САД и Северна Кореја ќе го спасуваат нуклeарниот договор
СЕУЛ - Соединетите Американски Држави и Северна Кореја се пред постигнување договор за спас на нуклеарниот договор, беше објавено вчера, додека јужнокорејскиот министер за надворешни работи изјави дека наскоро би можеле да бидат обелоденети деталите за компромисот. Навестувања за овој важен чекор дојдоа кога Северна Кореја ги зголеми влоговите со очигледното ѕвечкање со оружје и им забрани на набљудувачите од ОН да влезат во фабриката каде што се произведува плутониум. (Ројтерс)
|