Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Без дозвола нема прекопување улица

Градот Скопје и општините ќе ги укинат годишните дозволи за вршење прекопи на улиците што ги добиваат фирмите, договори Координативното тело на градоначалници на скопските општини, на вчерашната редовна средба. Во иднина, Телеком, ЕВН, но и градските јавни претпријатија кои имаат подземна мрежа инсталации, за секој прекоп на улица или на друга јавна површина ќе треба да направат посебен проект и за тоа да добијат дозвола од Градот и од општините. Во договорите ќе бидат предвидени и посебни казнени клаузули за фирмите кои по ископувањето нема да ги вратат површините во првобитната состојба.

Градот, најави градоначалникот Коце Трајановски, ќе работи и на системот ГИС, со кој конечно ќе биде уредена подземната мрежа инсталации. Тој истакна дека со сите компании што имаат подземни водови, Градот има остварено првични контакти заради размена на документација, потребна за оформување на подземниот катастар.

Трајановски најави и демонополизација на концесионирањето со билбордите низ градот, од каде што локалната власт очекува многу поголеми приходи во иднина. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 373 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Сметките за „Љуботен“ ги расчистуваат сопругите
Втора жртва на новиот грип
СДСМ го поштеди Груевски пред средбата со Папандреу
СДСМ најави кривична за градоначалникот на Штип
Смртта на Павле одложило средба меѓу МПЦ и СПЦ
Оспорен Советот на Општина Тетово