават. Сега засега се занимаваат со бркање вештерки. Откако одбраа глувонемо раководство составено од другарите и пријателите на Сугаре, преминаа на елиминација на “внатрешниот непријател“. Потоа во занес од победата на претстојните избори (!?) меѓусебе си делеа пратенички, амбасадорски и директорски места. А што може да се очекува од луѓе како Џемо, Целе бенката, Лилјана Неделкоска, Шоље и останата компанија. Да не е жално ќе биди смешно.
Од: lidija jp isar
Датум: 27.11.2009 08:26:44
gradonacalnikot aleksov raboti zakonski e eden od prvite gradonacalnici koj za ovoj grad napravil mnogu. jas rabotam vo javnoto pretprijatie i gledam se sto se pravi .ZA vreme na vledeehjeto na opozicijata inkasataroti ja odnesooo firmata i toa so dozvola na odredeni strukturi na funkcija vo j.p zatoa sdsm obvinuva bes argumenti zatoa sto sega vise ne mozat da kradat ZA GOSPODINOT DIREKTOR SEKOJA CESS NEKA PRODOLZI SO NEGOVATA USPESNA RABATOA I NEKA ZNAEE DEKA JA IMA PODRSKATA NA SITE VRABOTENI .A SDSM AKO GI BIVASE I AKO NE KRADEA I PRAVEEA SO SAKAT KE OSTANEAA SE USTE NA VLAST
Од: dbreak
Датум: 27.11.2009 09:54:54
Ocigledno Lidija ne go poznava dovolno stip, tuku dobila zadacka da se potpishe na utrinski po ime, prezime i firma. Shteta shto i maticen ne ostavila, pa ke moze polesno da ja unapredat vo JP ISAR.. Shto se odnesuva do rabtoata na gradonacalnicite do sega, vo istorijata na stip, so retki isklucoci, ama site bile "teshka katastrofa" i doprinele za propaganje na stip. Denar ne e investirano vo kapitalni investicii i vo trajna energetika, fabriki zatvoreni, konfekci, proizvotstvo potonuva, a nie se falime " kolku sme jaki i poshteni"... Ednostavno sme slepci
Од: Вевчани
Датум: 27.11.2009 10:23:28
Аман, бре Лидијо ,ако краделе затворете ги, а не само етикетирајтеги луѓето.

Најди! во Утрински
Политика
Сметките за „Љуботен“ ги расчистуваат сопругите
Втора жртва на новиот грип
СДСМ го поштеди Груевски пред средбата со Папандреу
Смртта на Павле одложило средба меѓу МПЦ и СПЦ
Оспорен Советот на Општина Тетово
Без дозвола нема прекопување улица