Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Оспорен Советот на Општина Тетово

ТЕТОВО - Последната седница на Советот на Тетово на која не присуствуваа членови од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги разбранува општинските разграноци. ВМРО-ДПМНЕ од Тетово ја оспорува легитимноста на седницата. „Нашите советници нема да бидат дел на сценарија што не придонесуваат за развивање на демократскиот амбиент. Ќе работиме на утврдување на легалноста на седницата и на одлуките“, се вели во вчерашното соопштение.

Советничката група на оваа партија е револтирана поради одлуката да се одржи заседание. „Три часа пред почетокот, на сите наши советници им е јавено дека поради болест на претседателот на Советот, седницата се презакажува в понеделник. Затоа советниците се вратиле на своите професионални обврски. Малку подоцна биле повикани да дојдат на седница, бидејќи е обезбедено мнозинство“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, на советничката седница присуствуваа само 16 од 31 советник. Деветмина советници од ДПА, тројца од СДСМ, двајца од НД и по еден од НСДП и ВМРО-НП. Од 15 што не присуствуваа, 11 се од ДУИ, меѓу нив и претседателот Ирфан Емини и четворица од ВМРО-ДПМНЕ. Практично беше формирано ново мнозинство во Советот групирано околу ДПА. Со седницата претседаваше советничка од ДПА, а беа донесени решенија од суштинско значење за Општината. Меѓу нив и одлука за издвојување пет милиони денари од локалната каса за интервенции во депонијата „Русино“. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 292 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Сметките за „Љуботен“ ги расчистуваат сопругите
Втора жртва на новиот грип
СДСМ го поштеди Груевски пред средбата со Папандреу
СДСМ најави кривична за градоначалникот на Штип
Смртта на Павле одложило средба меѓу МПЦ и СПЦ
Без дозвола нема прекопување улица