СДСМ го поштеди Груевски пред средбата со Папандреу
СДСМ не сака да биде обвинет дека ги урива позициите на Македонија
Оливера Војновска
Во пресрет на денешната средба на македонскиот премиер Никола Груевски со грчкиот колега Јоргос Папандреу, најголемата опозициона партија СДСМ вчера го поштеди шефот на Владата од прашања за долгогодишниот спор за името. Иако имаа таква можност на седницата за пратенички прашања, сепак, социјалдемократите ја прескокнаа оваа чувствителна тема. Оттаму велат дека „не сакале Груевски повторно да ги обвини дека ги уриваат преговарачките позиции на Македонија“. Средбата ја спомнаа индиректно во контекст на нивната заинтересираност „дали премиерот во Преспа ќе ги претставува само своите браќа и сестри од ВМРО-ДПМНЕ или, пак, сите македонски граѓани“. Прозивката до Груевски пристигна од една од помалите опозициони партии.
Пратеникот од Нова алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, побара оставка од премиерот поради неговата „нерешителност и неподготвеност да носи крупни политички одлуки и конечно да го симне од дневен ред прашањето со името“. Груевски само кратко и отсечно му одговори „не“, иако од „екстензивно поставеното прашање не разбрал поради што треба да поднесе оставка“.
Во елаборирањето на прашањето Оровчанец го спомна контроверзното писмо до членството на ВМРО-ДПМНЕ и констатира дека во изминатите речиси четири години „Македонија е на лош пат на кој не се носат сериозни политички одлуки“. Пратеникот од Нова алтернатива смета дека за јавноста е голема непознатост „дали пред средбата во Преспа постои став за името и што ќе направи Груевски за да го спречи ветото што виси над Македонија“.
На почетокот на седницата пратеничката од СДСМ, Весна Бендевска, читајќи ја биографијата на премиерот објавена на веб-сајтот на Владата и на Интернет-страницата на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Груевски се претставува како „човек со силна верба во Бога, исклучително посветен на работата за доброто на граѓаните“. Но, Бендевска е во дилема „чија верба во Бога е поголема, на премиерот или на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ“. Обраќајќи му се на Груевски како на голем верник, таа му препорача да ја прочита Библијата за да се увери дека таму нема да најде термини ��д типот „конечно исчезнување и расчистување“, какви што има во неговото писмо што доби голема популарност. „Господине Груевски, кажете ни кои се тие луѓе што треба да исчезнат“, праша таа.
Премиерот препозна тенденција, како што рече, едно обично писмо што тој го упатува секоја година до членството на ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како милитантна закана. „Во писмото се мисли на губењето на политичката поддршка кај граѓаните на едни ретроградни сили, а не на нивно физичко исчезнување. Мислам на исчезнување од политичката сцена на ретроградните политичари што ги кочат реформите за лични интереси. Таа политичка гарнитура е одговорна за криминалната приватизација и ја уназади Македонија. Беа на власт, имаа прилика да направат нешто за државата, но работеа само за себе, а денеска повикуваат на бунт и радикализација. Нивното физичко постоење нам ни е корисно затоа што тоа е најдобар показател за разликата со оваа политичка гарнитура. Убеден сум оти граѓаните на наредните избори нема да си дозволат да ги вратат луѓето што 15 години беа на власт и не ги решија проблемите. Денеска, со цел да се вратат на власт, се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дури и на штета на државните и на националните интереси. Ако тие ја изгубат политичката поддршка од граѓаните, практично ќе исчезнат од политичката сцена“, појасни Груевски.
Бендевска му возврати на премиерот дека и тој е еден од транзициските политичари, штом транзицијата ја поистоветува со приватизацијата. „Учествувавте во приватизацијата на ОКТА, бевте главен креатор на приватизацијата на ’Телеком‘ и на проектот Национална платежна картичка. Господине Груевски, вие бевте министер за финансии за време на воениот конфликт во 2001 година по што станавте побогат за четири стана“, рече Бендевска.
