|
|
|
|
|
|
Бугарија крена раце од пријателството со Македонија
Николај Младенов изјави дека нема поента да го потпишува договорот откако ги видел барањата од Скопје
Слободанка Јовановска
Бугарија крева раце од договорот за пријателство со Македонија, што се обиде да го протурка во Европската унија и да го направи услов за добивање датум за преговори со нашата земја. Според изјавата на шефот на бугарската дипломатија, Николај Младенов, додека не се усогласат некои прашања меѓу Македонија и Бугарија, не гледа поента воопшто да стави потпис на документот. Софија сакаше да ја искористи препораката за преговори меѓу ЕУ и Македонија за да ќари нешто околу прашањата што неа ја засегаат, но со нашата Влада, на која не и' се брза со евроинтеграцијата, бугарските притисоци изгубија смисла.
„Разменивме нацрти на договорот и тие ни возвратија со предлози. Прилично се колебам да одам натаму и да го потпишам договорот пред да се усогласиме околу одреден број прашања што се во јавниот домен. Мислам дека ќе биде непродуктивно да потпишам нешто на хартија што по два дена ќе биде нападнато, бидејќи нема да смени ништо. Преферирам да најдеме начин да го намалиме нивото на анксиозност и нервоза на двете страни, како што се изјавите во медиумите и нештата што, генерално, не се во тон со добрососедските односи“, изјавил Младенов за софиско Ехо. Според него, односите меѓу Бугарија и Македонија не биле менаџирани добро изминатите години и од двете стани.
Договорот за пријателство и соработка го иницираше Бугарија и неговото потпишување го врза со посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Македонија. Освен една ургентна посета на премиерот Никола Груевски на Софија, односите меѓу македонската и бугарската влада речиси се замрзнати. Софија бараше со договорот да се регулира говорот на омраза во Македонија, да се најде решение за бугарските споменици и воени гробишта, да се утврди заедничко славење на историски настани, да се формира комисија за толкување на заедничката историја и други нешта, надвор од оние што беа спорни за нашата Влада.
Иако одговорот на нашето Министерство за надворешни работи јавно никогаш не беше презентиран, неофицијално се коментираше дека со толкуте споменици што ги бара Софија Македонија ќе се претвори во гробишта, дотолку повеќе што некои од војниците што се слават како бугарски така не се третираат во Македонија.
Навестено беше дека за повеќето од прашањата Македонија ќе бара реципроцитет и оти ќе инсистира во договорот да се најдат и правата на малцинствата. И пред да ги испратат одговорите во Софија, јасно беше дека тие нема да и' се допаднат на бугарската влада, но во тоа време постоеше илузија дека Македонија ќе се бори за препораката и ќе бара решение со Грција за спорот околу името, па ќе сака да ја тргне и оваа пречка од европерспективата.
Сега кога е јасно дека Македонија се оддалечува од преговорите со ЕУ место да се доближува, процената на Софија, веројатно, е дека е подобро и договорот да остане за други времиња.
Наспроти ваквиот став кон Македонија, Младенов преку Ехо порача дека колку и да е успешна Бугарија, тој успех ќе биде мултиплициран ако го следат и земјите од соседството што се' уште не се во Европската унија, па се заложи сите земји-членки од Балканот да направат силен случај од приемот на балканските земји во ЕУ. Во спротивно, постои ризик овие земји, следејќи ја кризата со еврото, да се поколебаат од потребата за прием во ЕУ.
