Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Бандити киднапираат луѓе поради имот


Во моментов во Москва 2.500 луѓе кои не се вратиле дома

Градското собрание на Москва расправаше за се' повеќе загрижувачката појава на исчезнување луѓе

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Дури околу 3.000 луѓе исчезнале во изминатата година во главниот град на Русија. Од нив околу 10 отсто никогаш не се пронајдени. На оваа се' повеќе загрижувачка појава и' беше посветено внимание на заседанието на Градското собрание на Москва. Не е проблем во парите со кои би се финансирале службите за барање на исчезнатите, туку во „хаосот“ и нивната неповрзаност. Разни градски служби кои би требале да учествуваат во барањето и откривањето на исчезнатите сега најчесто не ги информираат другите, туку само формало ги исполнуваат своите обврски. Во моментов во Москва се бараат 2.500 луѓе кои не се вратиле во своите домови.

Во Градското собрание на Москва се согласуваат дека меѓу полицијата, болниците и градските мртовечници нема координација. Поради тоа несреќните роднини на исчезнатите сами се занимаваат со барање, или ангажираат приватни агенции.

Повод за жестоката полемика во Градското собрание на Москва беше тоа што летово беше киднапиран и претепан еден граѓанин кого некој го префрлил до болница, но не ја информирал полицијата. Претепаниот дури имал и документи, но за сето тоа полицијата дозна дури по два дена. Заменичката на московскиот обвинител, Викторија Кропивенко, изјави дека, за жал, исчезнатите луѓе бавно се бараат, а често пати тоа се прави „про форма“. Се случува во еден административен округ да се пронајде непознато мртво тело, а во друг се заведува потерница која лежи таму.

Интересно е тоа што во текот на годината во Службата за барање исчезнати лица во Москва се пријавуваат 62.000 случаи. Од нив голем број се лажни. Ако киднапираното лице е изнесена од Москва, тогаш мали се шансите да биде пронајдено. Во Службата за барање не доаѓаат информации за лицата кои се уапсени. Поради недостигот на координација се губи драгоцено време за барање на исчезнатите.

Претставникот на Истражниот комитет при Државното обвинителство, Василиј Пустовалов, вели дека мнозинството од оние кои исчезнуваат или се киднапирани или се нападнати од криминалци, претепани, убиени или ранети. Во Москва исчезнуваат, главно, две категории луѓе: бизнисмени, кои бандитите ги киднапираат поради нивниот имот и дојденци кои од провинцијата пристигнале во главниот град на Русија. Се' поголем е бројот на оние кои се киднапираат за да им се одземе станот. Бандитите ги префрлаат нивните станови на свое име и подоцна ги продаваат, на тој начин заработувајќи големи суми пари. Покрај на бизнисмените, имотот им се одзема и на старите осамени пензиониери или алкохоличари. За исчезнувањето на тие лица никој не информира, туку само по одреден период во нивните станови ќе се појават нови луѓе.

Во руското обвинителство велат дека мора да се забранат таквите пренесувања на имотот, бидејќи не смее да се дозволи бандитите да доаѓаат до туѓ имот.

Колку оваа појава стана загрижувачка доказ е и тоа што наскоро Градското собрание повторно на дневен ред ќе го има прашањето како да се намали бројот на исчезнати лица.


Статијата е прочитана 591 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Марти Ахтисари доби Нобелова награда за мир
Сторијата за Лужичките Срби
Обама има предност од пет поени во однос на Мекејн
САД и Северна Кореја ќе го спасуваат нуклeарниот договор
Ослободени американските новинари
Повлекувањето на Русија од Грузијa не е „завршено и совршено“