Ослободени американските новинари
ДАМАСК - Двајцата американски новинари уапсени поради нелегално влегување во Сирија се предадени во американска надлежност, соопшти американскиот Стејт департмент. Холи Кмела (27) и Телјор Лак (23) сега се наоѓаат во американската амбасада во Дамаск и се наведува дека се во „добра форма“. Двојката била уапсена откако се обидела да ја мине границата од страна на Либија помогнати од шверцери, изјавија сириски официјални лица. Тие беа пријавени за исчезнати откако минатиот викенд не се вратиле во Јордан од одморот во Либан. (Би-Би-Си) |