„Постои ризик, исто така, од зголемување на силите и политичарите на Балканот што почнуваат да играат загрижувачка игра, односно дека некои од нив, ако не и сите, имаат друга алтернатива, различен пат од тој во Унијата“, изјавил Младенов заклучувајќи дека таквиот став ќе му нанесе долгорочна штета на регионот. |
#
|
Статијата е прочитана 3147 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: srebre |
Датум: 14.12.2010 12:21:21 |
|
vo sekogo fledame volk jasno site ce krenat race od nas. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 14.12.2010 12:22:36 |
|
Dobro, sto uspea da resi ovoj Gruevski do sega? NISTO. So nitu eden sosed, so nitu edna zemja, se krie od nastapi, ne dava odgovor na graganji.... Samo kako pocna so ova aferite, ne ve potsetuva na Hrvatska minatata godina. Kaj i da e na nas ke ni se desi Sanader. Sakal ili ne politicarite ke go jadat stapo site do eden eden den, od toa beganje NEMA! |
|
|
|
|
|
|
Од: Христо |
Датум: 14.12.2010 12:31:43 |
|
Доктор Христо Татарчев, основачот на ВМРО пишува во спомените си:
"Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи...Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој ста |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonija place |
Датум: 14.12.2010 12:47:09 |
|
Koja e taa politika da komsiite imaat vakvi mislenja za nas .ke recete ne mrazat ili se dogovaraat ili sto i da se kaze . Nemame sposobni politicari vo ovaa si MALECKA zemja koj a dojde vo situacija da bara prijateli vo Afrika Amerika sekadne ama ne so svoite komsii.Moze li da se prefrli i Makedonija kako teritorija tamu vo Afrika ili na koe mesto rekovte...Alexander M ke ne brani ili ke ni najde rabota ili ke ja namali siromastijata ili ke im naredite na site da se poklonat koga vie pominuvate kako maliot i obicen MAKEDONEC ke go progolta seto ova sega pa i toa sto ke ne snajde????????? |
|
|
|
|
|
|
Од: Milan |
Датум: 14.12.2010 12:53:22 |
|
Izgleda svatija deka Makedoncite ne se Bugari, i deka vo Makedonija nemozat da se ponasaat kako doma,pa normalno e da "dignat race".Najdobro e i taka da ostanat, da ne cepkaat mnogu, a za sorabotka kako dve ravnopravni drzavi Makedonija e sekogas spremna da sorabotuva so sekogo. Zarem ne svatija od istorijata deka od ovde do sega dva pati bile izbrkani. |
|
|
|
|
|
|
Од: zevzekman |
Датум: 14.12.2010 12:58:34 |
|
ma koj ve vrti i Bugarija i Grcija, pa i EU... podobro da vlezeme vo konfederacija so Turcija otkolku da popustame na site okolu... pa i Srbija go tupi so spomenicite a za Prohor Pcinjski sto go zemaa vo 1950 ne im se slusha, a nie spomenik na osvojuvanjeto na Kumanovo (1912) im dignavme.. |
|
|
|
|
|
|
Од: ilija |
Датум: 14.12.2010 13:04:39 |
|
za bugarite se samo grcija i srbija dobri sosedi a nije smein trn vo okoto. |
|
|
|
|
|
|
Од: gimi |
Датум: 14.12.2010 13:24:47 |
|
Е сега не ми е јасно дали оваа влада е пробугарски настроена,како што многу пати напишавте или антибугарски како што денеска пишува? Можеби ги брани Македонските интереси? * Македонија ќе бара реципроцитет и оти ќе инсистира во договорот да се најдат и правата на малцинствата* |
|
|
|
|
|
|
Од: ilija |
Датум: 14.12.2010 13:34:16 |
|
do koga makedonskite vlasti ke gi maltretiraat makedonskite bugari i ke im gi odzimaat osnovnite covekovi prava vo makedonia kako e mozno za albancite turcite srbite vlasite romite i bosnjacite da se zagaranirani site prava a za makedonskite bugari da nema nisto ete zatoa bugarija bori za pravata na bugarite vo makedonia i da ne dozvoliva bjrm da vleze vo nato i eu dodeka ne im gi dade pravat na bugarite vo makedonija |
|
|
|
|
|
|
Од: За Гимчо |
Датум: 14.12.2010 13:54:15 |
|
Оваа влада не е ни пробугарска,ни просрпска ,ни антибугарска,ни антисрпска итн, туку е АНТИМАКЕДОНСКА! |
|
|
|
|
|
|
Од: Мирче |
Датум: 14.12.2010 14:02:12 |
|
Па јас не знам што сакаме ние Бугарите да ни признаат. Сакаме да ни признаат дека ние сме Хунзи и дека сме директни потомци на Аце Велики?! Па не се будали Бугарите да одат по нашиот памет, па после светот и ним да им се смее како на нас. |
|
|
|
|
|
|
Од: borce |
Датум: 14.12.2010 14:24:13 |
|
Makedonija treba da se osvesti i povece da ne dozvoluva da se gradat tugi spomeni na makedonska zemja na onie koj ja gazaele i chto e porobuvale. |
|
|
|
|
|
|
Од: Realen |
Датум: 14.12.2010 14:51:31 |
|
Prvom da se izgorat nashte uchebnici po istorija za 6-ti klas i posle da se raboti po odnosite so sosednite drzavi. Ne golema, tuku ogromna promena vo glavite ni e potrebna. |
|
|
|
|
|
|
Од: Свилени Ракавици |
Датум: 14.12.2010 16:02:43 |
|
Пред неколку месеци Софија испрати ултиматум со некој бизарни и екстремни барања до Скопје. После ретерираа и рекоа дека не е тоа ултимаул со кој се бараат некој екстремистички барање туку само предлог за договор за добрососедски односи. После некој период имаше забелешки и контрапредлози од Скопје. Сега Софија излегува со став неможе ништо да се потпише.