Либералот Стојан Андов предупреди дека на државата и' се прави огромна штета со медиумскиот спектакл со објавувањето на снимки од наводните изјави на Љубе Бошкоски пред хашките истражители. Андов го праша министерот за правда Михајло Маневски што мисли да преземе против луѓето или институциите кои дозволиле на ваков начин да се валка угледот на Македонија. Маневски вчера го избегна одговорот и му најави на Андов дека ќе го добие по писмен пат.
Инаку, според новиот договор на координаторите на пратеничките групи со шефот на парламентот, пратениците што се пријавиле за поставување прашања, а не се во салата, нема да можат да поставуваат прашања во наредните три месеци. Според опозиционерите, на ваков начин ќе се избегне формалното пријавување на листата за поставување прашања, која се составува еден ден претходно.
so sigurnost moze da se tvrdi deka pemieot ne e pemieu na site ziteli na makedonija.Toj izgleda se zanesuva i ne zivee na zemjava tuku vo oblaci.Nisto cudno sto toj e takov koga i negoviot duhovnik Stojan alijas Stefan za Makedonsko sonce ima izjaveno deka site onie koi poinaku veruvaat od zvanicnata crkva se odnarodeni makedonci i ne mu pripagaat na ovoj narod.Petre od Avstralija vo Dnevnik ima izjaveno deka drugite koi ne veruvaat ( no ne kradat kako nego) se polosi od vampiri.Toa znaci deka sekoj moze so neistomislenicite da si pravi sto saka,da gi progonuva, da gi spaluva, da gi ubiva,istrebuva.neli, ovie dve izjavi se slicni.Toa ni fasizmot ne go pravel ili go pravel, koj znae.tie sto znaeja izumrea ili se stari senilni.Tie sto trba da znaat nikade gi nema, zasto vo svetot za vakva izjava debelo se plaka, akaj nas se aplaudira i se dobiva pozicija.Malo potsetuvanje:Ideologot na dpmne po ime Ratko ili Vanco, neli toj bil na stranat na Hitler i sakal da vospostavi kvislinska vlast .
Од: blaze m.
Датум: 27.11.2009 07:54:25
Olivera Olivera SDES e napravi ushte poodamna shtetata ni gospod da dojde ne ke moze da ni pomogne Otide kurban Makedonija ushte so Ohridski a koga dojdoa kompromisite na SDES sve otide vo nepovrat
Од: з-а-б-е-г-а-н.
Датум: 27.11.2009 08:04:28
побогат за 4 станови а одговор нема.Можеби ги добил на ЛОТО.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 09:40:09
Изгледа да не сум информиран да г-ѓа Бендевска прешла во друг политички табор или пак таа нее информирана за ставот за СДСМ.Ако мислат да критиките да не речам омаловажувањата не се во функција на поткопување на позициите на премиерот пред преговорите плус истурање на новодемократот со барање на оставка,кој сиромашкиот одработува помодрени идеи само да се додвори да биде во опција за пратеник на наредните избори,ептен ја омаловажувате интелигенцијата на нацијата,која веќе четири пати ве казни за вакво однесување.
Од: pravda
Датум: 27.11.2009 11:15:54
Do blaze m.: eee,dragi moj,pa nemoj da ne ubeduvas vo nesto sto dobro go znaeme a za sto progovori i ministerot za odbrana Paunovski vo vladata na VMRO_DPMNE,konfliktot vo 2001 god.go napravi tokmu tvojata partija da go sokrie kriminalot sto go napravi so Telekom,Okta i nacionalnata platezna karticka od koja tvojot segasen premier si kupi 4 stana,koga toa ne vi uspea se fativte za razmena na teritorija so sto sakavte RM da iscezne kako drzava,a toa i sega go pravite,inaku koga si tolku golem patriot kazi kade bese vo vreme na konfliktot,koga vasi clenovi letuvaa vo Grcija a nasite momcinja ginea na frontot pa sega gi raspnavte za da vi gi vratat parite vdovicite da pravite uste patriotski kampanji,alal da vi e,so vas site ke iscezneme a vie si imate bugarski pasosi kako i sto vi prilega na patriotizmot,prodadovte se i ukradovte se,ke se svesti ovoj narod ama docna