Број 3459  петок, 17 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Коj тоа таму пее

Горан Адамовски

Триесет години стариот филм на Слободан Шијан, „Кој тоа таму пее“, деновиве им се пушта на риплеј на вработените во институциите во државава. Вработените немаат задача да ги научат напамет репликите на Славко Штимац и на Павле Вуисиќ, туку само да се сконцентрираат на насловот, потоа да се одважат и да кажат кој ги протуркува низ врата информациите и документите што се класифицирани како тајни.

Веруваме дека станува збор за индивидуален чин, кој е казнив по Закон, а не дека институциите, водени од сопствен порив, самите ги пласираат на оние што им требаат.

Сепак, работите воопшто не се толку едноставни. Македонија нема базичен центар каде што се складираат доверливите и лични податоци, како што е, на пример, случајот во САД. Таму, вешт компјутерџија може да го хакне системот и да ги добие податоците. Кај нас, пак, како што вели еден универзитетски професор за да се провалат класифицираните податоци, потребно е да се скрши вратата од просторијата каде што се чуваат.

Сомневањето упатува дека одредени кругови на моќ, точно знаат кому и со каква цел да му протурат информација. Точно се знае кој може најдобро да ја одигра улогата и да ја информира јавноста. Како што вели еден комуниколог, „за секоја информација што побудува јавен интерес, ќе се најде некој и ќе се најде начин да ја проследи во јавноста“.

Не дека ова што сега се случува во Македонија е нешто невидено во светот. „Викиликс“ е мода што се следи низ сите нормални и чудни земји. Од памтивек е познато дека тие што ги имаат доверливите информациите и оние што со душа чекаат да ги видат, ако пронајдат заеднички интерес - лесно ќе се договорат. Но, разликата меѓу „Викиликс“ и „УЈП ликс“ е многу поголема од првите три-четири букви. Првите многу транспарентно и без криење ги издаваат тајните на американската дипломатија, додека кај нас се' се прави под маса. Типично македонски, муабетот ќе се пушти, после сите се чудат од каде излегол и се колнат дека никогаш не збореле за тоа.

А мора ли баш така? Ако некој зема пари на рака, односно ако неговиот газда ја изигрува државата, така што на своите вработени не им плаќа придонеси на платата што им ја дава, тогаш тоа не треба да се крие, туку надлежните треба да си преземат соодветни санкции. Секако, кој колкава плата зема, сосе матичниот број, апсолутно не смее да биде предмет на интерес и не смее да се пласира на јавноста, но евентуалните малверзации на одредени бизнисмени - не е вест што треба да се крие. Напротив, сите случаи каде што е аргументиран било каков вид криминал, е работа што не' тангира сите. Нели се стремиме да изградиме општество во кое пред Законот сите ќе бидеме еднакви?

Вака, кога на мала врата се протуруваат лични документи, прво што се помислува е дали се вистински? Ако се, тогаш се поставува прашањето зошто се објавени кришум? Сомнежите продолжуваат дали на тој начин им се испраќа порака на грешниците, дали се фаќа подобра положба при евентуални следни дилови...

П��знавајќи го нашиот менталитет, сомневањата за заговор можат да продолжат бесконечно дури и при најискрените намери. Затоа, малку повеќе транспарентност нема да биде на одмет. Туку, ќе се дознае ли кој тоа таму пее?


#
Статијата е прочитана 1144 пати.

Испрати коментар

Од: AEDENZIVIVEFATI
Датум: 17.12.2010 13:06:53
Аман веќе објаснете како може 750,000 еур да се стават во шише , ???
Од: Одговор
Датум: 17.12.2010 14:54:56
Лесно,може во шише од литар и пол,двапати по толку!
Од: Moze i toa kako
Датум: 17.12.2010 19:59:15
Dajte mi samo dovolno krupni banktoti voi evra i edno sise od 2 litri i jas vo nego ce stavam 2 miliona evra. Ako ne veruvas da se kladime. Ama koj ce ni dade takvi krupni banknoti?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (7)
Парите од ММФ -осигурување од пожар
Докторката Јаневска се врати како прв попишувач
Хаос во Скопје, снегот пак не' изненади
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Македонија со своја убавица на „Кралица на светот“
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
Заводливата привлечност на Карло Молино
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Имаме ли претседател
Последното шоу на Лари Кинг
Визите ги нема, животот не ни се смени
Рампа за големото уво
Ан-естетика
Реприза на ланското финале во Лигата на шампионите
Бракот не значи ништо, а љубовта е се'
Пријателот-монструм на Тони Блер
Албанците навалија без визи во Европа
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links