Инаку изразот `добрососедски односи` во праска е прифаќање на на најекстремиситчките и шовинистички барање на Софија. Така да `добрососедски односи` во Софиската Смисла на изразот меѓу Македонија и Бугарија се НЕВОЗМОЖНИ. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola,Vlav vo Germanija |
Датум: 14.12.2010 18:47:56 |
|
Poznato e deka od segasnava vlada ne sum ni najmalku vooduseven,no na nadvoresen plan, barem spored moja licna procenka,taa od vreme na vreme dobro gi zastapuva MKskite nacionalni interesi.Toa podrazbira i sredbi so lugje kako Gadafi (Libija) ili Mugabe (Simbabve),bidejki koga tie se od korist za zapadnite sili,togas zapadnacite ne birat moment ili mesto da se sretnat so spomenatite gospoda.Francija na Gadafi mu dozvoli da go raspostrani satorot vo nacionalniot park vo Pariz,samo da go "ulovi" za zdelki,pred se vo voena oprema,istoto kako sto napravi so GR.Ama toa e Politika i sto porano ke sfatite deka e taka,tolku podobro ke uvidete sto treba da se napravi vo sporot okolu imeto.A slucajot so BG e poeke od jasen:BGcite mislea da se kacat na Grckiot paravan i da ja pritiskaat MK uste tolku vo kjose,no Gruijca (ne?-)svesno im ja pomati smetkata.EU i NATO ne i begaat na MK-koga tie organizacii ke gi premostat segasnite vnatresni nesoglasuvanja,togas ke ja primat i MK-sakala GR ili ne!;-) |
|
|
|
|
|
|
Од: xxxxx |
Датум: 14.12.2010 20:36:42 |
|
Osnovno covekovo pravo e da se oseka kako saka sto ima vrska dali sme bile bliski so Srbi, Bugari koga vo momentot sakame da bideme Makedonci.Kade e demokratijata vo taa Evropska Unija. |
|
|
|
|
|
|
Од: andre |
Датум: 14.12.2010 21:46:22 |
|
site vo cor samo nasiot pastir vo pravo,vo izolacija nw drzi kako vo logor,ako se mugari vilci zosto od 2011g ce podnesat baranje za stapuvanje vo evrozona....a nie sme tolku dignsti nesakame ni prijatelstvo.... pa nikolce germanija ako epol na grujo vo red zosto ne dojdes vo maked?vo ger ima penzija za site,besplatno zdravsvto,obrazovanie,domvi za hendikepirani i iznemosteni stari,kade vo ger isklucuvat parno na bolnici,skoli.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка до Некој |
Датум: 14.12.2010 21:50:15 |
|
Се добро кажуваш, но не разбирам зошто го обвинуваш Грујо што се крие од јавни настапи. Та тој и да не се крие, ние треба да го скриеме. Гледаш што прави, а уста отвори. Онаа кутра новинарка од Б92 уште сонува кошмари, мисли Слобо и тропа на врата. |
|
|
|
|
|
|
Од: do Mirce |
Датум: 14.12.2010 22:04:03 |
|
Sakame tie da priznaat deka sme poseben narod,so poseben koren i posebna istorija. |
|
|
|
|
|
|
Од: misla |
Датум: 14.12.2010 22:39:21 |
|
kakvo prijatelstvo ocekuvas od nekogo koj ne te priznava za ziv, ne te priznava deka postois?
Dozta lazna frazeologija za toa koj ni se prijateli i braka, neka se kaze javno deka Bugarija celo vreme samo glumese prijatelstvo i nisto drug. A toa sto prva ja prizna nezavisnosta na Makedonija bese napraveno od dve pricini: 1. Zaradi omraz kon Srbija koja trae poveke od 200 godini i 2. zaradi ispraniot mozok na Bugarskite politicari od vremeto na komunizmot za "Goleminata na BG nacija". Sega koga sve im padna vo voda i koga vidoa deka nema nisto od toa si go pokazuvaat vistinskoto lice - licemerie.. |
|
|
|
|
|
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Си велам | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
| Женски муабети
| |
| Лабина Митевска, актерка и директорка на „Манаки“ |
|
|
|
|